• четврток, 26 март 2026
МИА Флеш

    25 февруари 2025

 

 

Скопје – Во Собранието почна надзорната расправа за аерозагадувањето што ја организира собраниската Постојана анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот. Претседателот на Комисијата, Димитар Апасиев, на почетокот на расправата рече дека неа ја побарале 20 пратеници на почетокот на годинава, повикувајќи се на правото на здрава животна средина кое е гарантирано во член 43 од Уставот и на ратификувани меѓународни конвенции.

На надзорната расправа ќе бидат сослушани овластени претставници и сведоци поделени во шест сесии – претставници од невладини организации,  академската заедница, единиците на локалната самоуправа,  јавни институции, владини претставници и од приватен сектор.

Скопје - Димитар Апасиев, претседател на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот на денешната прес-конференција во Собранието информира дека и покрај, како што рече, сите правни перипетии и обиди за саботажа одлучил надзорната расправа за аерозагадувањето да се спроведе на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот и тоа согласно првично предвидениот распоред – денеска во 11 часот во салата „Борис Трајковски“.

Скопје – Денешното доставување документи во Владата од страна на СДСМ како поткрепа на нивните сомнежите дека постои корупција и неправилности во работата на првиот вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити, тој го оцени како обид да ја продолжат приказната и порача дека не може административна или архивска работа да се прикаже како голем скандал.

Прво, како што рече, вакви тврдења имаше од ДУИ, а сега за жал СДСМ оди по нивна памет и се гледа дека се синхронизирани во нападите.

Скопје - СДСМ е за реформи во судството, но ова што го прави власта е груба партизација, изјави портпаролката на партијата, Богданка Кузеска прашана за ставот на партијата за евентуалното разрешување на државниот обвинител Љупчо Коцевски кое е на дневен ред на денешната седница на Влада.

-Ставот на СДСМ е јасен по ова прашање и никогаш не бил доведен во дилема. Ние сме за реформи во судството, но ова што го прави власта е дефинитивно една груба партизација. Затоа повикуваме да се тргнат рацете на политиката од судството и да се видат сериозни чекори дека се работи на сериозни реформи во однос на подобрување на состојбата, изјави Кузеска по доставувањето документи до премиерот Христијан Мицкоски во врска со нивните тврдења за сомнежите дека постои корупција и неправилности во работата на првиот вицепремиер Изет Меџити

Скопје - Министерот за европски прашања Орхан Муртезани денеска остварил средба со неризедентната амбасадорка на Кралството Данска во Северна Македонија со седиште во Белград, Пернил Далер Кардел. Акцентот на разговорот беше ставен врз напредокот на Северна Македонија во процесот на интеграција во Европската Унија, како и на регионалните перспективи за проширување, соопшти МЕП.

Муртезани изразил благодарност за континуираната поддршка на Данска за евроинтегративниот процес на Северна Македонија и на регионот. Министерот и амбасадорката го потенцирале значењето на исполнувањето на Копенхашките критериуми како клучен предуслов за успешна интеграција во Унијата.

Скопје - Царинската управа заплени автобус со косовски таблички кој извршувал редовен превоз на патници на релација Истанбул-Приштина кој бил специјално адаптиран за криење на роба. Случајот е откриен на влез во земјава на граничниот премин Деве Баир. 

- При извршената контрола во делот на просторот за багаж на автобусот во горниот дел со отстранување на завртките на дрвена даска e откриен простор кој не е фабрички и е продолжен за 10 см по целата должина на багажниот простор на автобусот, што претставува специјална направена преграда (бункер). Автобусот е запленет, а до надлежниот суд ќе биде поднесена соодветна пријава до возачот на автобусот, инаку косовски државјанин, заради прекршување на царинските регулативи, информираат денеска од Царинската управа.

Скопје - Трговците на мало (малите, средните и големите) да ги објавуваат цените на производите на своите веб страници за потрошувачите да бидат подобро информирани, а оние што имаат повеќе од еден продажен објект, да ги објавуваат цените на стоките поединечно, за секој свој продажен објект. Ова го налага Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на потрошувачите што денеска го разгледа собраниската Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика.

Според законските измени, од ваквата обврска се ослободени микротрговците и трговците-поединци.

Скопје - Слабости во спроведувањето на инспекцискиот надзор во студентските домови и во воспитно-образовните установи, неизвршување на инспекциски надзори од 2019 година и недоволна екипираност во Државниот просветен инспекторат, утврдила направената ревизија во оваа институција. 

