29 април 2025
Скопје - Во Собранието почна расправата по интерпелацијата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски поднесена од пратеничката група „Левица“ поради тоа што, според оваа партија, министерот Тошковски несоодветно ја извршувал функцијата, постапувајќи нестручно, непрофесионално, несовесно и неодговорно поради што имало низа противзаконски дејствија, скандали и кадрови поместувања во МВР.
Интерпелацијата ја образложи пратеникот од редовите на „Левица“, Сашко Јанчев кој кажа дека интерпелацијата е базирана на десет основи, од кои пет се директно поврзани со трагичната несреќа во Кочани во која животот го загубија 62 лица, а близу 200 беа повредени.
Скопје - Собранието на Република Северна Македонија денеска во рамки на 46. седница не ја прифати потребата од носење на Предлог-законот за денови на жалост, по скратена постапка. За ова законско решение поднесено од „Левица“ да оди по скратена постапка гласаа 19 пратеници.
Пратеникот Амар Мециновиќ од Левица, образложувајќи го предлогот, истакна дека „тагата не смее да биде дел од политички наратив“ и дека со законот се бараат јасни и унифицирани критериуми за прогласување денови на жалост, кои не би зависеле исклучиво од одлуката на Владата.
Скопје - Министерот за јавна администрација Горан Минчев денеска имаше средба со претставници на СИГМА, заедничка иницијатива на ОЕЦД и Европската унија, која обезбедува стручна поддршка за реформите во јавната администрација во земјите од Западен Балкан и пошироко.
На средбата се разговараше за тековните и идните активности во областа на јавната администрација, со посебен фокус на модернизацијата и професионализацијата на административните служби, соопшто Министерството за јавна администрација (МЈА)
Скопје - Заменик министерот за внатрешни работи Астрит Исени остварил работна средба со амбасадорот на Република Бугарија во земјава, Жељаско Радуков, соопштија денеска од МВР.На средбата биле потврдени заложбите за одржување и унапредување на односите меѓу двете соседни земји, а особено била потврдена одличната соработка меѓу Министерствата за внатрешни работи, во кои, како што заеднички било констатирано, работат врвни професионалци.
Скопје – Министерството за економија и труд прво ќе ги согледа конечните резултати што ги даде мерката за ограничени цени и маржи, а потоа ќе одлучи што ќе правиме понатаму, најави денеска заменик министерот за економија и труд Марјан Ристески.
- Од она што го имаме досега од Државниот завод за статистика резултатите се добри, но ги чекаме крајните резултати кои ќе бидат готови наредната недела. Ако има потреба би продолжиле со мерката, а ако нема тогаш останува пазарната економија да ги регулира цените, изјави Ристески во одговор на новинарско прашање пред почетокот на експертскиот форум во рамки на проектот „Јакнење на правата на потрошувачите во финансиските услуги“, организиран од Организацијата на потрошувачите на Македонија (ОПМ).
Атина – Шпанско – португалскиот искуство со прекините на електричната енергија треба да се истражи, да се преземат мерки и чекори за да се избегне такво сценарио и кај нас, велат во разговор со дописничката на МИА од Атина, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска и претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) Марко Бислимоски во однос на блек-аутот на Пиринејскиот полуостров.
Конкретното прашање, како актуелна тема, непланирано е во фокусот на деветтиот Балкански енергетски форум што се одржува во Атина, а министерката и првиот човек на РКЕ пренесуваат свое видување за причините, последиците, но и превентивните мерки што би требало да се преземат.
Скопје - Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска денес присуствуваше на настанот на кој се презентираа постигнатите резултати и официјално се изврши предавање на проектна опрема на општина Ѓорче Петров во рамки на прекуграничниот проект „Паметен систем за рано откривање на поплави и следење на отпадот во сливот на реката Лепенец“.
Скопје - Работиме на афирмација на нашите национални позиции поврзани примарно со европската интеграција. Потребата од забрзана интеграција на Западниот Балкан во ЕУ е императив како за регионот така и за ЕУ. Нашите македонски национални интереси ќе бидат заштитени нашите позиции ќе бидат претставени и секако ќе бидеме рамноправен дел во собирот на најмоќното политичко семејство во Европа.
Ова го изјави потпретседателот на ВМРО - ДПМНЕ, Тимчо Муцунски, кој е дел од партиската делегација предводена од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на дводневниот Конгрес на Европската народна партија (ЕПП), што се одржува во Валенсија, Шпанија.
