• сабота, 06 декември 2025
МИА Флеш

  26  мај  2025

 

Рим – Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова денеска, во рамки на посетата на Рим и Ватикан по повод чествувањето на Денот на сесловенските просветители, имаше аудиенција кај папата Лав 14., јави известувачот на МИА. 

По завршувањето на аудиенција, претседателката Сиљановска – Давкова во Апостолската библиотека на Папата му ги претстави членовите на македонската државно-црковна делегација, каде што разменија и пригодни подароци.

Скопје - Владата презема мерки и чекори за намалување на аерозагадувањето, некои ќе можат веднаш да се реализираат, за други е потребно време, клучно е обезбедување на алтернатива за затоплување за домаќинствата, далечинско централно затоплување, изградба на конегереративни гасни централи, рече претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на надзорната расправа во Собранието посветена на животната средина. Премиерот на расправата изрази согласност дека проблемот е актуелен секоја зима, посочувајќи дека изминатите децении малку или речиси ништо не е направено во делот на борбата за почист воздух.

Скопје - Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани денеска на седницата на Националниот совет за евроинтеграции порача дека Реформска агенда за периодот 2024 - 2027, која произлегува од Планот за раст за Западен Балкан повеќе не е документ на хартија, туку дневна обврска на институциите и техничка рамка на конкретни реформи во повеќе сектори. Муртезани истакна дека повеќе не сме држава која само ја планира европската интеграција, туку ја спроведува истата. 

Скопје - Системот за осигурување квалитет на социјалните услуги не е само административен инструмент, туку е и механизам за градење доверба меѓу државата и граѓанинот, доверба дека секој поединец - дете, возрасен, лице со попреченост, семејство во криза, ќе добие навремена, стручна, достпана и достоинствена поддршка, рече денеска министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани кој заедно со евроамбасадорот во земјава Михалис Рокас го означи почетокот на проектот „Поддршка на системот за обезбедување квалитет на социјалните услуги во Република Северна Македонија“.

Атина – Македонски државјанин, осуден на 15-годишна затворска казна за извршено убиство во земјава во ноември 1997 година, а по кој имало распишана европска потерница, уапсен е во грчкиот град Катерини, објави грчката новинска агенција АНА-МПА, јави дописничката на МИА од Атина.

Според истите информации станува збор за 60-годишен државјанин на Северна Македонија, кој веројатно по убиството побегнал во странство и живеел во Бугарија и Турција.

Велес - Во тек е геодетското мерење  за  изработка на трасата од проектот за изградба на  цевководот за наводнување на земјоделски површини од Хидросистемот„Лисиче“ со кој ќе се наводнуваат околу 3,500 хектари површина во поширокиот велешки регион. Тој ќе биде главен цевковод кој че има  свои секундарни мрежи. Цевководот за наводнување на земјоделско земјиште од ХС „Лисиче“,  ќе започне од селото Лисиче, преку  Голозинци, Еловец,населба Чашка, Отиштино, Сливник, Клуковец, Горно Оризари, и ќе  завршува во селото Раштани.  Покрај цевководот за наводнување на браната од хидросистемот „Лисиче“ планирана е и изградба на 3 мали хидроцентрали.

Битола -  Златко Димчовски, почесен професор на УКЛО и истражувач во ЦЕРН, водечка светска лабараторија за нуклеарни истражувања во Швајцарија, во Битола претстави проект кој ќе се користи во медицината и со цел, ефикасна борба против болеста канцер.

Во изјава за медиумите, Димчовски истакна дека станува збор за проект што лично го лансирал и е прв во човековата историја.

Скопје – Сопственикот на компанијата Алкалоид, Живко Мукаетов изрази надеж дека Европската ракометна федерација ќе донесе правилна одлука за неодиграниот натпревар вчеравечер во СЦ „Борис Трајковски“.

Воедно, Мукаетов им се заблагодари на сите кои дојдоа во СЦ „Борис Трајковски“ да го поддржат Алкалоид во реваншот од финалето на Европскиот куп со грчи АЕК.