- Недостигот на редовни и вонредни инспекции, кадровските слабости и отсуство на имплементација на препораките од претходните ревизии создаваат ризик за несоодветно функционирање и неисполнување на законските обврски, наведуваат ревизорите.

Скопје - Општина Ѓорче Петров официјално објави дека 2024 година е историски најуспешна во економски поглед. Според најновите податоци, буџетот за оваа година е реализиран во 76 отсто, а општинските приходи достигнаа рекордни 326 милиони денари, се наведува во соопштението на Општината.

Дебар - Јавното комунално претпријатие „Стандард“ почна со ажурирање на податоците на корисниците на услуги и потпишување нови договори, кои ги содржат потребните основни податоци.

- Врз основа на Законот за облигациски односи, како и врз основа на препораките на Државниот завод за ревизија, во тек е еден од најважните процеси од административен аспект на функционирањето на претпријатието. Овој процес е билатерална обврска за давателите на услуги и потрошувачите како корисници на истите, вели во изјава за МИА, директорот Бурим Каба.

Скопје - Општина Центар распиша јавен повик за доделување субвенции за млади за полагање на возачки испит Б-категорија во автошколи регистрирани на подрачјето на Центар. Овој повик е отворен од денеска и ќе трае до исцрпување на средствата од општинскиот буџет, а најдоцна до 31 декември годинава.

Како што стои во соопштението од Општината, право на субвенција имаат сите млади лица кои во текот на годинава ќе наполнат 18 години, односно кои се родени во 2007 година, а живеат на подрачјето на Општина Центар најмалку една година. Субвенцијата изнесува 10.000 денари и може да се користи единствено за полагање на возачки испит во автошколи кои се регистрирани во Општина Центар.

Скопје - СДСМ денеска во Владата достави документи до премиерот Христијан Мицкоски во врска со нивните тврдења за сомнежите дека постои корупција и неправилности во работата на првиот вицепремиер Изет Меџити.

-Чувствуваме одговорност да реагираме веднаш откако Мицкоски јавно повика да му се достават докази за сомнежите дека постои корупција и неправилности во работата. Еве ги тие документи кои се доставени до нас од свиркачи кои се од државни институции со архивски броеви, печати и со потписи. Овде е јасно наведено дека Државниот управен инспекторат констатирал неправилности во работењето дека Меџити ги пречекорувал своите законски овластувања, лично потпишувајќи ги сите предмети. Дали на овој начин сакал да воспостави контрола и да има простор за уцени кон фирмите и кон граѓаните, рече во изјава за медиумите портпаролката на партијата, Богданка Кузеска пред да ги достави документите во Владата. 

Скопје - Драмски театар Скопје информира дека на објавениот конкурс за доделување на наградата „Горан Стефановски“ за најдобар драмски текст од македонски млад автор до 30 години, пристигнале четири пријави.

Како што соопштија од установата, согласно Правилникот за доделување на наградата „Горан Стефановски“ формирана e Комисија составена од пет члена од редот на истакнати и компетентни лица.

Сараево – Се зголемуваат тензиите пред утрешното јавно изрекување на пресудата за претседателот на Република Српска, Милорад Додик, за непочитување на одлуките на високиот претставник.

Додека се чека исходот од едногодишното судење, притисокот врз Судот на БиХ се зголемува. Веќе има одредени блокади во работата на државните институции, а има и закани за радикални потези. Во меѓувреме, трупите на ЕУФОР се распоредени во Сребреница, јави Н1 БиХ.

Брисел - Потребно е значително да ја зајакнеме одбраната на Белгија, со цел земјата да биде подготвена за руската закана во услови кога „Русите се хиперактивни и на воено ниво“, изјави денеска белгискиот министер за одбрана Тео Франкен. 

- Сите други земји се на ниво од два отсто (од БДП). Мора да го одржиме нашето ветување. НАТО тоа ни го бара за Самитот во Хаг. Тоа би овозможило Белгија да се зајакне во Европа и во рамките на НАТО, нагласи Франкен во гостувањето во утринската програма „Премиера“ на телевизијата РТБФ.  

Брисел - Хрватска може многу да и понуди на Украина кога станува збор за реинтеграцијата на нејзините територии, врз основа на „одличното искуство“ со реинтеграцијата на својата територија во 90-те години на минатиот век, изјави денеска хрватската државна секретарка за Европа, Андреја Метелко-Згомбиќ пред почетокот на заседанието на Советот за општи работи на ЕУ (ГАК) во Брисел.   

