• четврток, 26 март 2026
МИА Општински пул

8 октомври 2025 

Куманово - Професорката по информатика, информатичка технологија и програмски јазици, Јасмина Денковска од гимназијата „Гоце Делчев“ Куманово е добитничка на признанието „Просветен работник за учебната 2024/25 година за средно образование“ кое го додели Министерството за образование и наука и Сојузот на просветни работници на Македонија, по повод – Светскиот ден на учителите. Денковска има 25 годишно работно искуство. Признанието ќе ѝ биде дополнителна мотивација да продолжи да создавам современа, креативна и инклузивна настава која ќе ги инспирира младите, и со уште поголема енергија, ентузијазам и визија.

- Признанието, доделено од Сојузот на просветни работници, заедно со плакетата од Министерството за образование и наука за постигнати врвни резултати во остварувањето на целите и задачите во воспитно-образовната работа, за мене претставуваат чест и потврда дека вложениот труд, љубовта и посветеноста кон образованието и учениците навистина имаат вистинска вредност. Тие се симбол на признание за сите години исполнети со труд, креативност и искрена љубов кон учениците и професијата. Истовремено, тие се силна ме поттикнуваат и понатаму да се усовршувам, да воведувам иновативни пристапи и активно да придонесувам кон унапредување и развој на квалитетно образование, вели Денковска.

Професорката вели низ годините се соочувала со бројни предизвици, еден од последните бил недостигот на современи и квалитетни учебници и софтвер приспособен за наставните програми по предметите, што често го отежнувал наставниот процес и барал од професорите дополнителен ангажман и креативност. Во вакви услови, таа и нејзините колеги самите создавале наставни материјали и дигитални содржини за да им обезбедат на учениците квалитетно и современо образование.

Тетово – Судскиот процес по поднесениот обвинителен предлог за повеќе кривични дела поврзани со изградбата на новиот објект за театар и библиотека во Тетово денеска се одложи за 25 ноември во 12 часот и 30 минути.

При констатирањето на присуство на обвинетите адвокатот Халит Исени до судот достави потврда од доктор дека судењето поради здравствени причини не може да го следи обвинетиот Артан Арслани. Воедно адвокатот Исени информираше и дека не можел да изврши целосен увид во предметот и затоа бара одложување на почетокот на рочиштето.

- На 17 септември добив термин за увид на во списите на 26 септември и можев да направам увид на само дел од материјалот. Добив нов термин на 2 октомври кога поради технички услови-немаше електрична енергија во судот, не можев да извршам увид во списите, образложи адвокатот Халит Исени.

Судијата Елведин Ферати го прифати барањето и потоа констатираше дека нема услови за одржување на главната расправа по што донесе решение за одлага во ноември.

Почетокот на судскиот процес беше закажан прв пат на 14 јули и од тогаш се одложуваше за 17 септември и 8 октомври.

Во декември 2024 година Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција информираше дека по спроведена сеопфатна истражна постапка до основниот кривичен суд Скопје има поднесе обвинителни акти против четири луѓе и за едно правно лице.

Кочани - КЈП „Водовод“ го објави огласот со кој ги поканува сите заинтересирани правни субјекти да се пријават за учество на наддавањето што ќе се одржи в понеделник, 13 октомври во просторите на претпријатието во 12 часот.

Почетната цена на лицитацијата за отстапување на правото за организирање на традиционалниот кочанскиот панаѓур е 1 785 000 денари. 

Субјектот што ќе ја понуди најповолната понуда ќе се стекне со правото да го издава просторот на улицата „Скопска“.

Според условите во огласот, учесниците не треба да имаат никакви финансиски обврски кон „Водовод“ и претходно да уплатат 10 отсто од почетната цена.

Минималниот праг на наддавањето изнесува десет илјади денари, а  на сумата што ќе се постигне на лицитацијата, закупецот ќе има обврска да плати и 18 отсто ДДВ.

Сумите се уплаќаат на денот на наддавањето или најдоцна наредниот ден.

Доколку на лицитацијата не се пријават заинтересирани лица или пак истата биде неуспешна, тогаш организирањето на панаѓурот ќе го преземе комуналното претпријатие.

Од страна, на  КЈП „Водовод“ како закуподавач на просторот има обврска да ја подготви локацијата за непречено организирање на панѓурот, односно да изврши монтажа на бараки за угостителска дејност, да обезбеди електрична енергија и осветлување за бараките и другите површини на панаѓурот, како и да обезбеди вода и сантирани јазли, и редовно чистење на отпадоците додека трае манифестацијата.

Според најавите годинава традицоналниот кочански панаѓур ќе се одржи од од 6  до 9 ноември.

Скопје - Без струја денеска ќе останат дел од жителите на скопските населби Аеродром и Ѓорче Петров, соопшти РЦУК по добиено известување на АД ЕВН.

- На ден 08.10.2025 (среда) без електрична енергија ќе останат: во периодот од 08.10 до 15.00 часот, корисниците на дел од ул.с. Долно Лисиче (општина Аеродром); во периодот од 08.10 до 15.00 часот, корисниците на објектите спроти Ист Гејт населба Крњево (Општина Центар“); во периодот од 08.10 до 12.00 часот, корисниците од улица „Божидар Рајковиќ“ (општина Аеродром); во периодот од 08.10 до 12.00 часот дел од ул. „Горноврановска“ (општина Аеродром) и во периодот од 08.10 до 12.00 часот дел од ул. Горно Лисиче (општина Аеродром), се наведува во соопштението на РЦУК.

Исто така во периодот од 08.10 до 16.00 часот, ќе немаат електрична енергија корисниците на ул. „Ибе Паликуќа“, „Воин Драшкоци“, „Веле Марков“ во општина Ѓорче Петров. 

Остани поврзан