• сабота, 21 декември 2024
МИА Флеш

  9 октомври 2024

 

Скопје – Уставниот суд денеска на седница донесе одлука за укинување на „балансерот“ - алатката за вработување според национална припадност во државните институции. Одлуката нема да важи ретроактивно. 

Повеќе за одлуката, како што е највено, ќе информира претседателот на Уставен суд Дарко Костадиновски, на прес-конференција по денешната 27. Седница. 

Скопје - Државната комисија за спречување на корупција на денешната онлајн седница соопшти дека по увидот во  целокупната документација доставена од Владата на Република Северна Македонија во врска со патувањето на синот на премиерот Христијан Мицкоски на НАТО Самитот во Вашингтон, САД, утврдиле дека наводите објавени во јавност не се потврдуваат и нема елементи за натамошно постапување по оформениот предмет од причина што ДКСК по извршената проверка не утврдила прекршување на одредбите од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, односно не утврдила користење на буџетски средства за приватни цели.

Скопје – Ситуацијата на Блискиот Исток и во Украина е многу загрижувачка и ќе има рефлексија не само кај нас, туку во цела Европа. Затоа е неопходно по дипломатски начин да се започне дијалог и да се постигне мир, истакна денеска министерот за одбрана Владо Мисајловски. Тоа е на глобално ниво, а најбитно за нас, како што кажа, е безбедносната ситуација во државата да биде стабилна и да ги имаме сите неопходни информации.

Скопје - Сите надоместоци за сите вработени согласно Колективниот договор за првпат целосно се исплаќаат зашто многу средства од Министерството за одбрана се одлеале по основ на судски трошоци токму за таа намена, но најголем проблем е што тие средства за судски трошоци не биле исплаќани, оцени денеска министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Како што посочи, затекнал сериозна финансиска состојба во Министерството за одбрана заради тужби во вредност од преку 17,6 милиони евра од 2021 година наваму на име судски и адвокатски трошоци, а само годинава за таа намена се исплатени 6,2 милиони евра.

Скопје – Повеќе од две третини од 17 препораки од Оценската мисија кои беа упатени на адреса на Судскиот совет се спроведени, информираше денеска Тања Чачарова-Илиевска член на Судскиот совет на Република Северна Македонија.

-Значи преку два инструменти, кои ги користиме како Судски совет за спроведување на препораките успеавме да ги реализираме скоро сите препораки, единствено се закочивме таму, каде што имаше законски пречки да се продолжи со работата, вели Чачарова-Илиевска.

Скопје -  Ажурирање на дигиталната алатка „Балансер“ со податоците од пописот од 2021 година користејќи го само резидентното население, испорачување на повеќе од 80 нови дигитални алатки за граѓаните и компаниите со што порталот услуги.гов.мк бележи раст од 56 отсто во користењето на постоечките услуги од страна на граѓаните и откочување на физибилити студијата за воспоставување Национална транспортна оптичка мрежа, проект вреден 400.000 евра која ќе биде основа за унпаредување на покриеноста со широкопојасен интеренет, се меѓу постигнувањата на Министерството за дигитална трансформација во првите 100 од својата работа.

Скопје - Дигитализацијата во високото образование за жал е малку задоцнета. Но, ќе биде приоритет во иднина, со цел подобри услуги за студентите и осовременување на предавањата. Ова денеска го истакна министерката за образование и наука Весна Јаневска во изјава за медиуми, пред почетокот на конференцијата за дигитализација на високото образование, што се одржува попладнево на Факултетот за електротехника и информациски технологии, во ИНОФЕИТ -  Скопје.

Министерката додаде дека оваа Влада е посветена на дигиталната трансформација, што е неопходна. 

Скопје – Министерот за спорт, Борко Ристовски е задоволен од сработеното во првите 100 дена од новата Влада.

- Македонија по 20 години доби Министерство за спорт. Конечно спорт го доби местото и вниманието што го заслужува. Овие 100 дена активно работевме на подобрување на спортската инфраструктура, обезбедување финансиска поддршка за спортските организации и поттикнување на младите да се занимаваат со спорт, рече Ристовски на денешната прес-конференција по повод 100 дена нова Влада.

