• недела, 27 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски
МИА Општински пул

14 април 2025 

Охрид - Концентрирани активности за директна поддршка за компаниите во наредниот период да можат да бидат конкурентни на пазарот и обид за задржување на домашниот кадар како додадена вредност на домашната економија, се двата клучни проекти на Стопанската комора ќе им ги понуди на Владата и сите надлежни институции што учествуваат во градењето на економските политики, соопшти денеска претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, по средбата со стопанственици од Охрид.

Појаснувајќи ги новите мерки на Комората, Азески се осврна на актуелните економско-политички случувања во светски рамки се манифестираат со несигурност на пазарите што, како што рече, се смртна рана за бизнисот особено за малите економии како македонската.

Скопје - Општина Сопиште денеска била домаќин на иницијативата „Каде што срцето е дома“, во рамки на која министерот за локална самоуправа, Златко Перински, заедно со неговиот заменик, Ерџан Селими, оствариле работна средба со градоначалникот Стефче Трпковски и членовите на општинскиот Совет.

На средбата, како што соопштија од Министерството за локална самоуправа, се отвориле повеќе прашања од значење за граѓаните на Сопиште, општина составена од 12 населени места со различни, но еднакво важни потреби. Посебен акцент бил ставен на подобрувањето на патната инфраструктура, обезбедувањето на стабилно и квалитетно водоснабдување, а на средбата се разговарало и за измените на Законот за локална самоуправа, кои значително ќе придонесат за поефикасни локални самоуправи.

Кочани - Советникот Венко Крстевски денеска е избран за в.д градоначалник на Општина Кочани. Кандидатурата на Крстевски со девет гласа беше подржана од советниците на СДСМ, а воздржано гласаше советничката од Левица. Членовите на Советот од ВМРО-ДПМНЕ својата поддршка му ја додадоа на нивниот координатор Гоце Марков. 

Гласањето се одвиваше во два круг, при што во првиот според законските одредби се избира в.д градоначалник од вкупниот број членови на Советот – 19. Во поединечното гласање и двајцата кандидати добија по осум гласа, имајќи предвид дека советничката Кристина Атанасова Арсова од ВМРО-ДПМНЕ претходно си поднесе оставка и не гласаше. Поради тоа се премина на втор круг гласање кога изборот се прави со просто мнозинство од присутните советници. На повтореното поединечно гласање советникот Крстевски доби девет гласа, а неговиот противкандидат Мрков доби осум гласа. 

Кочани - Советот на Општина Кочани денеска ја одржува 62. седница на која единствена точка на дневен ред е избор на в.д. градоначалник по оставката на градоначалникот Љупчо Папазов, кој е еден од осомничените за пожарот во дискотеката „Пулс“ во која животот го загубија 61 лице, а околу 200 се повредени. Кандидатура за в.д градоначалник на седницата поднесе советникот Венко Крстевски, избран од група избирачи, додека од ВМРО-ДПМНЕ беше предложен координаторот на советничката група Гоце Марков. 

Кандидатите за в.д. градоначалник имаа кратки образложенија на своите кандидатури, по што на седницата беа изнесени низа лични дискредитации и навреди за и меѓу предложените кандидати. Поради тоа претседателот на Советот Лазо Митев даде едночасовна пауза.

Битола - Општина Битола изразува жалење за немилиот настан, кој се случил вчера на плоштадот Магнолија, каде осумгодишно дете се здобило со повреда на челото, како резултат на напад од улично куче.

Од секторот за односи со јавност соопштија дека благодарение на навремена интервенција, детето е соодветно згрижено во Одделението за максилофацијална хирургија при Клиничката болница во Битола, каде што му е пружена неопходната медицинска помош, повредата е санирана, а детето е пуштено на домашно лекување со препишана терапија и лекарски препораки.

