• петок, 26 јули 2024
МИА Општински пул

20 февруари 2024 

Куманово - Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев, заедно со директорот на Бирото за јавна безбедност, Сашо Тасевски оствари работна средба со раководството на Секторот за внатрешни работи Куманово. Во изјавата за медиумите тој нагласи дека безбедносната состојба на подрачјето на секторот е поволна, како и на ниво на државата.

- Од денеска официјално ги започнуваме посетите по сите сектори, ги започнуваме од мојот град Куманово и може да информирам дека од страна на раководството на СВР Куманово, резултатите постигнати во 2023 е заклучок дека се во параметрите на целата држава, опаѓање на криминалитетот и пораст на функционалноста на полицијата, расветлување на случаите, рече Бојмацалиев.

Скопје - Прекинато водоснабдување поради дефект на приклучна цевка на ул. „Петар Попарсов“ 18, денеска ќе имаат корисниците на дел од истата улица.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот, информираа од ЈП Водовод и канализација - Скопје.

Скопје - Без струја денеска ќе останат делови од општините Сарај и Чучер Сандево, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи - Скопје.

Од „ЕВН Македонија“ АД пристигнала информација дека во период од 08.30 до 11 часот, без напојувањe ќе останат дел од потрошувачите на село Крушопек, општина Сарај.

Во период од осум до 15 часот, корисниците од село Танушевци, село Брест, село Малино, „Кодра Фура“ , „Караула Танушевци“, дел од село Мирковци, село Побожје, село Бродец, село Кучевиште во општина Чучер Сандево.

Скопје - Поради уличен дефект предизвикан при реконструкција од приватна фирма на ул. „Бел Камен“ бб (Радишани), од 9,40 часот прекинато е водоснабдување на корисниците на дел од истата улица.

Како што информираат од ЈП Водовод и канализација - Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато  до завршување со санација на дефектот.

Остани поврзан