
Скопје - Објавен е Јавен конкурс за изработка на заштитен знак (лого) на Собранието на Република Северна Македонија со цел законодавниот дом да го модернизира и изедначи својот институционален, визуелен идентитет преку изработка на заштитен знак, кој треба да ги одразува националните вредности и вредностите, мисијата и визијата на институцијата, соопшти денеска собраниската прес - служба.
Во Јавниот конкурс се посочени главните елементи што треба да ги содржат понудите за идејно решение за изработка на логото и критериумите што треба да бидат задоволени. Меѓу другото, дизајнот на логото треба да биде уникатен и неупотребуван досега, така што авторот треба да обезбеди ексклузивност на дизајнот и да гарантира дека конечниот труд нема да повредува какви било интелектални права.
Скопје - Северна Македонија може повторно да го фати чекорот така што ќе започне со работата на реформската агенда. Агендата 2030 на ЕУ е активна, а перспективата за членство на земјата во ЕУ е вистинска, исполнива и изводлива, кажа на денешната дебата на тема „Реформите како заедничка одговорност: Градење консензус за пристапување на Северна Македонија во ЕУ“ Владимир Дробњак, поранешен главен преговарач за пристапните преговори на Хрватска со ЕУ и експерт на УНОПС.
- Меѓународниот поредок се менува и нивото на несигурност значително се зголеми. Некој може да каже дека во моментов глобалните институции имаат и мултилатералните системи се разградуваат и незнаеме како ќе изгледа иднината. Меѓутоа ЕУ останува на овој стратешки пат и овој стратешки момент силна и релевантна многу повеќе од кога било за да понуди и сила, меѓутоа и заштита во исто време. И ова е она што за Северна Македонија е најважното нешто и најважната точка. Имајќи предвид дека ја имаме оваа несигурност на времињата во кои што живееме, сите треба да сфатат дека националниот интерес најдобро служи на целта кога европските решенија функционираат, а центарот на гравитацијата на Северна Македонија не е Скопје туку Брисел и Вашингтон, рече Дробњак.
Скопје - Советот на Народната банка го усвои Годишниот извештај за 2024 година, во кој, како што соопшти НБ, се истакна успешното остварување на целите на централната банка, што е потврдено и од најрелевантните меѓународни финансиски институции, а се согледува преку натамошното забавување на инфлацијата, одржувањето на стабилноста на девизниот курс и натамошното јакнење на финансиската стабилност.
Иако условите сѐ уште се неизвесни, добрите трендови кај инфлацијата и девизните резерви овозможија постепена нормализација на монетарната политика. Паралелно со справувањето со макроекономските предизвици, Народната банка оствари и бројни проекти.
Скопје - Во рамки на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“ - 2 фаза, Министерството за локална самоуправа набави ИТ опрема за сите осум центри за развој на планските региони. Овој проект, како што денеска соопштија од Министерството, поддржан од Владата на Швајцарија, претставува значајна инвестиција во подобрување на капацитетите на центрите и нивната способност да обезбедат поефикасен и поквалитетен сервис за граѓаните.
Во Министерството за локална самоуправа денеска симболично било извршено примопредавање на опремата, при што директорите на центрите едногласно истакнале дека таа значително ќе им помогне во обезбедување на побрз и поефикасен пристап до информации, како и голема поддршка во напорите за одржлив развој во сите региони низ земјава.
Скопје - Синдикатот на културата (СКРМ) денеска одржа протестен совет пред Министерството за култура поради неисплатените плати и поради непочитување на колективните договори. На советот претставниците на Синдикатот побараа достоинствени услови за работа, почитување на колективните договори, транспарентност и професионално управување со културните институции, стратегија за развој на културата, како и Закон за култура со учество на културните работници во нивно изготвување.
Претседателката на СКРМ, Вера Атанасовска денеска за време на протестниот совет информираше дека од сметководствените и правните служби во институциите за култура, добиле известување дека од страна на Министерството за култура и туризам се доставени нови насоки за пресметка на плата.