Куманово - Четворица нови судии се назначени во кумановскиот суд, соопштија денеска надлежните од Основен суд Куманово. Сега, бројот на судии изнесува 20. Тројца од новите судии се распределени во граѓански оддел и во работни односи, со оглед на големиот број предмети во двата оддели и еден во кривичниот оддел. Судот со години се соочуваше со недостиг на кадар.

- Последниве  години Основен суд Куманово се соочуваше со недостиг на кадар. Извесен период имавме само 14, па 15. Со новоизбраните се надеваме дека повторно ќе станеме успешен суд. Се надевам дека ќе имаме успешни резултати,  во прекршоците и работните односи каде има голем број предмети, изјави претседателот на Основниот суд Куманово, Снежана Манев. Во работни односи има над 1.000 предмети, нешто повеќе од илјада има и во прекршоците.

Струмица - Еколошкото здружение „Здрава котлина” од Струмица информираше дека на 1 овој месец поднело кривична пријава против градоначалникот на Општина Ново Село, Ѓорѓе Божинов, заради сериозни прекршувања на законите и загрозување на животната средина и јавниот интерес, се наведува во објавата на Здружението до медиумите.

Како што информираат од „Здрава котлина“, пријавата била составена на 125 страници и поткрепена со обемна документација и технички докази, се темели на конкретни факти и укажува на организирано и систематско кршење на законите од страна на градоначалникот и негови соработници.

Дебар - Корисниците на услуги на Јавното комунално претпријатие „Стандард“-Дебар може да ги плаќаат онлајн, откако тоа претходно можеа да го сторат со електронски картички во наплатниот пункт. 

- Во изминатите четири години вложивме многу напор, со цел суштински промени во работењето на нашето претпријатие. Последен чекор, во многуте претходно, е можноста корисниците на услуги, потрошена вода и подигнат смет, да може да ги наплатуваат онлајн. Нашата веб страна како голем чекор на дигитализацијата сега е функционална и реалност на онлајн плаќање, рече за МИА, директорот Бурим Каба.

Скопје - Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, го посети Здружението на пензионери, каде ученици од седмо одделение на ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ се дружеа и соработуваа со повозрасните и Активот на жените пензионерки. На работилницата која се одржа, учениците имаа можност да учат традиционални вештини како шиење, изработка на ракотворби и подготовка на домашни рецепти.

„Денеска бев сведок на нешто навистина убаво, генерации од различни времиња, обединети во почит и блискост. Нашите ученици учеа како се шие, како се прават пити и слатки, но уште поважно, учеа што значи трпение, љубов и создавање дом со душа. Ова не се само вештини, ова се животни вредности“, истакна Герасимовски.

Скопје - Ве известуваме дека денес (14 април 2025 год.) градоначалникот Дарко Костовски изврши увид во градежните активности за изградба на нова детска градинка во Бутел 2. Градежните активности напредуваат со одлична динамика. Стариот објект кој беше изграден во далечната 1964 години е срушен и на негово место локалната самоуправа гради нова детска градинка на површина од 1800 м2.

Новиот објект ќе има 3 влеза, 7 занимални со 7 спални соби, 2 занимални со заеднички спални соби и една просторија за јасли. Покрај тоа, во новата градинка ќе има и посебна просторија за изолација и медицинска сестра како и млечна кујна. Новиот објект ќе ги исполнува сите услови за згрижување на 200 деца. Општина Бутел го исполнува најголемото барање на граѓаните. Локалната самоуправа вложува во капитален објект, по долги години лажни ветувања. Изградбата на новата детска градинка е најголема инвестиција во населеното место Бутел 2. Градоначалникот Дарко Костовски изрази големо задоволство за реализирањето на овој капитален проект и останува посветен на обезбедување на најдобри услови за згрижување и воспитување на децата од предучилишна возраст во секое населено место во општина Бутел.

Велес - Велешанецот Стојче Пецевски, кој се водеше за исчезнат, е пронајден мртов, потврдија попладнево од Центарот за управување со кризи. 

