• сабота, 27 јули 2024

Мигрантското прашање една од темите на состанокот на Советот за национална безбедност на грчката Влада

Мигрантското прашање една од темите на состанокот на Советот за национална безбедност на грчката Влада

Атина, 26 септември 2023 (МИА) – Спроведувањето на програмите за воена опрема и прашањата поврзани со управувањето со бегалско- мигрантската состојба, биле главните теми на денешниот состанок на Владиниот совет за национална безбедност на Грција, соопшти портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис, јави дописничката на МИА од Атина. 

Станува збор за редовен состанок што го свикува грчкиот премиер Киријакос Мицотакис и се одржува во Премиерската палата. ср/

Остани поврзан