- Oгромно БЛАГОДАРАМ од срце на сите кои дојдовте во СЦ Борис Трајковски да го бодрите РК Алкалоид кон историскиот успех.

Белград - Просечната нето плата (без даноци и придонеси) во Србија во март годинава изнесувала 108.013 динари (920 евра), додека просечната бруто плата била 148.652 динари (1.268 евра), објави денеска српскиот Завод за статистика.

Средната нето заработка изнесувала 81.793 динари, што значи дека 50 отсто од вработените оствариле заработка до тој износ.

Брисел - Европската комисија формира тимови од пожарникари и летала за гаснење пожари, како превентивна мерка поради зголемениот ризик од огнени стихии во текот на претстојните летни месеци и за помош на европските земји погодени од пожари. 

По повод ваквата одлука, еврокомесарката за еднаквост, подготвеност и справување со кризи Хаџа Лабиб изјави дека формирањето на тимовите е доказ дека ЕУ обезбедува поддршка за справување со пожарите не само со зборови, туку и на дело. 

Берлин - Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска го одбележа Денот на независноста на Грузија во заедничка изјава со францускиот претседател Емануел Макрон и полскиот премиер Доналд Туск.

- По повод Денот на независноста на Грузија, би сакале да испратиме порака за пријателство и солидарност до грузискиот народ и да ја повториме нашата непоколеблива поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на Грузија, се вели во изјавата.

Букурешт – Центристот Никушор Дан, кој победи на претседателските избори во Романија, денеска положи заклетва како претседател на земјата на заедничка седница на двата дома на парламентот.

- Романската држава има потреба од фундаментална промена, изјави тој по положувањето на заклетвата.

Дејтон – Високиот претставник во Босна и Херцеговина (БиХ), Кристијан Шмит на одбележувањето на 30-годишнината од Општиот мировен договор за БиХ во Дејтон изјави дека мирот и напредокот во БиХ бараат чесен компромис и заемно почитување, а не подбуцнувачки изјави.

- Преправањето на историјата и неразбирањето на сеопфатната мисија на Дејтонскиот договор воопшто не придонесуваат за подобра иднина на земјата, рече Шмит, соопшти денеска Канцеларијата на високиот претставник (ОХР).

Вашингтон – Шефот на новата хуманитарна фондација за дистрибуција на помош во Појасот Газа поднесе оставка, соопшти синоќа организацијата поддржана од САД.

Извршниот директор на Хуманитарната фондација за Газа (GHF), Џејк Вуд, изјави дека не е возможно да се спроведе планот за организација за помош на Појасот Газа „со строго почитување на хуманитарните принципи на хуманост, неутралност, непристрасност и независност“.

Организацијата, основана пред неколку месеци со седиште во Женева, на 14 мај соопшти дека планира да дистрибуира околу 300 милиони оброци за време на почетен период од 90 дена.

Брисел – Белгиската принцеза Елизабет би можела да биде принудена да ги прекине постдипломските студии на Харвард, поради забраната за школување на странски државјани на овој престижен американски Универзитет, што ја воведе Администрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп. 

Принцезата Елизабет, најстарото од четирите деца на белгискиот крал Филип и кралицата Матилда, а со тоа и наследничка на тронот на Белгија, е втора година на постдипломски студии по јавна политика на Харвард. 

Москва – Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека кај сите има „емоционално преоптоварување“, по повод објавата на американскиот претседател Доналд Трамп на неговата социјална мрежа „Трут Соушл“, дека рускиот претседател Владимир Путин е „целосно полуден“.

- Секогаш сум имал многу добри односи со Путин, но нешто му се случи. Тој целосно полуде, напиша Трамп на „Трут Соушл“ доцна синоќа.

Претходно, американскиот претседател изрази длабоко незадоволство од продолжените руски воздушни напади врз Украина.

Тагови

Остани поврзан