• четврток, 26 март 2026

МИА Општински пул

МИА Општински пул

 9 јули 2025 

Ново Селo - Почна реконструкцијата, конзервацијата и уредувањето на просторот околу Кулата Пирго, над селото Мокриево на планината Беласица. Археолози од „Завод и музеј Струмица“ го почнаа и арехеолошкото доистражување на Кулата, која се спомнува во легендите и се памети во историјата како славно историско место особено во контекст на времето на Цар Самуил и битката на Беласица.    

Според археологот д-р Душко Цветанов, археолог по средновековна историја, кој заедно со археологот м-р Зоран Рујак, раководат со истражувањата, станува збор за Кула која е изградена во 5 и 6 век, најверојатно во шестиот век кога имало големи градежни активности на византискиот император Василиј Први.

-Кулата има маркантни димензии, со квадратна основа 10 на 10 метри, дебелина на ѕидовите некаде околу 3 метри. Изградена е во техника со добро обработени изделкани камења со добри внатрешни и надворешни лица и внатрешноста била исполнета со поситни камења, а како средство за поврзување бил употребен малтер од вар. Подоцна овие објекти со делумни обновувања биле користени и во наредните векови и најверојатно оваа кула била во функција во периодот на Самоуловото царство, вели Цветанов.

Според Бранко Ѓоргиев, директор на НУ „Завод и Музеј Струмица“, целта е да се врати оригиналниот лик на кулата.

-Во 2011-2012 година за прв пат беа извршени сондажни археолошки истражувања на локалитетот ,,Пирго“, кој се наоѓа југоисточно од селото Мокриево, кое лежи во подножјето на планината Беласица. Иако тие траеја сосема кратко, беше откриена и истражена една централна кула со маркантни димензии. Најверојатно, до самата кула немало други придружни објекти, но тоа досега не е воочливо поради густата вегетација и столетните дрвја кои се простираат на овој простор, вели Ѓоргиев.

Скопје - Додека државата сè уште нема точни податоци за бројот на велосипеди и нема национална стратегија за алтернативен превоз, Општина Центар повеќе од десет години спроведува конкретни мерки за поддршка на граѓаните кои користат еколошки транспорт. Се вели во анализата на Блумберг Адрија за развојот на велосипедскиот сообраќај во Македонија и Европа.

„Верувам дека со вистински мерки и поддршка, можеме да создадеме навика кај граѓаните велосипедот да биде прв избор за движење низ градот“, изјави градоначалникот Горан, додавајќи дека општината ќе продолжи со вложувања во безбедна и функционална велосипедска инфраструктура.

Преку проектот „Цел Центар на точак“, започнат во 2014 година, досега се доделени над 5.000 субвенции за велосипеди, електрични тротинети и дополнителна опрема – со искористеност од над 90% од поднесените барања.

Од 2023 година, субвенционирањето се прошири и на дополнителна опрема, а општината постави и сервисни станици, држачи за велосипеди и воведе обврска за велосипедски паркинг кај новоизградените објекти – мерка што е прва од ваков вид во државата и е усогласена со европските стандарди.

Скопје - Без електрична енергија денеска ќе останат дел од општините Сопиште и Карпош, соопшти РЦУК Скопје по добиено известување од Од ЕВН Македонија АД.

Како што се наведува во соопштението, без струја во периодот од 08:00 до 12:00 часот, ќе видат дел од корисдниците од с.Сопиште на главен пат околу „Давидоф“, а во периодот од 12:30 до 14:30 часот, дел од ц.Долни Нерези во Карпош.

Остани поврзан