Скопје - Засега имаме сигурна одлука дека одиме со посебни советнички листи и тоа е одлука на партијата. Од тоа нема враќање назад. За се друго, сме подготвени и отворени да разговараме со сите во однос на локалните избори, изјави денеска министерот за здравство Арбен Таравари, кој е и лидер на едното крило на Алијанса за Албанците.
Одговарајќи на новинарски прашања, Таравари рече дека има редовна комуникација со премиерот и дека откако тој ќе се врати од службеното патување, ќе разговараат.
Скопје - Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO) го отвори четвртиот повик од Младинскиот културен фонд за Западен Балкан, наменет за млади културни практичари и граѓански организации кои делуваат во областа на културата.
Повикот нуди грантови до 3.000 евра за индивидуалци и до 6.000 евра за организации, со цел поддршка на културниот активизам и промовирање на креативни решенија за општествените и политичките предизвици во регионот.
Скопје - Организацијата на потрошувачите на Македонија (ОПМ) предлага да се направи алатка за компаративна споредба на цените на производите што како обврска, согласно измените на Законот за заштита на потрошувачи, трговците се должни да ги објавуваат на своите веб-страници. Од Министерството за економија и труд, пак, велат дека е потребно да помине еден месец од имплементацијата на обврската за да се согледаат резултатите, но не ја исклучуваат можноста да има општа веб-страница на која граѓаните ќе може да ги проверуваат цените на производите.
Белград - Голем народен собир ќе се одржи во Ниш од 16 до 18 мај, објавија белградски медиуми.
На собирот ќе се обрати претседателот на Србија, Александар Вучиќ, а ќе присуствуваат и гости од странство. Датумите ги потврди самиот Вучиќ, кој рече дека потоа ќе им се обрати на „мнозинството граѓани, пристојни луѓе“. „Очекувам дека ќе имаме пријатели од странство, кои ни се идеолошки блиски, и кои ќе се приклучат на тој собир“, рече тој. Потоа ќе продолжиме за Крагуевац, Нови Сад, сите места каде што насилниците и бандитите ни забранија да дојдеме“.
Рим - Италијанската премиерка Џорџа Мелони во интервју за весникот „Кориере дела сера“ изјави дека е неопходно повторно зближување меѓу САД и ЕУ, бидејќи во меѓувреме се појавиле нови сили кои се обидуваат да доминираат со меѓународната рамнотежа. Таа порача дека Европа треба значајно да придонесе за сопствената безбедност и дека Западот не треба да се сфаќа само како збир на интереси, туку како цивилизациска целина.
- Мислам дека целта на Италија е да ги приближи двата брега на Атлантикот колку што е можно повеќе, за да се зацврсти Западот. Кога велам Запад, мислам на вредности, не само на географија, рече Мелони.
Белград - Известителот на Европскиот парламент за Србија, Тонино Пицула идната недела во форма на предлог за резолуција ќе им достави извештај на европратениците на сесија во Стразбур.
Според ТВ Н1, за 6 мај е планирана дебата, а еден ден подоцна гласање за финализираниот текст.
Извештајот на Тонино Пицула за Србија за 2023 и 2024 година претходно беше усвоен од страна на Комитетот за надворешна политика на Европскиот парламент, со 55 гласа „за“, 13 „против“ и 8 „воздржани“.
Сараево - Министерот за одбрана на Босна и Херцеговина, Зукан Хелез, го повика Претседателството на Босна и Херцеговина да ја започне постапката за разрешување на амбасадорот на Босна и Херцеговина во Србија, по, како што изјави, „скандалозни“ и „навредливи“ изјави против Босна и Херцеговина.
Амбасадорот Александар Врањеш предизвика контроверзии со изјавата за српската агенција Танјуг дека е „српски амбасадор“ и дека не поднесува извештаи до Министерството за надворешни работи на Босна и Херцеговина.
Тирана – Џиро д’Италија, еден од најважните настани во светскиот велосипедизам, за првпат во историјата годинава ќе започне од Албанија, при што од 9 до 11 мај, Драч, Тирана и Валона ќе бидат градовите што ќе бидат домаќини на професионални велосипедисти, со што Албанија ќе стане дел од овој голем спортски спектакл, објави албанскиот премиер Еди Рама.