Ристовски се осврна и на состојбата во спортот која тој и неговиот тим ја затекнаа по неговото назначување.

Скопје - Ние мора да знаеме кој е планот на владата, ако воопшто го има, како ние ќе го продолжиме евроинтегративниот пат, изјави лидерот на СДСМ Венко Филипче денеска во Скопје.

Претседателот на најголемата опозициска партија во изјава за медиумите посочи дека во наредниот период ќе ги користат сите механизми, вклучувајќи и свикување собраниска седница, а со цел да обезбедат одговор од премиерот во врска со евроинтеграциите на земјава.

Скопје - АМСМ денеска информира дека вчера од 13:15 часот поради изградба на патен коридор 10Д, делница Прилеп-Битола, извршено е пренасочување за секаков вид на сообраќај и тоа од клучка Тополчани по Р1101 до депонија Алинци.

Временскиот режим ќе трае во временски период од една година. 

Скопје - Министерот за култура и туризам Зоран Љутков вчеравечер во Почесната сала (Ehrbar Saal) во Виена го проследи концертот на Камерниот оркестар на Националната опера и балет, чиј настап, многубројната публика го поздрави со долг аплауз.

На концертот, како што информира Министерството за култура и туризам, присуствуваа и македонскиот амбасадор во Австрија, Освит Росоклија, амбасадорот на ОБСЕ, Пајо Авировиќ, како и претставници од дипломатскиот кор.

Скопје - Во РЕК Битола во тек се подготовки за претстојната грејна сезона. Се испитува стабилноста и доверливоста на постројките по извршените ремонти на ТЕ Битола 2 и ТЕ Битола 3. На ТЕ Битола 1, соопштија денеска од РЕК Битола, годинава воопшто не бил извршен ремонт, така што и врз таа постројка се во план дополнителни интервенции во пресрет на зимата.

- Согласно овие синхронизирани активности, утрово од мрежа беше исклучен Блок 3, а во тек се операции за вклучување на Блок 2. Се очекува постројката да биде синхронизирана со македонската електроенергетска мрежа околу 15 часот, соопшти РЕК Битола.

Велес - Во Ликовниот салон во Велес синоќа беше отворена изложба на икони од Крсте Зограф од Велес, еден од позначајните македонски иконописци од почетокот на XIX век. На изложбата се претставени 13 оригинални икони кои се наоѓаат во цркви во Велешко, како и 23  постери со по неколку фотографирани икони од Крсте Зограф, кои се наоѓаат во цркви во повеќе населени места во Велешко, Кавадаречко, Гевгелиско и други места.

Скопје - Во гостиварското село Вруток вчера во 17.20 часот полициски службеници од Полициското одделение Галате го лишиле од слобода Ф.И.(34) од село Вруток поради постоење основи на сомнение дека на 07.08.2024 одзел пари од касата во продажниот објект каде што работел.

Тетово - СВР Тетово денеска информира дека биле најдени човечки остатоци, а според облеката и предмети станува збор за 81 годишната Олгица Димитровска, која семејството ја пријави за исчезната на 11 август 2024 година.

Во полицискиото одделение во Теарце вчера околу пладне било пријавено дека на место викано „Караџица“, атар на село Јелошник, биле пронајдени човечки коски.

Скопје - Во текот на изминатото деноноќие, ЈП Комунална хигиена-Скопје реализирало низа активности за отстранување диви депонии во чии рамки се подигнати итранспортирани приближно 50 кубни метри непрописно одложен отпад.

Белград - Амбасадорот на САД во Белград Кристофер Хил изјави дека проектот Јадар е „добра можност за Србија, но дека Србите мора да одлучат“, дека на оваа тема забележал „антизападен наратив“ на протестите против ископувањето на литиум, порачувајќи дека САД ја поддржуваат слободата на собирање, но и дека некои од учесниците не се занимаваат со интересите на Србија, туку на Русија, јави дописникот на МИА од Белград.

Приштина – Ниту еден од тројцата обвинети за минатогодишниот терористички напад во Бањска во северно Косово, во кој беше убиен припадник на косовската полиција, не ја призна вината на денешното рочиште во Основниот суд во Приштина, јави дописникот на МИА од Приштина.