Скопје - Вредноста на синдикалната минимална кошница за месец април 2025 година изнесува 62.691 денари, што е зголемување од 836 денари во споредба со март, соопшти Сојузот на синдикати на Македонија. Најмногу, односно 21.480 денари (34,3%) од буџетот се издвоени за храна и пијалоци. За облека и обувки се издвоени 5.634 денари (9,0%), станарина, вода, електрична енергија и греење 6.096 денари (9,7%), лична хигиена и оддржување на хигиена во домот 2.455 денари (3,9%).
Во априлската синдикална минимална кошниџа за здравје се издвоени 1.136 денари (1,8%), транспорт 4.615 денари (7,4%), комуникации 3.417 денари (5,5%), рекреација и култура 5.592 денари (8,9%), образование 7.036 денари (11,2%), ресторани и хотели 4.131 денари (6,6%) и останати стоки и услуги 1.100 денари (1,8%).
Скопје - Движењето ЗНАМ формира преговарачки тим за соработка со политичките партии и нормално е дека ние во рамките на владиното партнерство веќе ги почнуваме разговорите со нашиот владин партнер ВМРО - ДПМНЕ. Во делот за настапот на локалните избори, партиското раководство размислува за самостоен настап на ниво на советнички листи, а во делот на соработка за избор на кандидати за градоначалници во општините, размислуваме за соработка и заемна поддршка со ВМРО - ДПМНЕ. Меѓутоа, секако, кандидатите на ЗНАМ ќе бидат кандидати самостојни на ЗНАМ, поддржани од ВМРО - ДПМНЕ и нивната коалиција. Ова го истакна денеска на прес-конференција, портпаролот на движењето, Никола Мемов.
Засега било разговарано исклучиво со коалицијата на ВМРО - ДПМНЕ, „За подобра Македонија“. На новинарско прашање, дали е можна поддршка и коалиција со некоја друга партија, тој одговори дека, конечниот заклучок и соработка за евентуална таква поддршка на локалните избори, ќе било одлучено од органите и телата на партијата.
Белград - Дел од српската опозиција утре претпладне најави поднесување барање за седница на Комисијата за нов процес за избор на независни членови на РЕМ, јави дописникот на МИА од Белград.
Потегот се презема по осум денови студентска блокада на РТС во Белград.
„Заедно со колегите и пратеничките групи кои имаат членови во Комисијата за култура и информирање, утре претпладне поднесуваме барање за седница на комисијата на која мора да се отпочне нов процес за избор на независни членови на РЕМ. Ние институционално ќе се обидеме да го натераме режимот да одговори на ова студентско барање - изјави за Данас Радомир Лазовиќ, копретседател на Зелено-левичарскиот фронт и член на надлежната собраниска комисија.
Белград - Обединетата просвета на Србија ги повика денеска вработените во образованието да се обединат и да учествуваат во бел штрајк – како израз на професионална, педагошка и граѓанска одговорност“.
Како што се наведува во соопштението, „бел штрајк“ значи: „заклучување највисоки оценки за сите ученици, како начин да се обезбедат еднакви услови во учебна година што не била еднаква, заштита на учениците кои станале колатерална штета на неодговорната образовна политика, отпор против уривањето на угледот на образованието, репресија на наставниците и злоупотреба на системот“.
„Оваа учебна година учениците низ Србија немаа еднакви услови за работа и напредување. Во многу училишта наставата беше прекината поради борбата за поправедно општество - без реакција од министерството, без поддршка, без јасен план, без никаква одговорност од надлежните.Министерството не ги разгледа барањата на наставниците, но таму каде што државата потфрли, наставниците преземаа одговорност. Белиот штрајк не е знак на неодговорност на наставниците - туку на одговорен отпор на професионалците кои одбиваат да учествуваат во неправдата“.
