Скопје - Премиерот Христијан Мицкоски информира дека нема да присустува на престојниот Самит на НАТО во Хаг, таму ќе замине претседателката Гордана Сиљановска Давкова. Во однос на најавите од бугарска страна дека наместо нивниот претседател Румен Радев ќе присустува премиерот Росен Жељазков, тој денеска истакна дека доколку има каква било иницијатива за средба меѓу македонската претседателка и бугарскиот премиер и тоа треба да се прифати, за да се покаже проактивност.
Мицкоски напомена дека иницијативата за средбата на маргините на Самитот пристигнала од претседателот на Европскиот Совет, Антонио Кошта и македонската страна веднаш ја прифатила и додаде дека според првичните најави во Хаг, Бугарија требало да ја преставува Радев.
Скопје – Премиерот Христијан Мицкоски смета дека апсолутно е транспарентен начинот на кој се објавуваат вестите поврзани со стратешкото партнерство со Велика Британија. Тој денеска во одговор на новинарско прашање за овој договор и за инвестициите во Македонски железници истакна дека никогаш нема да дозволи во Парламентот на шверцерски начин да се усвојуваат закони со европско знаме, како закон за изградбата на автопатските делници на Коридорот 8 и 10Д од страна на конзорциумот „Бехтел и Енка“.
-Нема никогаш да си дозволиме на шверцерски начин со европско знаме повторно да поминуваме Закони, какошто беа измените во Кривичниот законик, кога голем број од потенцијални политички осомничени или во процедура понатаму осудени лица беа амнестирани вклучително и цела една гарнитура, којашто беше седум години. Знаете како, не треба јас да ве потсетувам за каков криминал стануваше збор, од првиот ден кога дојдоа, па се до последниот ден, кога потпишаа една сомнителна одлука од 250 милиони евра, со којашто практично го зголемија буџетот за изработка на проектите на Коридорите 8 и 10Д, па ние на Владина седница тоа го поништуваме, изјави Мицкоски.
Скопје – Кампањата „0% корупција – Ајде да е вистина!“, која има за цел да ја зголеми свеста кај граѓаните за важноста на пријавувањето корупција и да ги охрабри да преземат активни чекори во борбата против оваа негативна појава стартуваше денеска. На промоцијата на кампањата беше истакнато дека одржливиот напредок може да се постигне само преку транспарентност, доверба и активно граѓанско учество.
Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, на настанот по повод отпочнување на кампањата што се одржа во Клуб на пратеници, истакна дека институциите даваат силна поддршка на кампањата.
Скопје –Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, изјави дека интензивно се работи за воспоставување на системот „One Stop”, на граничниот премин Табановце – Прешево со Србија.
-Во делот со Република Србија работиме интензивно, тест фаза е, останува договорите да поминат во двата парламенти и набрзо ќе добиете информација дека и тој систем ќе биде во функција, во многу блиска иднина сето тоа ќе се случи, изјави Јанев.
Тој потсети дека веќе постојат успешно воспоставени „One Stop“ системи на граничните премини со Косово, на Блаце и Јажинце.
Скопје - Игуменот Георгиј (Ѓорѓевски) на денешната седница на Светиот Архијерејски Синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија беше едногласно избран за нов митрополит Дебарско-кичевски.
Како што стои во објавата на црковниот портал „Литургија.мк“, денот на ракополагањето во епископски чин на игуменот Георгиј ќе биде дополнително објавен.
Дебарско-кичевската епархија остана без прв човек откако минатата година во ноември по кусо боледување на 73 години почина тогашниот митрополитот дебарско-кичевски, господин Тимотеј. Георгиј беше единствен кандидат за оваа висока црковна позиција, кој на празникот Педесетница доби ново унапредување во монашки чин – игумен на церемонијата одржана во соборниот храм „Свети Климент Охридски“. Произведувањето го изврши архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан.
Скопје - Можностите за соработка помеѓу македонски истражувачи и истражувачката мрежа на Европската комисија во областите енергетска безбедност, одржливи материјали за изградба, паметна специјализација и индустријата 4.0., се во фокусот на Инфоденот за поддршка на научно-истражувачката дејност, што се одржува денеска на Машинскиот факултет во Скопје. Новите перспективи за развој на научните истражувања се очекува да помогнат на индустријата, а со тоа и на економијата.
Како што изјави деканот на Машински факултет Златко Петрески, на Инфоденот се претставуваат партнерите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и на Машинскиот факултет - Здружениот истражувачки центар на Европската комија, а можностите за истражувања кои тие ги пружаат на нашите докторанти, магистранти, постодокторски студии.. се огромни и непроценливо е нивното значење за нашата држава.
Атина – Замениците-министри за надворешни работи на Грција и Турција денеска и утре ќе одржат состаноци во Анкара во рамките на политичкиот дијалог и т.н. позитивната агенда меѓу двете земји што се однесува на соработка во низа области, јави дописничката на МИА од Атина.
Како што соопштија од грчкото МНР во рамките на четвртиот состанок од процесот на политички дијалог меѓу Министерствата за надворешни работи на двете земји, денеска во Анкара ќе се одржат разговори меѓу заменик-министерката за надворешни работи на Грција Александра Пападопулу и заменик-шефот на грчката дипломатија Мехмет Кемал Бозај.
За утре е закажана и осмата рунда грчко-турски разговори во позитивната агенда, меѓу заменикот МНР на Грција Тасос Хаѕивасилиу и Бозај од турска страна.
Њу Делхи - Авион на „Ер Индија“ во кој имало 242 патници со лет кон Лондон се урна денеска кратко по полетувањето во близина на аеродромот Ахмедабад. Патничкиот авион се урна во областа Меганинагар, предизвикувајќи паника и хаос на земјата.
Oд компанијата потврдија дека во авионот имало 242 патника.
„Летот од Ахмедабад во 13:38 часот, превезуваше 242 патника и членови на екипажот во авионот Боинг 787-8. Од нив, 169 се индиски државјани, 53 се британски државјани, еден канадски државјанин и 7 португалски државјани.
Повредените се однесени во најблиските болници, соопшти компанијата“.
Њу Делхи – Патнички авион Боинг 787-8, што денеска се урна кратко време по полетувањето од индискиот град Ахмедабад, падна врз хостел за лекари. Авионот се урна во зграда која е хостел за лекари, потврди портпаролот на полицијата Џаипал Синг Раторе.
Зградата е студентски дом на медицинскиот колеџ, во кој се сместени студенти и млади лекари. Спасувачките служби ги пребаруваат урнатините. Според официјалните информации во авионот имало 232 патници и 12 членови на екипажот. Авионот од Ахмедабад летал за Лондон.