Обвинетите Владимир Толиќ и Благоје Спасојевиќ во оваа фаза од процесот одбија да ја признаат вината, по што судијата на случајот заклучи дека според законот ова дејствие значи дека тие не ја прифаќаат вината. Третиот обвинет присутен во судницата, Душан Максимовиќ се изјасни за невин.

Брисел - Белгија денеска трет ден по ред е подложена на кибер напади од руски хакери, објавија локалните медиуми. Повторно погодени електронските страници на општинските институции.

Белгискиот премиер во оставка Александер де Кро увери дека откриените прекршувања нема да имаат влијание врз организацијата на општинските избори в недела. Според него, Белгија има доволно добра кибер одбрана.

Медиумите јавуваат дека утринава руската хакерска група NoName057 објавила список од осум општини чии веб-страници беа погодени во последните часови. 

Токио - Јапонскиот премиер Шигеру Ишиба денеска го распушти долниот дом на Парламентот за да се одржат предвремени парламентарни избори на 27 октомври.

Ишиба ја презеде функцијата пред само осум дена. Владејачката Либерално-демократска партија (ЛДП) е вмешана во скандал со готовина. Партијата на Ишиба, заедно со нејзиниот помал коалициски партнер, партијата Комито, имаат мнозинство во Претставничкиот дом од 465 членови.

Кабинетот на Ишиба го одобри планот за распуштање и ќе го финализира распоредот за почеток на изборната кампања на 15 октомври. Јапонскиот премиер денеска ќе одржи прес-конференција.

Букурешт – Уставниот суд на Романија (ЦЦР) и забрани на лидерката на десничарската партија СОС Романија, Диана Шошоаки да се кандидира на претседателските избори во ноември, бидејќи во своите говори повикува на „промена на демократските темели на државата и кршење на уставниот поредок“, залагајќи се за излегување на земјата од Европска Унија и од НАТО.

Шошоака, кој е пратеничка во Европски парламент, одлуката на ЦЦР од 5 октомври, ја оцени како политичка и ги обвини ЕУ, Евреите, САД и Франција за завера против нејзе.

Токио - Јапонец бил уапсен поради тоа што го повикал бројот за итни случаи во Токио повеќе од 1.000 пати, молчејќи по воспоставувањето телефонска врска. Приведен бил вчера под сомнение дека ја попречувал работата на полицијата, соопштија јапонските власти.

- Тој повик ми го смирува мозокот!, рекол осомничениот Јошифуми Мураками (49) пред полицијата.

Тој тврди дека по професија е лекар, но полицијата допрва треба да ја потврди таа информација. Тој, според наводите, од 30 август до 17 септември имал вкупно 1.301 „итен“ повик, а само за еден ден се јавил 183 пати на полиција.

Лос Анџелес - Норвешката новинарка Ќерсти Фла неодамна на својот интернет-простор сподели незгодно интервју со американската актерка Ен Хатавеј од 2012 година... Тоа ја поттикна глумицата да ѝ се извини на својата тогашна домаќинка за „страшното интервју“ и непријатностите.

На тоа „неславно“ интервју, Ен говорела за тогаш актуелниот мјузикл „Клетници“ (Les Miserables) со Хју Џекмен, Расел Кроу, Аманда Сејфрид и Еди Редмејн. На почетокот новинарката ѝ вели на глумицата, на шега - „да ги отпеат“ првото прашање и одговорот... Актерката ѝ одговара:

- Па, нема да го правам тоа. Но, ти можеш да пееш, ако сакаш...

Лос Анџелес - Пејачката и ќерка на легендарниот американски пејач Елвис Присли - покојната Лиза Мери Присли го чувала телото на својот син Бенџамин Кијоу на мраз два месеци пред да се одржи погребот. Тоа таа го наведува во мемоарите објавени по нејзината смрт.

Нејзината ќерка, глумицата Даниел Рајли Кијоу ја заврши книгата. Таа вели дека на мајка ѝ ѝ било важно „да има доволно време да се збогува со својот син“, исто како што тоа го правела и со Елвис.

Тагови

Остани поврзан