Оттаму информираа дека утрината немало услови за хеликоптерска потрага и дека исчезнатото лице е пронајдено непосредно пред да полета хеликоптерот.  Пецевски исчезна вчера околу 10:50 часот во реонот на ридот ГРООТ над Велес. Тој бил заедно со неколку други планинари.

Скопје - Град Скопје ја заврши реконструкцијата на улицата 808 во општина Гази Баба, која беше во катастрофална состојба поради повеќе децениското неодржување. 
Улицата 808 е една од најфреквентните сообраќајници во овој дел од општина Гази Баба, а по истата се движат и голем број на товарни возила бидејќи се работи за индустриска зона.

Во првата фаза по подготвителните градежни работи, целосно се реконструираше водоводната мрежа и останата хидротехничка опрема, а со цел комплетна обнова на мрежата во овој дел на градот. Воедно се изврши реконструкција на атмосферската канализација, како и замена на нефункционалните сливници со што во иднина се превенираат поплави на овој потег.

Крива Паланка - По повод на велигденските празници Општина Крива Паланка во соработка со клубот „Олдтајмер Витези“ од Куманово организира „Ретро шоу на олдтајмери“ на централниот градски плоштад, во сабота,19 април, со почеток од 11 часот.

- Градскиот плоштад во Крива Паланка ќе биде епицентарот на стил, класа и автомобилска историја и се очекува дека ќе предизвика голем интерес кај граѓаните и љубителите на класични автомобили од регионот и пошироко. Возилата најпрвин ќе пристигнат во дефиле низ центаралната градска улица до градскиот плоштад, каде присутните ќе можат да ја проследат презентацијата на олдтајмери, да слушнат интересни приказни за секое возило и да се фотографират со ретките возила и да доживеат и едно незаборавно ретро возење, информира службата за комуникација со јавноста при Општина Крива Паланка.

Куманово - Центарот на Куманово е без струја, екипите на Електродистрибуција го санираат дефектот, соопштија денеска од ЕВН.

-При изведување на работни активности од страна на друг субјект кој извршувал градежни работи за свои потреби, се искинати два подземни среднонапонски кабли кои се во сопственост на Електродистрибуција. Како резулатат на тоа, без снабдување со електрична енергија остана централното градско подрачје на Куманово.

Новаци - Општина Новаци во соработка Народна техника на Македонија и ОО на Црвен крст Битола, како и со поддршка на  ученици од ЦДОУ „Славко Лумбарковски“ од Новаци, средното земјоделско училиште „Кузман Шапкарев” од Битола , студенти и фармери од општината, денеска одржаа калемарска акција на диви овошки.

Во акцијата беа искалемени повеќе од 2000 садници овошки, истакна градоначалникот на Општина Новаци, Стевче Стевановски.

Битола - Новите модели и искуства отвораат нови хоризонти за вмрежување и стратешко партнерство меѓу универзитетите од регионот, истакна ректорот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола, Игор Неделковски по враќањето од Форумот на ректори од Југоисточна Европа и Западен Балкан, кој викендов се одржа во Црна Гора.

На  високиот академски собир во Подгорица, централна тема беше обезбедувањето квалитет во високото образование, како на национално, така и на европско ниво, со фокус на предизвиците поврзани со концептот на европска диплома, иницијатива што ја претставува следната етапа во процесот на европска интеграција на високото образование, нагласи  ректорот Неделковски.

Кавадарци - Со алкохол во крвта од 2.16 промили, кавадарчанец возел автомобил и не застанал на знак за запирање, информираа денеска од СВР Велес.  

- Утрово во 00.10 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Д.С.(38) од Кавадарци. На улица „Страшо Пинџур“ во Кавадарци, тој не застанал на знак за запирање, по што продолжил со движење со патничко возило „бмв“ со кавадаречки регистарски ознаки. По преземени мерки, полициски службеници го запреле неговото возило, а од извршените проверки било констатирано дека го управувал возилото со 2,16 промили алкохол во крвта. Д.С. бил задржан во полициска станица, а возилото било привремено одземено, соопштија од СВР Велес.

