МИА Радио флеш
- 2 јануари 2025
2 јануари 2025
Скопје - Ако за правосудството во 2023 година се зборуваше низ призма на одложена и застарена правда, во 2024 главниот збор беше – реформа. Единствениот орган за избор, оценка и контрола на работата на судиите и чуварот на довербата на граѓаните кон судството – Судскиот совет, годината ја почна со претседателски „рокади“, а ја заврши со празно столче на функцијата претседател на Советот и закажана седница за избор на нов претседател на 3 јануари оваа година. Судскиот совет, повторно се најде во фокусот на јавноста, но не само по контроверзно разрешување, па враќање, и на крајот оставка од функција на претседателката Весна Дамева, туку и по обидите за примена на дел од препораките на Оценската мисија во своето работење, како и отворените повици од власта за нивно распуштање и реформа на Законот за судски совет.
Во декември изминатата година, Весна Дамева поднесе неотповиклива оставка поради како што посочи „немањето слух кај извршната и законодавната власт да се обезбеди брза и ефикасна правда, како и обидите за нарушување на нејзиниот интегритет од страна на високи функционери од власта“. Судскиот совет тогаш остана да функционира без претседател. Подоцна, Обвинителството и полицијата влегоа во Советот да проверат евентуално сторено кривично дело со мандатот на Дамева, како и во врска со постапките за утврдување одговорност на судии кои постапувале во предметот „Таргет-Тврдина“.
Скопје - Патната и железничката мрежа во државава ја стартуваат новата година со најава за пуштање на експресниот пат Ранковце-Крива Паланка и делницата од експресниот пат Градско-Фариш, а во јуни и првите километри од автопатот Кичево-Охрид.
Од автопатите што ги гради „Бехтел и Енка“ годинава се планира изградба долж целата траса на делниците Тетово–Гостивар во должина од 17 километри, на исто толку километри и на Гостивар–Букојчани, а на Прилеп–Битола на 25 километри. За втората фаза од автопатот Скопје - Блаце се очекува тендерска објава за надзор и за градежни работи следниот месец.
Скопје - Премиерот Христијан Мицкоски во новогодишното интервју за МИА нагласува дека е подготвен во секое време да разговара со кој било политички актер, кој има каква било идеја, која води кон национално помирување за државните стратешки интереси.
Мицкоски нагласува оти е добро што идејата за заедничка стратегија, на која повика тој самиот, а потоа и коалицискиот партнер ЗНАМ преку предложената Платформа, но и лидерот на опозицијата Венко Филипче со предлагање на натпартиска стратегија, е се поприсутна и се втемелува во јавноста.
Скопје - Патната и железничката мрежа во државава ја стартуваат новата година со најава за пуштање на експресниот пат Ранковце-Крива Паланка и делницата од експресниот пат Градско-Фариш, а во јуни и првите километри од автопатот Кичево-Охрид.
Од автопатите што ги гради „Бехтел и Енка“ годинава се планира изградба долж целата траса на делниците Тетово–Гостивар во должина од 17 километри, на исто толку километри и на Гостивар–Букојчани, а на Прилеп–Битола на 25 километри. За втората фаза од автопатот Скопје - Блаце се очекува тендерска објава за надзор и за градежни работи следниот месец.
Скопје - Најниска температура од минус седум степени утрово е измерена во Берово, а највисока од 1 степен целзиусов во Крушево.
УХМР информира дека -6 степени целзиусови се измерени во Скопје Петровец, Битола, Струмица, Тетово, -5 Штип, Велес, -4 Скопје-Зајчев Рид, Демир Капија, Кавадарци, Прилеп, Крива Паланка, -3 Гевгелија, -2 Маврови Анови, Претор, -1 Охрид, Виница, 0 Попова Шапка, 1 Крушево.
Цетиње - Осомничениот за невидениот масакр во црногорскиот град Цетиње, Ацо Мартиновиќ, се самоуби откако претходно убил најмалку дванаесет лица, соопшти црногорската полиција. Мартиновиќ, кој беше во бегство, полицијата го лоцирала недалеку од неговата куќа во Цетиње.
-Откако полицијата го опколи и откако виде дека е во безизлезна ситуација, тој се застрела и почина при транспортот до Клиничкиот центар, изјави ноќеска на прес-конференција директорот на полицијата Лазар Шќепановиќ.
Киев - Украинските воздухопловни сили денеска соопштија дека собориле 47 беспилотни летала со кои Русија синоќа ја нападнала Украина.
