Милан добил согласност од Вокер за трансфер
- Одбранбениот фудбалер на Манчестер сити, Кајл Вокер, му дал прелиминарна согласност на Милан за трансфер, објави новинарот Фабрицио Романо.

Милано, 18 јануари 2025 (МИА) – Одбранбениот фудбалер на Манчестер сити, Кајл Вокер, му дал прелиминарна согласност на Милан за трансфер, објави новинарот Фабрицио Романо.
Закажани се повеќе состаноци во следните 24-48 часа за финализирање на зделката од страна на италијанскиот клуб и започнување на официјалните процедури.
Триесет и четиригодишниот дефанзивец игра за Манчестер сити од 2017 година. Неговиот договор со клубот е до летото 2026 година.
Вокер оваа сезона одигра 18 натпревари во сите натпреварувања, каде што нема постигнато гол. зс/
Фото: ЕПА