Брисел - Европската комисија подготвува измени на правилата за добивање азил во ЕУ кои ќе ги претстави во март, наместо како што беше претходно планирано во јуни, наведува бриселскиот портал „Еурактив“ врз основа на документ во кој имал увид. 

Главна новина во предлогот е промена на концептот за безбедна трета земја, врз основа на кој барателите на азил можат да бидат испратени во држава каде што би биле сигурни, наместо да останат во земјата во која го поднеле барањето за азилантски статус. 

Франкфурт – Германската централна банка – Бундесбанк лани регистрира загуба на билансот на состојба за прв пат од 1979 година, откако брзите промени во политиката на каматните стапки во еврозоната ги исцрпија резервите на банката.

Бундесбанката загубила околу 19,2 милијарди евра (20,1 милијарди долари) во 2024 година, соопшти централната банка денеска и предупреди на можни дополнителни загуби годинава, иако големината на какви било загуби се очекува да биде помала.

Москва - Кремљ ја поздрави, како што наведе, „урамнотежената позиција“ на САД во однос на гласањето на Вашингтон во ОН, заедно со Москва, против резолуцијата за Украина подготвена од Киев и Европејците, со која се осудува рускиот напад врз оваа земја.

-Забележуваме дека САД усвојуваат многу поизбалансирана позиција која реално се концентрира на напорите насочени кон решавање на украинскиот конфликт, изјави  портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.

Брисел - Ние како Полско претседателство со Советот на ЕУ решивме да го поддржиме пристапување на Украина кон Унијата и решени сме да продолжиме со процесот на проширување, изјави денеска полскиот министер за европски прашања Адам Шлапка пред почетокот на заседанието на Советот за општи работи на ЕУ (ГАК) во Брисел. 

- Ние сме решени да го придвижиме овој процес, но нема да зборувам за датуми, истакна Шлапка во одговор на прашање дали Полска го поддржува приемот на Украина во ЕУ до 2030 година. 

Москва - Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска изјави дека Русија верува во себе, а да се зборува за доверба во Соединетите Американски Држави „мора да се помине долг пат“.

„Треба да развиеме мерки за враќање и зајакнување на меѓусебната доверба“, изјави Песков.

Тој истакна дека американските лидери покажале политичка волја да го обноват дијалогот со Русија, кој беше сведен „практично на нула“ за време на претходната администрација.

Киев - Воздухопловните сили на вооружените сили на Украина денеска соопштија дека собориле шест руски крстосувачки ракети и 133 беспилотни летала.

Како што е соопштено, од почетокот на минатата ноќ Русите ја нападнале Украина со 213 ударни беспилотни летала „Шахед“. Нападите се извршени од правците на Орел, Брјанск, Курск, Приморско-Ахтарск.

Воздушниот напад бил одбиен од авијација, противвоздушни ракетни трупи, единици за електронско војување и мобилни огнени групи на воздухопловните сили и одбранбените сили на Украина.

Киев -Трошоците за обновата на украинската економија по завршувањето на руската инвазија се проценуваат на 524 милијарди долари, објавија денеска Светската банка, Обединетите нации, Европската комисија и владата во Киев.

Британските медиуми пренесуваат дека најтешко погодени сектори се домувањето, транспортот, енергијата, трговијата и образованието.

Украинската влада со поддршка од донатори годинава издвои речиси 7,4 милијарди долари за приоритетни потреби, но сепак ѝ недостигаат речиси 10 милијарди.

Киев - Украинскиот парламент денеска усвои резолуција со која се потврдува легитимноста на Володимир Зеленски како претседател, а во исто време ја отфрли можноста за одржување избори до крајот на војната.

Украинската Рада ја усвои резолуцијата на втор обид, откако вчера немаше доволно гласови за поддршка за нејзино усвојување.

Зеленски во неделата рече дека ќе се повлече ако тоа донесе мир во Украина, додавајќи дека тоа ќе го стори дури и ако тоа значи дека неговата земја ќе добие членство во НАТО.

Амстердам - Поради зголемениот број експлозивни напади врз домови и деловни објекти во Холандија, тројца началници на полицијата бараат национална забрана за огномет.

Според нив, нелегалните огномети, како популарните „Кобри“, се лесно достапни преку групите на Телеграм, што ја отежнува контролата, пишува Ен-Ел Тајмс.

Тагови

Остани поврзан