Скопје - Да продолжиме да инвестираме во родовите статистики, да го зајакнеме меѓуинституционалниот дијалог, да изградиме систем на податоци кои не само што ќе информираат, туку и ќе трансформираат, порача денеска претседателката Гордана Сиљановска Давкова во обраќањето на конференцијата по повод јубилејот на Државниот завод за статистика.
Како што истакна Сиљановска Давкова, родовата еднаквост не е само статистика, ниту море од бројки на хартија, туку реална слика на општествената стварност.
-Да создадеме држава во која сите ќе бидеме свесни дека секој податок одразува нечиј живот, секоја бројка раскажува индивидуална вистинска човечка приказна, а трудот на секој човек без разлика на полот и родот треба да биде еднакво вреднуван, сечиј глас слушнат, без оглед дали е гласен или тивок, подвлече претседателката.
Скопје - Реалните мерки и проекти даваат долгорочни резултати за подобар и поквалитетен живот на сите граѓани. Владата преку Оперативниот план за вработување на 2025 година нуди стекнување на практични вештини за 1.352 млади до 29 години, а предуслов е лицата да имаат завршено минимум средно образование, велат од Владата.
Додаваат дека ова е одлична можност младите лица до 29 години да се стекнат со практична работа и искуство со што, како што нагласуваат, ќе бидат поконкурентни на пазарот на труд, а подоцна ќе добијат шанса за вработување. Стопанството, пак, велат, ќе добие соодветен кадар.
Скопје - Непостоење јасен критериум за регионални проекти, распределба на средства преку линиските министерства наспроти распределба на средства преку Програмата за рамномерен регионален развој, распределба на средства на општини и проекти без јавен повик во нетранспарентна постапка, отсуство на систем за оценка и одржливост на проектите има влијание на ефектите од јавните инвестиции во регионалниот развој, информираат од Државниот завод за ревизија по извршената ревизија на успешност на тема „Ефекти од јавни инвестиции во рамномерен регионален развој“.
Ревизијата, како што велат од ДЗР, била извршена со цел да утврди дали јавните инвестиции се ефикасно и ефективно планирани и спроведени, и дали придонесуваат за долгорочно одржлив регионален развој.
Скопје - Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска одговарајќи на новинарски прашања во врска со осомничениот во истрагата за набавка на мазут за ТЕЦ Неготино, Асмир Јахоски и како му е издаден пасош за еден ден, рече дека прашањето е како е донесена одлука од Судот да се врати предметната патна исправа на осомниченото лице, а не зошто МВР постапило согласно одлуката на Судот.
-МВР постапува согласно одлука донесена од страна на Судот. Како и за други личности кои беа исто така од интерес за јавноста во минатото кога постапивме согласно законски надлежности и во рамки на итна постапка сме издвале документи за еден ден, така и во овој случај постапуваме и издаваме по одлука на судот документација соодветна во рамки на надлежност на Министерството, најдбрзо што може кога е по итна постапка, истакна Тошковски во изјава за медиуми по Меѓународната конференција по повод 50 години од основањето на Институтот за безбедност, одбрана и мир при Филозофскиот факултет - Скопје.
Атина - Десет од 21 обвинет се прогласени за виновни за катастрофалните пожари во јули 2018 година во населбата Мати во источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, во кој загинаа 104 лица, јави дописничката на МИА од Атина.
Во Апелацискиот суд во Атина утрово започна последното рочиште од судскиот процес на втор степен по поднесената жалба од обвинителот за првостепената пресуда и беа соопштени пресудите за обвинетите.
Истанбул – Најмалку едно лице загина во земјотресот со интензитет од 5,8 степени според Рихтеровата скала што го погоди западниот брег на Турција рано утрава, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 68 км во морето во близина на крајбрежниот град Мармарис, само неколку километри од грчкиот остров Родос, според EMSC.
Гувернерот на Мармарис, Идрис Акбијик, во објава на X изјави дека 14-годишно девојче било хоспитализирано со напади на паника и починало кратко потоа.
Тој додаде дека 69 лица биле повредени откако скокнале од своите домови за време на земјотресот.
Брисел - Наша политичка цел е да ги започнеме преговорите со Северна Македонија по Кластерот „Основни вредности“, штом ќе бидат усвоени потребните уставни измени, порача денеска еврокомесарката за проширување Марта Кос во воведното обраќање на дебатата со членовите на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент посветена на проширувањето на ЕУ, состојбите во Украина и соседската политика на блокот.
- Бугарија и Северна Македонија треба да почнат да разговараат интензивно и да најдат решение за ова билатерално прашање и јас стојам на располагање како олеснувач ако е потребно, истакна Кос.
Таа додаде дека денес живееме во време на длабока трансформација на меѓународниот поредок, и само за шест месеци од стартот на нејзиниот мандат глобалниот пејзаж се промени драматично, па затоа во интерес на безбедноста и иднината на континентот потребно е „да заврши обединувањето на Европа“.
