• сабота, 21 јуни 2025
МИА Радио флеш

14 мај 2025

Скопје - Предлог Закон за Судскиот совет во кој се инкорпорирани препораките од Оценската мисија на ЕК е завршен и објавен на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР), информира Министерството за правда.

Согласно Реформската агенда која официјално беше одобрена од Европската комисија, земјава до јуни 2025 година треба да има нов закон за Судски совет. Од МП, нагласуваат дека со оглед на обемноста на законските измени, речиси 2/3,  се преминало кон изработка на целосно ново законско решение и дека Предлог Законот е доставен на мислење до Венецијанската комисија, а клучни новини кои ги предлага работната група се:

Скопје - Врховниот суд ја укина пресудата на Апелациониот суд Скопје против Васил Јованов со која тој беше осуден на три години и 10 месеци затвор за кривичното дело поседување и трговија со наркотици и предметот го врати на второстепениот суд на повторно постапување и одлучување.

Пресудата за ова дело Кривичниот суд ја зема како отежнителна околност при одмерувањето на висината на казната на Јованов при вчерашното изрекување на казна затвор од 12 години, врз основа на признание на вина за делото „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ за сообраќајката во која ја прегази Фросина Кулакова.  

Скопје - На редовниот економски и финансиски дијалог помеѓу Европската Унија и земјите партнерки од Западен Балкан, којшто се одржа во Брисел, гувернерката на Народната банка (НБ), Анита Ангеловска-Бежоска, се осврна на клучните монетарни и финансиски аспекти поврзани со макроекономската состојба и реформските процеси во нашата економија.

На дијалогот, на кој учествуваше и министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, гувернерката нагласи дека, и покрај серијата економски и геополитички шокови во последните неколку години, успешно е зачувана, па дури и зајакната макроекономската стабилност, која претставува темел за одржлив економски раст и постепено приближување на доходот кон просекот на Европската Унија, соопшти НБ.

Скопје - Во заландовското село Дедели, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Валандово го лишиле од слобода Џ.О.(43) од село Дедели, соопштија денеска од МВР.

При претрес на неговиот дом, извршен со судска наредба, билa пронајденa марихуана. - Лицето било задржано во Полициската станица Валандово, за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и во текот на денот ќе му биде поднесена соодветна кривична пријава, по што Џ.О. ќе биде изведен пред судија од Основен суд Гевгелија, соопшти МВР. 

Тирана - Откако победи на парламентарните избори на 11 мај, со добиени 83 мандати, лидерот на социјалистите Еди Рама, утрово им се заблагодари на сите Албанци за дадената поддршка.

Во објава на Фејсбук тој вели дека „не може да ги најде зборовите за својот говор, кој ќе го одржи во 19 часот на плоштадот „Скендербег“.
-Ви признавам дека не можам да најдам зборови за вечерва во 19 часот на плоштадот „Скендербег“. Искрено ви се заблагодарувам за вашата неопислива доверба и ви посакувам добар и убав ден, пишува Рама.

Софија - Претседателката на  бугарското Собрание и поранешна советничка на претседателот, Наталија Киселова, го врати барањето за референдум за еврото на претседателот Румен Радев.

Како резултат на тоа, Народното собрание нема да го разгледува барањето на Радев за гласање на предлогот за одржување на референдум за воведување на еврото од 2026 година. Со ова се исклучува можноста претседателот подоцна да го повика Уставниот суд, бидејќи без одлука на парламентот нема што да се испрати до Судот.

Атина - Пред влезот на зградата во атинска населба во која живее пратеникот од владејачката партија Нова демократија Максимос Харакопулос, во текот на ноќта бил поставен импровизиран експлозивен механизам што предизвикал мала материјална штета на влезната врата, јави дописничката на МИА од Атина.

Пратеникот рече дека околу 2.45 часот ги разбудил мирис на чад, за среќа поставените плински боци не експлодирале, туку само се запалиле, а пожарот што веднаш бил изгасен, ја зафатил вратата. Додаде дека и друг пат бил жртва на вакви дејствија, но посочи дека не знае кој стои зад инцидентот.

Њујорк - Невладината организација „Хјуман рајтс воч“ (ХРВ) денес предупреди дека Светското првенство во 2034 година, кое ФИФА ѝ го додели на Саудиска Арабија во декември, „не смее да се организира врз трупови на работници“.