Кавадарци - Утре стартува сезоната за наводнување со вода од  хидромелиоративниот систем „Тиквеш", обезбедена од Тиквешко Езеро,  а производители на млад кромид и лук први најавиле потреба од вода, како и земјоделци на други раноградинарски култури. Во изјава за МИА, директорот на подружницата ,,Тиквеш" на АД Водостопанство, Атанас Ризов појасни дека водата ја има во магистралниот канал и во зависност од побарувачката ќе се полнат и левиот и десниот канал од делницата, а водат кон Росоман, Градско и Неготино. 

- Системот ,,Тиквеш" има околу 200 километри каналска мрежа. Проектиран е за наводнување на околу 12 илјади хектари земјоделска површина. Но, во регионот што го покриваме а ги опфаќа општините, Кавадарци, Неготино, Росоман, Демир Капија и Градско, реално се обработуваат околу 7.5 илјади хектари. Проблеми засега нема на стартот на оваа наводнувачка сезона, истакна Ризов. 

Дебар - Дебарското одделение за внатрешни работи поднесе кривична пријава против В.Г.(29) од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца“. 

- При контрола во патниот сообраќај, извршена на 3 април во Дебар, полициските службеници го затекнале пријавениот како со патнички автомобил „фолксваген голф“ со дебарски регистарски ознаки врши јавен превоз на патници без да поседува соодветна лиценца издадена од надлежен државен орган, информираше Стефан Димоски портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.

Велес - Како дел од програмата на четвртото издание на Фестивалот на комедијата  „5РЕ“ вечер во 20 часот во велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ ќе се одржи проекција на филмот „Мис Стон“ (1958) на режисерот Жика Митровиќ. Проекцијата е овозможена од Кинотеката на Македонија, за прв пат во Велес ќе се прикаже дигитално реставрирана копија на овој омилен филм на многу генерации.

Бидејќи фестивалот е посветен и инспириран од ликот и делото на легендарниот актер Петре Прличко, од Кинотека потенцираат дека публиката ќе се потсети на неговата незаборавна улога во филмот – ликот на комитата Мандана. Овој шегобиец, филозоф, мудрец и стар, прекален борец ја има една од најпопуларните реплики во историјата на македонскиот филм, во сцената кога во четата на Јане Сандански, Катерина го раѓа бебето, симбол на македонската борба за слобода. Мандана понесен од возбуда, ќе му посака на мелечкото: „Ај да ми бидеш живо и здраво детуле. Да пораснеш големо. На лице бело и црвено, како тетовско јаболко. На снага – вита ела пиринска. Грлото бисер да ти рони. Гласот да ти биде како на славејче. Славејче наше убаво. И, кога еден ден ќе гледаш во големото сино небо и ќе слушаш славеј – спомни си за нас. Спомни си ја четата во која си се родило. Таа чета, ангелче, се бори за твојата слобода...“.

Охрид - Активистите на Граѓанската иницијатива „Охрид SOS“ реагираат на тврдењата на Општина Охрид, дека истата нема ингеренции врз плановите за идниот изглед на Здравствениот дом „Маларична“ и објектот на детскта градинка „Јасна Ристеска“ во центарот на градот.

Од „Охрид SOS“ посочуваат дека тврдењата изнесени од Општина Охрид дека од моментот кога е донесен Планот за управување со Светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион, сите постоечки урбанистички планови и целокупното урбанистичко планирање во Охрид се усогласуваат со овој план и препораките од УНЕСКО, како и дека уште на сам почеток е процедурата на носење нов Детален урбанистички план за тој опфат од градот, така што се уште не можат однапред да дадат прецизни податоци за видот или изгледот на објектите кои ќе бидат дел од планот.

 

Остани поврзан