• недела, 12 мај 2024

Милан посилен за тројца рехабилитирани против ПСЖ

Милан посилен за тројца рехабилитирани против ПСЖ

Милано, 6 ноември 2023 (МИА) – Во дуелот од четвртото коло во групата Ф против ПСЖ во Лигата на шампиони, Милан ќе биде посилен за тројца фудбалери од најсилниот состав кои се рехабилитираа по повредите.

Клубот под Милано денеска најави враќање во тимот на Тео Ернандез, Кристијан Пулишиќ и Самуел Чуквуезе, кои поради повреди го пропуштија натпреварот против Удинезе во саботата.

Милан е во резултатска криза и викендот загуби во италијанското првенство, а на последните четири натпревари, комбинирано во Серија А и Лигата на шампиони, претрпе три порази и одиграно едно реми.

Утрешниот дуел против ПСЖ, воедно, е последната шанса за Милан да ја продолжи битката за првите две места во групата Ф. На табелата води ПСЖ со шест бодови, пред Борусија Дортмунд и Њукасл со по четири, а Милан е последен со два бода. ег/паг/

Фото: Фејсбук

Остани поврзан