Во најновиот извештај на ХРВ документирани се сериозни кршења на правата на работниците кои работат на инфраструктурни проекти поврзани со подготовките за Мундијалот. Извештајот е заснован на интервјуа со 31 семејство на работници кои загинале на градилишта, претежно од Бангладеш, Индија и Непал, на возраст од 23 до 52 години, како и тројца очевидци на фаталните несреќи.

Киев - Според извори од украинската разузнавачка служба, Русија се подготвува за значајна офанзива во Украина, префрлајќи трупи кон клучни позиции на боиштето.

Според весникот „Фајненшл тајмс“, подготовките сугерираат дека Москва планира ескалација на конфликтот, и покрај очекуваните преговори за прекин на огнот оваа недела и повиците од Киев и неговите сојузници за безусловно 30-дневно примирје.

Киев - Украинскиот претседател Володимир Зеленски продолжува да врши притисок врз рускиот претседател Владимир Путин за да учествува на предложените разговори во Турција.

Во своето ноќно обраќање, Зеленски изјави дека секој повик за долгорочно и безусловно примирје е значаен и дека директните преговори на највисоко ниво се исто толку важни.

Брисел - Европската комисија ги прекршила правилата за транспарентност на ЕУ со тоа што го одбила барањето на новинар за пристап до текстуалните пораки меѓу претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен и извршниот директор на „Фајзер“, Алберт Бурла за набавката на вакцини против Ковид-19 за Унијата, оцени денеска Основниот суд на ЕУ. 

Според оценката на Судот со седиште во Луксембург, Европската комисијата „не дала веродостојно објаснување за да го оправда“ одбивањето на барањето на новинарот за пристап до текстуалните пораки. 

Брисел - Подготвеноста за војна е најдоброто средство за одржување на мирот, изјави новиот шеф на Воениот комитет на НАТО, адмиралот Џузепе Каво Драгоне, на отворањето на денешниот состанок на шефовите на одбранбените сили на пактот во седиштето на алијансата во Брисел.

-НАТО е решена да остане светилник на слободата, демократијата и владеењето на правото. Мирот и стабилноста не се загарантирани, а цената за нивно одржување е висока, но е неспоредлива со цената на војната, додаде тој.

Пекинг - Кина и Колумбија потпишаа договор за билатерална соработка во рамки на иницијативата „Појас и пат“ на Пекинг, голем проект за финансирање на инфраструктурни проекти.  Потпишувањето на договорот дојде откако претседателите на двете земји се сретнаа во Пекинг на маргините на форумот меѓу Кина и Заедницата на латиноамерикански и карипски држави.

Растечката трговија во последните години помогна за засилување на влијанието на Пекинг во Латинска Америка и Карибите, регион од стратешко значење за САД. Кина е втор најголем трговски партнер на Колумбија по Вашингтон. 

Бразилија - Бразилскиот претседател Луиз Инасио Лула да Силва најави дека ќе го повика рускиот претседател Владимир Путин на средба со неговиот украински колега Володимир Зеленски во Турција за време на мировните преговори за војната во Украина.

Лула се придружи на повиците на многу други земји рускиот лидер лично да оди во Истанбул на директни преговори со Киев. -Ќе се обидам да разговарам со Путин, рече Лула на прес-конференција во Пекинг, пред планираната посета на Москва на враќање во Бразил. „Ништо не ме спречува да му кажам: „Еј, пријателе Путин, оди во Истанбул и преговарај“, додаде тој.

Брисел - Европската комисија ги прекршила правилата за транспарентност на ЕУ со тоа што го одбила барањето на новинар за пристап до текстуалните пораки меѓу претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен и извршниот директор на „Фајзер“, Алберт Бурла за набавката на вакцини против Ковид-19 за Унијата, оцени денеска Основниот суд на ЕУ.  

Според оценката на Судот со седиште во Луксембург, Европската комисијата „не дала веродостојно објаснување за да го оправда“ одбивањето на барањето на новинарот за пристап до текстуалните пораки.  

Брисел - Европската Унија го одобри 17-тиот пакет санкции против Русија, изјави шефот на француската дипломатија Жан-Ноел Баро. Тој најави дека ЕУ сега ќе работи на воведување уште построги санкции заедно со САД.

Новите санкции се насочени првенствено кон така наречената руска флота во сенка, која ѝ помагаат на Москва да ги заобиколи западните санкции и се сметаат за безбедносен и еколошки ризик.

Остани поврзан