• четврток, 26 декември 2024
МИА Општински пул

5 декември 2024

 

Кавадарци – Кавадарчанец бил лишен од слобода синоќа, по пријава дека се заканувал на сопругата со која не живеел заедно, информираа денеска од СВР Велес.

– Синоќа во 21.30 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода С.Т.(49) од овој град, постапувајќи по пријава од неговата 45-годишна сопруга, со која не живееле заедно, дека ѝ се заканувал на социјална мрежа. С.Т. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од СВР Велес.

Велес - Во знак на благодарност до сите волонтери од Црвен крст, Општинска организација Велес синоќа во салата на Општина Велес одржа свечен настан на кој им беше оддадена почит до сите истакнати волонтери од хуманитарната организација кои несебично помагаат и работат, со цел да им се помогнат на оние на кои им помошта им е најпотребна.

Беа доделени признанија за најдобрите волонтери во 2024 година, волонтерите со најмногу волонтерски часови и волонтери со најдолг континуиран волонтерски стаж.

Д-р Јадранка Мишкова доби награда за животно дело на полето на волонтерството.

Крива Паланка - На една од најфреквентните локации во централното градско подрачје во Крива Паланка изработен е најголемиот мурал во градот што ги отсликува најкарактеристичните места, историски и останати посебности по кои е препознатлива оваа општина.

Муралот е исцртан под т.н. „Шанин мост" покрај магистралниот пат А2, Куманово - Крива Паланка, што е дел од меѓународниот Коридор 8 и ги содржи: логото на Општина Крива Паланка, познатото духовно светилиште манастирот „Св. Јоаким Осоговски", фолклорни елементи и традиционална носија од кривопаланечкиот крај, како и познатиот кривопаланечки симит, специфичен специјалитет што воедно е симбол на градот.

-Сите посебности на нашата Крива Паланка, културни, духовни, традиционални, се претставени и прикажани на овој мурал, како на дланка на посетителите, минувачите, туристите. Уметнички, урбани и уникатни, а истовремено автентични сите карактеристични нешта се трајно отсликани на централна локација, што со реконструкцијата на мостовите покрај магистралниот пат А2 го креираат новиот лик на градот, рече градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски.

Скопје - Во текот на вчерашниот ден и минатата ноќ, екипите на ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје подигнаа и транспортираа околу 50 кубни метри отпад од неколку диви депонии лоцирани во скопските општини Центар и Чаир.

Како што информира  ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје, екипите чистеле во непосредна близина на Градскиот стадион, каде се отстранети 10 кубни метри кабаст и отпад од пет-амбалажа одложени на јавни површини.

Во општина Центар се расчистени приближно 10 кубни метри непрописно одложен мешан комунален отпад од улицата „Тодор Александров“ - на потегот што води кон Средно Водно, како и 15 кубни метри градежен отпад одложен на тревна површина на булеварот „Гоце Делчев“, пред зградата на МРТВ.

Во општина Чаир, екипите подигнале приближно 15 кубни метри непрописно одложен градежен и кабаст отпад на булеварот „Крсте Мисирков“, како и на улицата „Ферид Мурат“.

Дебар – Претседателот на Македонското друштво „Илинден“ – Тирана, продолжува со средби со партиски и локални функционери во државава, на кои подетално ги информира соговорниците со положбата на Македонците во Албанија и активностите на друштвото.

На денешната средба со Никола Мицевски, висок претставник на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во македонскиот Парламент, детално го информирав за напорите на нашето друштво во реализација на мисијата, а тоа е заложбата за остварување на легитимните права на Македонците во Албанија. Изразив голема благодарност за одвоеното време и му донирав примероци од весникот „Илинден“, албумот со народни носии на Македонците од сите делови на Албанија, како и примероци од Резолуциите усвоени од ФУЕН, рече Ѓурѓај за МИА.

Дебар – Претседателот на Македонското друштво „Илинден“ – Тирана, продолжува со средби со партиски и локални функционери во државава, на кои подетално ги информира соговорниците со положбата на Македонците во Албанија и активностите на друштвото.