Берлин - Последните официјални податоци покажуваат дека во Берлин има значително зголемување на бројот на напади врз баратели на азил и центри за нивно прифаќање, како и екстремно десничарски криминални дела, поради што има се повеќе повици за поголема заштита на мигрантите и построга политика кон екстремно десничарското насилство, пишува денеска Гардијан.
Официјалните податоци, чие објавување го побараа двајца локални пратеници на Партијата на зелените, покажуваат дека во 2024 година имало 77 напади врз баратели на азил и бегалци, како и осум случаи на напади врз центри за нивен прием, додека една година претходно биле регистрирани 32 вакви инциденти врз бегалци, а ниту еден центар не бил нападнат.
Брисел - Европската комисија предложи нова Регулатива за стимулирање на инвестициите поврзани со одбраната со средства од Буџетот на ЕУ, која има за цел да ја зајакне одбранбена подготвеност на ЕУ до 2030 година и да овозможи спроведување на планот „Ревооружување на Европа“.
Со новата регулатива ќе се овозможи искористување на постоечките финансиски програми на ЕУ за побрзи, пофлексибилни и координирани инвестиции во одбранбената технолошка и индустриска база на Европа.
Брисел – Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в сабота ќе отпатува за Рим за да присуствува на погребот на папата Франциск, соопшти денеска заменичката портпаролка на ЕК, Аријана Подеста.
-Светот жали за смртта на папата Франциск. Тој инспирираше милиони луѓе, дури и надвор од Католичката црква, со својата понизност и толку чиста љубов за помалку среќните. Нашите мислите се со сите што тагуваат поради оваа голема загуба. Нека најдат утеха во идејата дека наследството на папата Франциск ќе продолжи да не води сите нас кон поправеден, мирен и сочувствителен свет, изјави Подеста, пренесувајќи дел од пораката на Фон дер Лајен по повод смртта на понтифот.
Брисел - Европската Унија поттикнува поголема транспарентност на технолошките компании кон потрошувачите. Најновиот пропис во таа насока, е тоа што од 20 јуни оваа година, сите паметни телефони и таблети што ќе се продаваат во ЕУ ќе мора да носат нова ознака којашто ќе ги означува и гарантира траењето и ефикасноста на батеријата.
Станува збор за промена поврзана со енергетските ознаки. Регулативата се однесува на сите безжични телефони (и мобилни и фиксни), без разлика дали уредот користи копнена, мобилна или сателитска мрежа, е со или без интернет-врски или работи со помош на апликации од трета страна, а сѐ ова важи и за таблети со екрани со големина меѓу 7 и 17,4 инчи. Новата налепница ќе стои на новите уреди што ќе бидат пуштени на пазарот на 20 јуни и потоа.
Брисел – Европската комисија продолжува со дипломатските напори на сите нивоа и во секое време за поддршка на Украина и на нејзиното право на одбрана и постигнување траен и праведен мир, изјави заменичката портпаролка на ЕК, Аријана Подеста во врска со за утре најавената средба во Лондон посветена на мировните преговори за прекин на украинскиот конфликт.
- Во однос на конкретниот состанок, тој е во контекст на ангажманот што го имаме веќе три години и кон кој продолжуваме да се придржуваме, рече Подеста во одговор на прашање дали Европската Комисија ќе учествува со свој претставник на средбата во Лондон.
Москва – Русија е подготвена да го разгледа предлогот на украинскиот претседател Володимир Зеленски за прекин на нападите врз цивилната инфраструктура, изјави денеска портпарлот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Тој додаде дека во моментот нема конкретни планови за разговори помеѓу Русија и Украина. Зеленски вчера изјави дека Украина е подготвена за секаква форма на дискусии за да се стави крај на нападите врз цивилни објекти.
- Украина продолжува да го одржува својот предлог да не се напаѓа барем цивилните цели. И очекуваме јасен одговор од Москва, посочи вчера Зеленски.
