• сабота, 20 јули 2024
МИА Радиофлеш

8 февруари 2023

 

- Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски денеска се сретна со Стефан Дион, специјален пратеник на премиерот на Канада, Џастин Трудо, за Европската Унија и амбасадор на Канада во Франција и Монако.

 

- Пред објавување на конечниот договор околу проширувањето на владиното мнозинство, лидерот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски ќе одржи средба со претставници на сегашните коалициски партнери на која ќе ги информира што е договорено за влез на Алијансата за Албанците во Владата, дознава МИА од партиски извори.

 

- Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска телефонски разговарал со шефот на романската дипломатија Богдан Ауреску.

 

– Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска рече дека не може да ги коментира цените на основните прехранбени производи, но очекува, како што изјави, нивно намалување согласно поддршката за струјата што ја добија компаниите од преработувачката индустрија.

 

- Меѓународниот балкански универзитет во соработка со „Рамстор” организира хуманитарна акција за собирање помош во облека, постелнина, средства за хигиена и храна за настраданите од катастрофалниот земјотрес што го погоди централното подрачје на Кахраманмараш - Пазарџик во Турција.

 

- Вкупната трговска размена минатата година изнесувала 20.424.810 илјади евра. Извезена е стока во вкупна вредност од 8.299.582 илјади евра, а увезена е стока во вредност од 12.125.228 илјади евра, објави Државниот завод за статистика. 

 

- Во периодот од 1 јануари до 7 февруари годинава АД ЕСМ преку капацитетите со кои располага произведе 699.240 мегават часови електрична енергија, што е за 40 отсто повеќе споредено со истиот период лани, а дури 86 отсто повеќе од истиот период во 2021 година, информираат од компанијата.

 

- Милан Завков зад себе остави голем број композиции кои се неизбришлив дел од македонската фолклорна музичка ризница и кои уште долго ќе се изведуваат на сцените и ќе бидат дел од нашето секојдневие. Тој беше брилијантен инструменталист и еден од нашите најголеми виртуози. Во иднина допрва ќе се слави неговиот лик и дело. Ова беше посочено на денешниот комеморативен собир во Фоајето на Националната опера и балет, посветен на првенецот на НУ „Танец“, врвен инструменталист и музички автор, Милан Завков, кој почина ненадејно завчера, во 61-та година од животот. 

 

- „Сите живи суштества се раѓаат со инстинкт за преживување. Пајаците, за да преживеат, ткаат мрежи. Луѓето, за да преживеат, ткаат приказни. За нас нема ништо поважно од овие приказни. Тие се сржта на нашиот живот, ‘рбетот на нашиот идентитет.“ Оваа порака на Горан Стефановски, која минатата година беше преведена на сите јазици на Европската Унија, ќе биде преведена на уште неколку други јазици, меѓу кои и на виетнамски, корејски, турски, руски и српски.

 

- На падините на Маврово денес и утре ќе се одржи традиционалниот 59-ти Мавровски меморијал, кој воедно е и дел од ФИС Балкан купот.

 

– Претседателот на Аргентинската фудбалска федерација (АФА), Клаудио Тапија изјави дека Аргентина, Уругвај, Чиле и Парагвај поднеле заедничка кандидатура за домаќин на Светското првенство во 2030 година.

 

– Италијанката Марта Басино е победничка на денешниот Супер-Џи возен во рамките на Светското првенство во француски Куршевел Мерибел.

 

 

 

 

 

Остани поврзан