На денешната средба со Никола Мицевски, висок претставник на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во македонскиот Парламент, детално го информирав за напорите на нашето друштво во реализација на мисијата, а тоа е заложбата за остварување на легитимните права на Македонците во Албанија. Изразив голема благодарност за одвоеното време и му донирав примероци од весникот „Илинден“, албумот со народни носии на Македонците од сите делови на Албанија, како и примероци од Резолуциите усвоени од ФУЕН, рече Ѓурѓај за МИА.

Скопје - Премиерот Христијан Мицкоски вели дека Владата нема немо да набљудува доколку пропадне тендерот за набавка на нафта за Јавното сообраќајно претпријатие и дека повторно ќе интервенира, но дека тоа не може да оди во недоглед. 

Како Влада сигруно нема да седиме немо и да набљудуваме, но да дадеме шанса и да видиме денес-утре да не има некоја повторна набавка да не се предомислат некои од економските оператори. Ако не, ние ќе мораме повторно како Влада да помогнеме, со одредена позајмица да интервенираме за Јавното сообраќајно претпријатие, но тогаш се поставува прашањето до кога вака. Навистина треба да се поведе сметка околку процесот на децентралзиација затоа што ако некој не може тоа да го прави, тогаш да интервенираме законски, барем да ги преземеме интегернциите и да ја стабилизараме состојбата, рече Мицкоски по прес-конференцијата во Владата.  

Штип - Младите од штипските училишта и здруженијата од Штип и Велес денеска преку дебата го одбележаа Денот на волонтерството, во организација на Граѓанскиот ресурсен центар.

Драгана Митровиќ од Граѓанскиот ресурсен центар вели целта е младите да се вклучат во активности, да волонтираат и да се развиваат самите себе. Посочи дека таргет група се младите, односно нивното вклучување како волонтери, со што би придонеле за заедницата и околината. Проблемот лежи кај можностите кои се нудат на младите волонтери и тоа што голем дел од работодавачите не го ценат волонтерството.

-Има интерес и младите сакаат да се активираат и да прават нешто што е корисно за нив и за целата нивна заедница и околината. Проблем е што немаме доволно можности за волонтирање, односно прием за волонтери. Многу голем дел од работодавачите не го ценат волонтерството, вели Митровиќ.

Охрид – Службеници на Полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“ вчера приведоа тројца жители на селото Трпејца заради недозволен риболов.

Според полициското соопштение, лицата Н.Т.(67), Ѓ.Т.(64) и С.В.(77), вчера рано изутрината во 01:40 часот на брегот на Охридското езеро во близина на Пештани биле затекнати како излегуваат на брегот. При проверка на чамецот биле пронајдени и одземени три рибарски мрежи со должина од по 50 метри, 145 парчиња риба охридски билвици и грунци со вкупна тежина од над десет килограми, како и друг риболовен алат.

Увид на местото извршил инспектор од Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија при Регионалниот центар за гранични работи „Запад“ и по консултации со јавен обвинител и целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Скопје - Претседателот на Заедницата на единиците на  локалната самоуправа (ЗЕЛС), Орце Ѓорѓиевски денеска изјави дека работните групи работат на изготвување на законските измени на Законот за локална самоуправа со кои се очекува во одредеми случаи градоначалниците да можат да се отповикуваат на референдум пред да им заврши четиригодишниот мандат.

- Тоа е тема која јас како претседател на ЗЕЛС ја отворив пред околу година дена и првата иницијатива за тој закон е од ЗЕЛС. Ние имаме работни групи кои работат на тоа. Во Градот Скопје има таква состојба каква што е, која беше иницијатор да го иницираме овој момент. Единствен суеверен во државата е народот, освен што има можност да го даде мандатот на некого, може и пред време да го одземе тој мандат. Ќе треба заедно да се седне и со Министерството за локална самоуправа во наредниот период, д Да се обединат сите сили околу овој закон. Експертската јавност ќе треба јавно да се вклучи, да се дискутира на таа тема. Отповикувањето, според мене, треба да се врши на начин граѓаните по пат на референдум да можат да отповикаат градоначалник, рече Ѓорѓиевски по форумот на ЗЕЛС „Здружени“ во ставање крај на родово базираното насилство.

Потенцира дека тој е процес во којшто се засегнати градоначалниците, но, како што нагласи, сите градоначалници едногласно го поддржуваат.

Остани поврзан