5 јуни 2025
Скопје - Поранешниот директор на Дирекцијата за заштита и спасување и претседателот на политичката партија Демократски сили на Ромите, Шабан Салиу, кој е опфатен со истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани во која загинаа 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени, денеска изјави дека не чуствува апсолутно никаква одговорност и вина.
Скопје - Одговорно тврдам дека Македонија има капацитет да го организира понатамошниот третман и рехабилитација на пациентите од трагедијата во Кочани, изјави директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски. На трибината „Кочани е наш приоритет", Клековски, нагласи дека според неговите информации моментално нема пациент кој има потреба да се лекува во странство.
Скопје - Јапонската амбасадорка Сецуко Кавахара денеска престојуваше во посета на МИА на средба со директорот Дарко Јаневски.На средбата Кавахара и Јаневски разговараа за важноста на МИА во македонскиот медиумски простор, при што амбасадорката го истакна значењето на Агецијата во објективното информирање на јавноста.
Скопје - Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека денеска почна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец мај 2025 година.
Скопје – Националната стратегија е исклучително важен документ кој треба да обезбеди континуитет и поголем квалитет во образовниот систем и образовниот процес во Македонија, како и дигитални вештини и компетенции кои ќе одговорат на глобалните промени, истакна денеска министерката за образование и наука, Весна Јаневска.
Скопје - Советот за оцена на обвинител акт при Основниот кривичен суд Скопје донесе решение со кое приговорот на одбраната за случајот „Онкологија" се одбива, а актот се одобрува. Од Крвичен, посочуваат дека станува збор за обвинителниот акт КООА 128/35 кој е за директорот Нино Васев и обвинителен предлог за тројца други лекари, што се однесува за несовесно лекување и тешки дела против здравјето на луѓето.
Скопје - Обезбедување вештини и знаење за одржливо вработување на жените, особено на оние кои не се вклучени во процесот на образование и обука и лицата со попреченост, што ќе им овозможи активно вклучување на пазарот на труд и градење на економската самостојност е целта на проектот „Црн лебед“, на Импакт Хаб од Австрија и фондацијата „Сизигија“.
Скопје - Вреди денеска или утре ќе излезе со унифициран став во врска со иницијативата за една изборна единица, рече првиот вицепремиер и министерот за животна средина и просторно планирање Изет Меџити. Како што истакна Меџити, одговорајќи на новинарски прашања, вчера било разговарано и ќе се излезе со конкретен предлог.
Скопје – Македонскиот ракометен суперлигаш, Алкалоид се огласи по денешното крунисување во Европскиот куп. Европската ракометна федерација (ЕХФ), иако со задоцнување, сосема заслужено го прогласи Алкалоид за победник во третото по квалитет континентално клупско натпреварување.
Загреб - Во Хрватска задолжителната основна воена обука во траење од два месеца ќе започне во јануари 2026 година, а регрутите ќе добиваат по 1.100 евра месечно, соопшти хрватската новинска агенција ХИНА. Лицата што поради верски или етички причини ќе побараат ослободување од воена служба, наместо тоа ќе минуваат тримесечна обука за цивилна заштита или четири месеци ќе работат во општински или градски институции, пет дена во неделата по осум часа дневно.
Анкара - Петмина градоначалници од турски општини, управувани од опозициската Републиканска народна партија (НРП), се разрешени од функциите поради истраги за корупција, јави државната телевизија ТРТ Хабер.
Женева – Кинеската компанија Чајна Мобил (China Mobile) е на врвот на листата на најголеми емитери на стакленички гасови меѓу водечките технолошки компании, следена од американскиот гигант Амазон, покажува извештај на Меѓународната унија за телекомуникации (ITU) објавен денеска.
Берлин – Германската армија, Бундесверот, треба да регрутира до 60.000 нови активни војници за да ги зајакне своите одбранбени способности согласно целите на НАТО, изјави денеска министерот за одбрана Борис Писториус, јави ДПА.
Цирих - Еднократните електронски цигари наскоро ќе бидат забранети во Швајцарија, откако вчера Горниот дом на швајцарскиот парламент – Кантоналниот совет – изгласа поддршка за таква мерка, јави ДПА. Следниот чекор е Владата да изготви нацрт-закон. Мерката нема да ги засега електронските цигари за повеќекратна употреба кои се полнат.
Киев - Украинските вооружени сили соопштија дека извршиле напад врз руски ракетни системи во Брјанска област, кои се подготвувале за напад, најверојатно врз Киев. Според Генералштабот на Украина, една ракетна единица била уништена, а две се веројатно оштетени.
Москва - Руската Главна обвинителска управа го прогласи Британскиот совет за „непожелна организација“. „Иако се претставува како независна институција, целокупната работа на Советот е усогласена со приоритетите на британската Влада – организацијата одговара пред парламентот и е финансирана од Министерството за надворешни работи на Обединетото Кралство“, се наведува во соопштението на руската обвинителска служба.
Велингтон – Тројца пратеници од новозеландската „Партија на Маорите“ беа суспендирани од парламентот поради изведбата на традиционалниот маорски танц - хака, со кој протестираа против предлог-закон за промена на Договорот од Ваитанги, основоположнички документ меѓу британската круна и маорските водачи.
Лондон – Легендарниот пејач Елтон Џон вети дека „нема да попушти“ во барањето до британската влада да ги зајакне заштитите на авторските права кога моделите на вештачка интелигенција (ВИ) користат содржини од уметници.