Скопје - Три децении подоцна, наследството на Дејтонскиот договор нè потсетува дека дипломатијата, поддржана со единство и решителност, може да ги сопре куршумите и да започне обнова на човечки животи. Мирот не е крајна дестинација - тој е дисциплина. Процес. Одговорност. Одговорност која мора постојано да се негува, брани и обновува пред новите безбедносни закани.
Ова го истакнал министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тичо Муцунски во неговото обраќање на панел-дискусијата што се одржа во Дејтон, Охајо, по повод одбележувањето на 30-годишнината од Дејтонскиот мировен договор.
Скопје - Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривични пријави за поранешен Извршен директор во М-НАВ АД Скопје заради спојување на две сосема различни неспоиви јавни набавки во една и за Б.А. во својство на в.д. раководител на одделение за јавни набавки, заради сомневање дека пропуштила да направи должен надзор.
Со ова пријавените го оштетиле Буџетот на М-НАВ АД Скопје за износ од 1.493.433,00 денари.
Скопје - На подрачјата на сите сектори за внатрешни работи во текот на изминатиот викенд полициските службеници во рамки на интензивните сообраќајни контроли издале вкупно 1343 платни налози, а претежно по преземени мерки по основ на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата (ЗБСП), како и по основ на Законот за возила (ЗВ).
МВР денеска соопшти дека според статистичките податоци, специфично за деновите од викендите и натаму најголемиот број изречени прекршоци се однесуваат на непочитување на брзината на движење 546, за непрописно паркирање беа изречени 120 мерки, за непоседување на возачка дозвола изречени се 137 санкции, потоа 121 мерка за некористење на сигурносен појас, како и 47 изречени санкции за користење на мобилен телефон.
Скопје – Судскиот совет денеска го избра врховниот судија Африм Фидани за претседател на Врховен суд на Република Северна Македонија. Фидани беше избран за претседател со 8 гласа за и пет против. Кандидат беше и претходната претседателка на Врховен суд, Беса Адеми, кој доби само два гласа.
Дискусијата помеѓу членовите на Судскиот совет при изборот беше во насока на тоа дека поранешната претседателка Беса Адеми затаила во својата работа, додека, за судијата Африм Фидани посочија дека не сметаат дека е истакнат судија, но, имал конкретен акционен план со точно утврдени временски рамки кои се во насока да се подобрат состојбите.
Кичево - Градоначалникот на Кичево противзаконски склучил повеќе договори за извршување адвокатски услуги, оштетувајќи го општинскиот буџет за околу 64.000 евра.
СВР Охрид денеска соопшти дена ОВР Кичево поднела кривична пријава против Ф.Д.(51) од кичевското село Србица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 353 од Кривичниот законик, „Злоупотреба на службена положба и овластување“.
Атина – Во петокот и саботата, во неколку одвоени случаи јужно од Крит и јужно од островот Гавдос, Крајбрежната служба на Грција открила и спасила 597 мигранти, а биле уапсени и криумчари, јави дописничката на МИА од Атина.
Во саботата, два дрвени чамци во морскиот дел на 37 наутички милји јужно од Крит побарале помош, по што биле спасени вкупно 111 лица, меѓу кои една жена и едно дете, а сите безбедно биле пренесени на пристаништето на островот.
Белград - Здружението на синдикати на пензионирани воени лица на Србија најави протест за утре претпладне во Белград со барање за реформа на пензискиот исстем и како поддршка на барањето на студентите за предвремени парламентарни избори.
„Пензионерите ги поддржуваат барањата и протестите на студентите и со собир сакаат да ги поддржат во барањето за предвремени парламентарни избори и да ги искажат своите очекувања во врска со реформата на пензискиот систем за тој да биде финансиски одржлив, пофер и посигурен за идните пензионери“, соопшти здружението.
Москва – Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија и поранешен претседател Дмитриј Медведев, познат по контроверзни и често нереални закани, објави нова провокативна карта на Украина, на која речиси целата територија е обележана како т.н. „безбедносна зона“ под руска контрола.
„Ако продолжи воената помош за бандеровскиот режим, безбедносната зона ќе изгледа вака“, напиша Медведев под видеоснимка објавена на социјалните мрежи.
Москва – Украина ноќеска изведе масовен напад со беспилотни летала врз повеќе руски градови, како одговор на вчерашниот напад со крстосувачки и балистички ракети врз Киев, при што загинаа најмалку 12 цивили.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека се соборени 96 украински дронови над различни региони, меѓу кои и шест над областа на Москва. Вкупниот број на беспилотни летала не е официјално потврден, но според руските медиуми, нападот бил доволно масовен за да предизвика прекин на авионскиот сообраќај на сите московски аеродроми и на повеќето во европскиот дел на Русија.