Брисел - Чешкиот европратеник Томаш Здечовски упати писмо до претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола во кое изнесува обвинувања против властите на Словачка за наводно следење и политичко заплашување за време на неодамнешната мисија на ЕП за утврдување фактите во земјата.
Здечовски, кој доаѓа од редовите на чешката Христијанско демократската унија (КДУ), во писмото наведува дека има „загрижувачки индикации“ оти членовите на официјалната делегација на ЕП, предводено од него, биле „намерно следени“ од словачките безбедносни служби за време на престојот во Словачка, каде имаа задача да го утврдат начинот на користење на средства исплатени на земјата од фондовите на ЕУ.
Брисел - Европската комисија разгледува начини за поедноставување на процедурите за пристапување во Европската Унија, со цел да се избегне ризикот билатерални прашања да го забават процесот, особено во овој чувствителен геополитички контекст. Ова го изјави еврокомесарката за проширување Марта Кос на сослушување пред Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент.
Кос изрази подготвеност да помогне во дијалогот меѓу Скопје и Софија. „Имаме политичка цел преговорите со Република Северна Македонија суштински да започнат веднаш штом се спроведат потребните уставни измени. Бугарија и Северна Македонија треба да преговараат и да најдат решение за овој билатерален спор, а јас сум подготвена да посредувам ако е потребно, изјави таа.
Ерусалим - Израелската армија (ИДФ) денеска соопшти дека тројца нејзини војници се убиени на север од Појасот Газа.
Со ова, бројот на убиени израелски војници во воената кампања во Газа од почетокот на копнената офанзива на 27 октомври 2023 година се зголеми до 424.
„Објавувањето на имињата на тројцата војници кои загинаа во борбите е одобрено“, соопшти израелската армија, прецизирајќи дека тие загинале на север од Појасот Газа.
Израелската армија ги засили своите воени операции во Појасот Газа со цел да преземе целосна контрола врз територијата.
Киев - Повеќе од 600.000 луѓе останаа без електрична енергија во регионот на Запорожје, во Украина, што сега е под руска контрола, поради напад на украинските вооружени сили, објави рускиот шеф на регионот, Евгениј Балицки. Руските медиуми го цитираат Балицки кој на Телеграм напиша дека 457 населени места во регионот на Запорожје останале без електрична енергија по нападот со беспилотни летала.
-Пожарите што избувнаа како резултат на нападот беа брзо изгаснати, а екипите на електроенергетската компанија започнаа со санација, истакна Балицки, наведувајќи дека важните објекти имаат резервни извори на енергија.
Хаг - Лидерот на холандската Партија на слободата, Герт Вилдерс, се повлече од владината коалиција, со што ја урна владата во Холандија. Ова го соопштија лидерите на останатите коалициски партии по кратка консултација со Вилдерс.
„Нема потпис за нашите планови за азил. Нема корекција на рамковниот договор. Партијата на слободата ја напушта коалицијата“, напиша Вилдерс на социјалната мрежа „Икс“.
Останатите коалициски партнери – Народната партија за слобода и демократија (НПСД), Новиот општествен договор (НОД) и Земјоделско-граѓанското движење (ФГД) – остро реагираа на потегот на Вилдерс. Лидерот на ФГД, Каролин ван дер Плас, го нарече „неодговорен чин на политичко самоубиство“, додека Николин ван Вронховен од НОД го оцени напуштањето како „целосно неодговорно“. Дилан Јешилгоз од НПСД изјави дека е „исклучително лута“.
Вашингтон – Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ѝ честиташе на Полска за изборот на историчарот Карол Навроцки за претседател на земјата.
„Честитки до Полска, избравте победник“, напиша американскиот претседател на својата социјална мрежа Truth Social, прикачувајќи го, како што презентираше, насловот на телевизијата Њузмакс, кој гласи „Сојузникот на Трамп победи во Полска, шокирајќи ја цела Европа“.
Во вториот круг од изборите во неделата, Полјаците го избраа 42-годишниот Карол Навроцки за претседател, историчар со хулиганска младост, претседател на Институтот за народно сеќавање, поранешен боксер, чија политичка инспирација е американскиот лидер Доналд Трамп и движењето MAGA.
Вашингтон - Предлог нуклеарниот договор што САД му го дадоа на Иран во замена би овозможил ограничено збогатување на ураниум со ниско ниво на иранска почва за временски период што ќе се утврди подоцна, објави „Аксиос“, повикувајќи се на изјави од двајца функционери запознаени со ова прашање.
Според предлогот, на Иран нема да му биде дозволено да гради нови постројки за збогатување на ураниум и ќе мора да „демонтира критична инфраструктура за конверзија и преработка на ураниум“, како и да ги суспендира новите истражувања.
Според договорот за иранската нуклеарна програма, на оваа земја нема да и биде дозволено да развива домашни капацитети за збогатување на ураниум, освен оние неопходни за цивилни цели, а по потпишувањето на договорот, Иран ќе мора привремено да ја намали концентрацијата на збогатување на три проценти.