Од вкупно 72 беспилотни летала со кои Русија ја нападна Украина, 24 „дронови имитатори“ не успеале да стигнат до своите цели, соопштија украинските сили.
Киев - Врховниот командант на украинската армија, генерал Олександр Сирски, го сумираше развојот на ситуацијата на фронтот во руската погранична област Курск по посетата на тамошните украински сили, јави ДПА.
Во објава на Телеграм, Сирски рече дека од почетокот на украинската офанзива во областа Курск, руската армија изгубила повеќе од 34.000 војници кои биле убиени или ранети во обидите да ги потиснат украинските сили.
Минхен - Конзервативната Христијанско-социјална унија (ЦСУ), која е доминантна политичка сила во германската покраина Баварија, предлага правото на престој на мигрантите да биде врзано со доказ дека имаат доволни приходи, јави ДПА.
Покрај тоа, ЦСУ повикува на депортација на мигрантите кои повеќе пати извршиле прекршоци и злосторства.
Овие предлози се изнесени во документот подготвен за средба на пратениците на ЦСУ во Бундестагот следната недела.
Тегусигалпа - Претседателката на Хондурас, Ксиомара Кастро денеска се закани дека ќе ги затвори американските воени бази во нејзината земја доколку новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп ја исполни својата закана дека масовно ќе депортира негови граѓани по преземањето на функцијата.
„Соочени со непријателскиот став за масовно протерување“ на Хондурас, „мора да размислиме за промена во нашите политики за соработка со САД, особено на воено поле, во кое тие одржуваат воени бази на нашата територија без да платат цент со децении. Во овој случај (воените бази) ќе изгубат каква било причина да постојат во Хондурас“, изјави Кастро за националното радио и телевизија.
Газа - Населението на Газа се намали за шест отсто од почетокот на војната со Израел пред речиси 15 месеци, бидејќи околу 100.000 Палестинци ја напуштија енклавата, додека повеќе од 55.000 се верува дека ги загубиле животите, покажуваат податоците на Палестинското Централно биро за статистика (PCBS).
Околу 45.500 Палестинци, од кои повеќе од половината се жени и деца, се убиени од почетокот на војната, но уште 11.000 се водат за исчезнати, соопшти ПСБС, повикувајќи се на податоци од палестинското Министерство за здравство.
Техеран - Шефот на иранската диломатија Абас Арагчи изјави дека ракетните капацитети на Иран се важен потпора во дипломатијата со Западот, наведувајќи дека без оваа моќ, ниту една земја не би била подготвена да преговара со Иран за неговата нуклеарна енергетска програма.
Арагчи зи иранската агенција Тасним изјави дека дипломатијата се темели на моќ и фактори за градење моќ, како што се ракетните способности.
Техеран - Иранскиот Врховен верски лидер, ајатолахот Али Хамнеи, вчера изјави дека американските бази во Сирија ќе бидат „згазени под нозете на сириската младина“.
Денеска САД континуирано градат бази во Сирија. Овие бази несомнено ќе бидат прегазени под нозете на сириската младина“, рече Хамнеи на платформата X.
Њу Орлеанс - Шамсуд-Дин Џабар, 42-годишникот од Тексас, кој со својот камионет се заби во толпата на новогодишната ноќ во Њу Орлеанс, убивајќи 15 и ранувајќи десетици други, отслужил 13 години во американската војска, вклучително и во Авганистан.
Истражителите на ФБИ и локалната полиција соопштија дека Џабар не дејствувал сам и дека ги бара неговите соработници.
Тел Авив - Поранешниот израелски министер за одбрана, Јоав Галант, кој често заземаше независен став од премиерот Бенјамин Нетанјаху и неговите екстремно десничарски сојузници во владата, изјави дека поднесува оставка од парламентот.
Нетанјаху го смени Галант од владата во ноември по неколкумесечни несогласувања околу водењето на војната против Хамас во Газа, но тој го задржа своето место како избран член на Кнесетот.
Лас Вегас - Најмалку едно лице загина, а седум се поврдени во експлозија на електричен автомобил „Cybertruck“ на компанијата „Тесла“, на најбогатиот човек на светот, Илон Маск, што бил паркиран пред хотелот на новиот американски претседател Доналд Трамп во Лас Вегас, во сојузната ндржава Невада.
Шерифот од Лас Вегас, Кевин Мекмахил, на прес конференција изјави дека пожарот на возилото бил пријавен во 8:40 часот по локално време. Екипите за итни случаи пристигнаа на местото на настанот и го затекнале возилото „Cybertruck“ од 2024 година целосно зафатено со пламен.