• четврток, 25 јули 2024

Милан ќе гради нов стадион со капацитет од 70.000 седишта

Милан ќе гради нов стадион со капацитет од 70.000 седишта

 

Милано, 1 март 2024 (МИА) – Сопствениците на седумкратниот европски првак Милан најавија изградба на нов стадион со цел „Росонерите“ да можат рамноправно да се натпреваруваат со елитните клубови на континентот.

Говорејќи на лондонскиот „Financial Times Business of Football Summit“, извршниот директор на Милан, Гери Кардинале, најави дека клубот ќе добие „нов дом со 70.000 седишта“.

„Тоа би требало да биде добро не само за Милан, тоа би требало да биде добро за Италија и за Серија А“, рече Кардинале.

Милан и градскиот ривал Интер веќе подолго време размислуваат за преселба од култниот стадион „Сан Сиро“, кој е во сопственост на локалните власти, и изградба на сопствени одвоени стадиони на периферијата на Милано. ег ФОТО: Икс

Остани поврзан