2 јуни 2025
Скопје - Работната верзија од Извештајот на известувачот Вајц е онаква каква што е, важна, значајна, бидејќи, првпат се споменува посебен македонски идентитет, рече премиерот Христијан Мицкоски во одговорот на новинарско прашање. Тој оцени дека Европа има шанса да ја исправи историска неправда и дека ние имаме македонски идентитет и посебен македонски јазик, но европарламентарци имаат поинакви мислења.
Скопје – Не може да се исплатат платите на Инспекторатот за употреба на јазиците пред да биде донесен Законот за организација и работа на органите на државната управа. Затоа и бевме на таа средба пред два дена. Законот ќе биде пред пратениците, со што согласно измените во Законот познат во јавноста како ЗОРОДУ, Инспекторатот ќе биде дел од Министерството за правда, во овој прв чекор, за да можеме да ги исплатиме платите кои што во минатото најчесно си ги заработиле вработените во Инспекторатот, изјави денеска претседателот на Владата Христијан Мицкоски по свечената академија по повод 80 години од постоењето на Државниот завод за статистика.
Скопје - Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека очекува во првиот квартал од оваа година стапката на растот на Бруто домашниот производ (БДП) да биде меѓу три и четири проценти.
Скопје - Премиерот Христијан Мицкоски денеска не сакаше да коментираше и кажа дека претходно одговорил во однос на тоа дека градоначалничката на Скопје Данела Арсовска се користи како инструмент од ДУИ за дестабилизација пред локалните избори. Одговарајќи на новинарски прашања, во изјавата за медиумите пред свечената академија по повод 80 години од постоењето на Државниот завод за статистика, премиерот кажа дека веќе дал одговор на оваа тема, додавајќи дека став дали им верува на обвинителството и на МВР треба да си каже дали градоначалничката.
Скопје - До септември идната година се очекува да заврши изградбата на новиот објект на основното училиште „Крсте Мисирков“ во населбата Ченто, општина Гази Баба, со кој ќе бидат заменети дотраените бараки каде што наставата се одржувала шест децении. Министерката за образование и наука Весна Јаневска и градоначалникот Бобан Стефковски денеска беа на увид во изградбата и соопштија дека активностите се одвиваат согласно договорената динамика со изведувачот.
Скопје - На жичницата „Милениумски крст“ на Водно денеска се реализираше показна вежба на тема „Евакуација од жичница“, во која учествуваа тимови на Специјалната единица за антитерористичка единица - Тигар на Министерството за внатрешни работи.
Скопје - Моето име е дел од имињата кои ќе одат на анкети за градоначалник на Град Скопје. За мене тоа претставува чест и е резултат на посветената работа и реализацијата на голем број проекти во изминатите четири години, изјави градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски, одговарајќи на новинарско прашање дали очекува да биде кандидат за градоначалник на главниот град откако Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ не го потврди како кандидат за нов мандат за Гази Баба.
Скопје - Асмир Јахоски кој го оштети Буџетот на државата за 167 милиони евра и за кого се води постапка, во моментов ужива на Босфор. Откако доби домашен притвор за кривично дело перење пари и други приноси за набавката на мазут со сомнителен квалитет и потекло, синот на пратеникот на ДУИ, сега можеме да го видиме по медиумите дека е на Босфор, Турција, соопшти денеска ВМРО-ДПМНЕ.
Атина – Велосипеди, тротинети, отпад, но и еден мотор биле извлечени од дното на Солунскиот залив, односно од морето кај Солун во делот меѓу Белата кула и концертната сала, јави дописничката на МИА од Атина. Од општина Солун преку социјалните мрежи информира за акцијата за чистење на морското дно, спроведена од волонтери нуркачи и паралелно објавија фотографии од она што било пронајдено: три велосипеди, 77 тротинети, еден мотор и многу отпад.
Брисел - Европската Унија останува цврсто на определбата за деблокирање на хуманитарната помош за Газа која стои блокирана на границите на Појасот, изјави денеска високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас на заедничката прес-конференција со шефот на филипинската дипломатија Енрике Манало во Манила.
Вилнус - Литванскиот главен град денеска е домаќин на самит на Букурешката деветка (Б9) и нордиските земји, на кој учествуваат и украинскиот претседател Володимир Зеленски и генералниот секретар на НАТО Марк Руте, јави Литванската национална телевизија (LRT).
Лондон – Велика Британија не може да ја игнорира заканата што ја претставува Русија, изјави денеска премиерот Киер Стармер во интервју за Би-Би-Си. Одговарајќи на прашање дали Британија би морала да испрати војници во евентуален иден европски конфликт, Стармер потсети дека „сите знаеме што ѝ се случи на Украина пред три години“.