Според него, трката ќе понуди извонредна можност за промоција на природните убавини на земјата, ставајќи ја Албанија во глобалното внимание и поврзувајќи ја со возбудата и брзината на една од најголемите трки во велосипедизмот.
Брисел - Во рамки на напорите за зајакнување на подготвеноста на ЕУ за потенцијална пандемија на грип, Европската комисија и понуди можност на 17 земји членки да купат 27.403.200 дози вакцини против грип.
Ваквата понуда е овозможена со договорот склучен меѓу Управата на ЕУ за подготвеност и одговор на вонредни состојби во здравството и фармацевтската компанија „Секвирус“ за набавка на вакцини „Фоклива“, доколку Светската здравствена организација (СЗО) или Европската Унија официјално прогласат пандемија на грип.
Москва - Кремљ денеска соопшти дека Украина сè уште не одговорила на повеќекратните предлози од рускиот претседател Владимир Путин за директни мировни преговори, ниту за најавеното тридневно примирје во мај. Според портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, Русија е подготвена за разговори без никакви предуслови.
- Претседателот Путин многупати кажа дека Русија е подготвена за преговори без никакви предуслови. Но, досега не сме добиле никаков одговор од режимот во Киев, рече Песков.
Талахаси - Американската технолошка компанија „Амазон“ ја лансираше својата прва серија интернет-сателити во Вселената, со што почна со своите напори за изградба на мрежа - конкурентска на „Старлинк“ на Илон Маск и „Спејс-Икс“. Новите сателити се дел од проектот „Кајпер“, а целта на „Амазон“ е да се распоредат околу 3.200 сателити следните неколку години, заради интернет-покриеност насекаде ширум светот, објави ДПА.
Ракетата „Атлас V“ понесе 27 сателити во Земјината Орбита, полетувајќи од Кејп Канаверал, Флорида, САД. Летот следеше по одложувањето претходно овој месец, поради лошите временски услови.
Вашингтон - Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека истражува дали Универзитетот Харвард и „Харвард Ло Ривју“, студентскиот весник на Правниот факултет на Харвард, ги прекршиле законите за граѓански права кога уредниците на списанието го забрзале објавувањето на статија напишана од член на расно малцинство.
Веста за новата истрага дојде неколку часа откако федерален судија се согласи да ја забрза тужбата од страна на Универзитетот Харвард со која се бара да се блокира одлуката на администрацијата на Трамп за замрзнување на 2,3 милијарди долари федерални пари, што се заканува да го попречи спроведувањето на клучни медицински и научни истражувања.
Атина – Директорот на НОМАГАС Мухамед Елмази и извршната директорка на грчката ДЕСФА Мариа Рита Гали на маргините на деветтиот Балкански Еенерергетски Самит во Атина, претпладнево потпишаа меморандум за соработка и зајакнување на нивното партнерство, јави дописничката на МИА од Атина.
Москва - На 80-годишнината од победата во Втората светска војна, која ќе биде одбележана на 9 мај во Москва, се очекува да присуствуваат лидери од 19 земји, додека двајца други лидери добија покани, но сè уште не го потврдија своето присуство.
Меѓу потврдените гости се српскиот претседател Александар Вучиќ, претседателот на Република Српска Милорад Додик, кинескиот претседател Си Џинпинг, словачкиот претседател Роберт Фицо, белорускиот претседател Александар Лукашенко, венецуелскиот претседател Николас Мадуро, бразилскиот претседател Луиз Игнасио Лула да Силва и други.
Лос Анџелес - Во „Долби театарот“ во Лос Анџелес во саботата, американскиот режисер Френсис Форд Копола беше почестен со овогодишната Награда за животно дело на Американскиот филмски институт (АФИ). Имено, тој го прими одличјето од група филмски ѕвезди - повеќето негови пријатели и соработници.
Морган Фримен, Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Роберт де Ниро, Ал Пачино, Адам Драјвер, Харисон Форд, Дастин Хофман, Рон Хауард, Дајан Лејн, Спајк Ли, Ралф Макио, синот Роман и внука му Џија - сите учествуваа на настанот на АФИ, којшто ја слави својата 50-годишнина. Фримен го отвори настанот, шегувајќи се дека „иако никогаш, ама баш никогаш не бил во филм напишан, режиран или продуциран од Френсис Форд Копола“, тој бил длабоко трогнат од неговите филмови.