Вашингтон - Американското Министерство за трговија најави воведување царини до 3.521 отсто за увоз на соларни панели од четири земји од Југоисточна Азија - Камбоџа, Тајланд, Малезија и Виетнам. Предложените царини би биле одговор на обвинувањата дека Кина ги субвенционира производителите и наводно исфрла неправедно евтини производи на американскиот пазар. Одлука за конечните царини ќе донесе Американската меѓународна трговска комисија во јуни.
Станува збор за компензаторни и антидампинг давачки кои варираат во зависност од производителот и земјата на потекло на производот. Некои извозници од Камбоџа се соочуваат со највисоки царини, до 3.521 отсто, поради, според Министерството за трговија, недостаток на соработка во текот на истрагата.
Вашингтон - Повеќе од 100 американски универзитети и колеџи, вклучително и институциите на Ајви лигата - Принстон и Браун, денеска објавија заедничко писмо во кое го осудуваат „политичкото мешање“ на претседателот Доналд Трамп во образовниот систем. Тој потег доаѓа еден ден откако Универзитетот Харвард ја тужеше администрацијата на Трамп, која се закани дека ќе го намали финансирањето и ќе наметне надворешен политички надзор.
„Зборуваме со еден глас против невиденото пречекорување на владата и политичкото мешање кое сега го загрозува американското високо образование“, се вели во писмото. „Ние сме отворени за конструктивни реформи и не се противиме на легитимниот владин надзор. Сепак, мора да се спротивставиме на несоодветниот владин упад“.
Сан Франциско - Поранешниот американски потпретседател, Ал Гор, ја спореди администрацијата на Доналд Трамп со нацистичка Германија.
Говорејќи на митинг по повод почетокот на Неделата на климата во Сан Франциско, Гор рече дека администрацијата на Трамп се обидува да создаде своја претпочитана верзија на реалноста за да ги постигне своите сеопфатни цели слични на Нацистичката партија на Адолф Хитлер во 1930-тите и 1940-тите, пишува Политико.
Бејрут – Во денешниот израелски напад убиен е воениот лидер на либанската исламистичка група Џама Исламија, Хусеин Атуи, изјави неименуван безбедносен извор.
Либанската цивилна одбрана соопшти дека израелско беспилотно летало гаѓаше автомобил во близина на градот Дамур, дваесетина километри од Бејрут.
Џама Исламија е група која соработува со палестинското исламистичко движење Хамас и е во сојуз со проиранскиот Хезболах.
Џајпур - Американскиот претседател Доналд Трамп сака и САД и Индија да растат и соодветно на тоа да можат да работат заедно во областите како што се трговијата, одбраната и енергијата за победничка соработка за двете земји, изјави денеска американскиот потпретседател Џеј Ди Венс за време на неговата посета на градот Џајпур, во северозападната индиска држава Раџастан.
Венс, кој е во четиридневна посета на Индија, вчера имаше средба со индискиот премиер Нарендра Моди во главниот град Делхи.
Њујорк - Шефот на Агенцијата на ОН за палестински бегалци (УНРВА), Филип Лазарини денеска го осуди „намерното влошување на состојбата со гладот“ во Појасот Газа, по 50-дневната блокада на израелската помош на палестинската територија зафатена од војна.
„Газа стана земја на очајот. Гладот се шири и се влошува, намерно, а тоа е резултат на човечка рака“, рече претставникот на УНРВА.
Каиро - Делегација на Хамас се упатува во египетската престолнина Каиро за да „разговараат за нови идеи“ за прекин на огнот во Газа, изјави претставник на исламистичкото движење. Делегацијата, предводена од главниот преговарач на Хамас, Калил ал Хаја, „ќе има средби со египетските претставници за нови идеи насочени кон постигнување прекин на огнот“ на палестинската територија, според истиот извор.
Во четвртокот Хамас го отфрли израелскиот предлог за прекин на огнот, велејќи дека е против „делумен“ договор со повеќе фази и сака „целосен договор“ како што е предвидено.