• петок, 26 јули 2024
МИА Општински пул

5 јуни 2024 

Скопје - Издавачката куќа „Антолог“ од Скопје информира дека е отворен конкурсот за наградата за најдобар превод на македонски јазик „Драги“ 2024. За наградата може да се учествува со книги објавени во периодот меѓу 1 јули 2023 година и 30 јуни 2024 година. Конкурсот е отворен до 1 јули 2024 година.

- Наградата за најдобар превод на македонски јазик „Драги“ е воспоставена за да се направи вреднување на преведувачката продукција во Македонија, како и да се истакне вредноста и важноста на преведувањето за нашиот културен простор, соопшти Издавачката куќа „Антолог“.

Објавените книги мора да бидат преведени од оригинален јазик, а може да се конкурира со дела преведени од „живи“ и од класични јазици (арапски, старогрчки, санскрит и латински јазик).

Скопје -  Полициски службеници од Одделот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија при Регионалниот центар за гранични работи Југ и државен инспектор за труд вчера извршиле контрола на градилиште над демиркапиското село Дрен. 

Како што информира денеска МВР, при контролата, на градилиштето биле затекнати С.В.(47), А.Х.(33) и А.Р.(60), сите од Република Турција, при што било констатирано дека престојуваат спротивно на целта, односно биле работно ангажирани за фирма од Скопје без да имаат одобрение за престој врз основа на вработување.

Скопје - Царинските службеници на Меѓународниот аеродром Скопје при контрола на куферите на еден патник од Турција откриле 22 часовници од брендот „Ника“ во вкупна вредност од 272 илјади денари кои тој не ги пријавил при влез во државата.

Од Царинската управа денеска информираа дека патникот кој пристигнал со лет од Истанбул, а бил саатчија по професија, на прашањето на царинските службеници дали има нешто за пријавување, одговорил дека нема ништо, по што бил упатен на контрола со скенер.

Куманово - Центарот за интеркултурен дијалог денеска одбележа осумнаесет години од постоењето.

ЦИД, како што наведуваат, низ години успеа да влијае значително за креирање на младинските политики во државата.

- Важно е да се спомене дека сме најголема младинска организација во државата која не е од Скопје. За нас, најуспешната работа која успеваме е да што лобиравме за донесување на законот за младински политики, да се знае што е млад човек, кои се сервиси за млади, што е младински центар, што е локален младински совет … Верувам дека не само активностите, туку и политиките кои успеавме да ги излобираме кај битните чинители во државата и да придонесеме за развој на младинските прашања, изјави извршниот директор на ЦИД Нами Исаки.

Скопје - Поради изведување водоводен приклучок ф-90 мм на ул. 1/бб Батинци, односно пат за Батинци, прекинато водоснабдување ќе имаат дел од корисниците на истата улица.

Како што информираат од ЈП Водовод и канализација - Скопје, прекинот во снабдувањето со вода ќе биде од 10:10 часот до завршување со санација на дефектот.

Прилеп - Задружението за унапредување на здравјето „Филип Лукароски“ од Прилеп  синоќа го промовираше раритетниот прирачник „Фокусирај се на себе, за себе“, посветен на грижата за машкото здравје.

Во месецот на машкото здравје, јуни, Здружението со прилози и совети на истакнати стручњаци, го претстави прирачникот пред јавноста за да укаже на потребата од грижата, уште повеќе во превенцијата на машкото здравје.

Делчево - Поради реконструкција на дел од водоводната мрежа, повисоките места во Делчево денеска и утре ќе бидат без вода за пиење, информираа од делчевското комунално претпријатие „Брегалница". Без вода за пиење ќе бидат и село Тработивиште и населбата Ѕвегорска Река.

-Поради изведување активности на водоводна приклучна шахта С-3 на доводен цевковод ф 315, од кој се снабдува со вода градот Делчево и с.Тработивиште, на 5 и 6 јуни 2024 (среда и четврток) ќе дојде до прекин на водоснабдувањето на корисниците во повисоките зони во градот и целосен прекин до сите корисници во село Тработивиште и населба Ѕвегорска Река, информираше претпријатието со апел корисниците навреме да си обезбедат вода за лични потреби во периодот на прекинот на водоснабдувањето. 

Скопје - Три пожари на отворено се регистрирани изминатите 24 часа. Пожарникари интервенирале на гаснење запалена ниска вегетација во скопскиот регион, информираат утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Пожари имало во населбата „Визбегово“ во општина Бутел, во „Злокуќани“ во Карпош и кај обиколницата Скопје - Тетово во Сарај.

Од ЦУК апелираат за внимателност поради наглите временски промени, особено на повисоките места - на планините, каде што ќе ги има.

Остани поврзан