Брисел– Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, денеска изрази надеж дека меѓународните партнери ќе го следат европскиот пример и ќе го зголемат притисокот врз Русија поради војната во Украина.
-Нападите врз Киев се ужасни, Русија очигледно го зголемува притисокот врз Украина, рече Калас пред почетокот на денешната седница на Советот на ЕУ за надворешни работи во Брисел. „Од нас зависи да извршиме притисок врз Русија, за Москва исто така да посака мир“, додаде таа. - ЕУ е подготвена да го зголеми притисокот против Русија, се надеваме дека другите меѓународни партнери ќе нè следат, рече Калас.
Брисел – Кабинетот на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен им препорачал на еврокомесарите да избегнуваат присуство на Парадата на гордоста во Будимпешта, најавена за кон крајот на следниот месец, со цел да не ја „провоцираат“ Владата на унгарскиот премиер Виктор Орбан, објави бриселскиот портал „Еурактив“, повикувајќи се на извори во ЕК.
Според истите извори, Кабинетот на Фон дер Лајен „јасно ставил до знаење дека не сака да види никого на Парадата“, затоа што не сака комесарите да се мешаат во внатрешни работи на земја членка на ЕУ и да создаваат тензии.
Берлин – Четворица поранешни менаџери на германскиот автомобилски гигант Фолксваген денеска беа осудени за измама поради скандалот со емисиите на дизел гориво, речиси една деценија откако американските власти открија манипулиран софтвер на милиони автомобили на Фолксваген.
Регионалниот суд во Брауншвајг осуди двајца обвинети на неколку години затвор, додека другите двајца добија условни казни јави ДПА.
Дејтон – Членот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Денис Беќировиќ, оствари средба со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во воздухопловната база Рајт-Патерсон во Дејтон, во рамки на меѓународната конференција по повод 30-годишнината од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор.
Ова беше нивна четврта средба во последните шест месеци, што, според Беќировиќ, го потврдува стратешкиот карактер и интензитетот на односите меѓу БиХ и НАТО.
Вашингтон - Претседателот на САД Доналд Трамп изјави дека на разговорите со Иран за неговата нуклеарна програма во Рим е постигнат „сериозен напредок“, но додаде дека исходот сè уште е неизвесен, пренесе ДПА.
- Имавме многу, многу добри разговори со Иран. Не знам дали во следните денови ќе соопштам нешто добро или лошо, но имам чувство дека ќе биде нешто добро, изјави вчера Трамп пред новинарите.
Тој нагласи дека сè уште се надева на договор кој би спречил понатамошна ескалација: „Би сакал тоа да се постигне, затоа што не сакам да гледам како паѓаат бомби и умираат луѓе“.
Газа - Вкупно 107 камиони со хуманитарна помош вчера влегоа во Појасот Газа преку преминот Керем Шалом, јави ДПА, повикувајќи се на израелската служба КОГАТ при Министерството за одбрана, која е надлежна за цивилната координација во палестинските територии.
Помошта вклучувала брашно за пекарите и други прехранбени производи.
„Израелските одбранбени сили ќе продолжат да поддржуваат доставата на хуманитарна помош во Газа, вложувајќи напори таа да не заврши во рацете на терористичката организација Хамас“, се наведува во соопштението.
Њу Делхи – Индиската држава Керала денеска прогласи висок степен на тревога долж својот брег откако контејнерски брод што превезувал опасен товар потона во близина на брегот.
Бродот, под знаме на Либерија, пловел меѓу индиските пристаништа Вижинџам и Кочи кога, од сè уште непознати причини, потонал на околу 38 наутички милји (70 километри) од брегот на Керала во неделата наутро. Сите 24 членови на екипажот се спасени, соопшти индиското Министерство за одбрана.
Ханој – Претседателот на Франција, Емануел Макрон, денеска во Виетнам, од каде што ја почна турнејата по Југоисточна Азија, ја повтори својата посветеност на светскиот поредок „заснован на правото“.
Макрон зборуваше за „големи нерамнотежи и враќање на реториката заснована на моќ или заплашување“ за време на состанокот со неговиот виетнамски колега Луонг Куонг. Францускиот претседател додаде дека мора заеднички да се дејствува за да се зачува поредокот заснован на закон, како неопходен услов за просперитет.
Тел Авив – По извештајот од Либан дека Израел начелно одобрил нов предлог за заложници и прекин на огнот, висок израелски функционер изјави дека договорот е одбиен.
- Предлогот што го доби Израел не може да биде прифатен од ниту една одговорна влада, изјавил функционерот, без да даде дополнителни детали, јави Тајмс од Израел.