• вторник, 13 август 2024
МИА Општински пул

13 август 2024 

Пехчево - Трет ден се гасне  пожарот на врвот Буковиќ, на планината Влаина, атар на село Негрево, општина Пехчево. За гаснење на пожарот како што информираа од Доброволното противпожарно друштво „Пехчево" денеска вклучени се повеќе помагатели за што изразија голема благодарност за нивната помош.

-За гаснењето де заслужни нашите херои од ДПД ,,Пехчево", ДПД Кочани, ДПД-Виница, ТППЕ Берово, ТППЕ-Кавадарци, заедно со Шумска полиција. Потоа вработени во Општина Пехчево, вработени во јавните претпријатија во општина Пехчево, ЈКП Комуналец, претставници од ПШС ,Равна река" - Пехчево, ЈП Македонски Шуми од Берово, Дирекција за заштита и спасување, Центар за управување на кризи, доброволци местното население, доброволци од соседните градови, механизација на општествено одговорни фирми и компании. На помош пристигнаа припадници на АРМ и МВР, хеликоптерите на МВР и ЕР Тракторите на ДЗС, информираа од ДПД ,,Пехчево".

Во деновите додека трае пожарот отворен е пунктот за донации од храна и вода која потоа се дистрибуира до учесниците во гаснењето на пожарот.

Најмногу зафатена од пожарот како што информираа учесници во гаснење на пожарот од ДПД ,,Пехчево" е иглолисна шума составена претежно од црн бор.

Очекувањата се до крај на денот пожарот да биде ставен под контрола.

Кавадарци - Околу пет илјади потписи засега се собрани во Кавадарци против регионален центар за третман на отпадна гума. Орданче Бошковски од граѓанската иницијатива што ги организира собирањето потписи и онлајн петицијата, рече дека  најавената инвестиција во Г-1 зона ги сплоти жителите на кавадаречка општина како никогаш досега, се потпишуваат помлади и повозрасни, загрижени за сопственото здравје, животната средина, земјоделството и развојот на винскиот туризам. 

Пензионираниот професор по стручни предмети од областа на земјоделството, Благоја Мишковски, кој скоро 40 години беше дел од средношколскиот воспитно - образовен процес, рече за МИА дека неговото лично мислење е дека на Кавадарци не му треба уште една Г-1 индустрија. 

- Грешка било што воопшто во минатото се дозволило таква зона за тешка и загадувачка индустрија во кавадаречка општина. Искуството од минатото ни покажа дека се соочивме со загадување, недоволни контроли и казни за загадувачите и заболувања од канцер, но и недоверба во институциите. За поздравување се инвестиции како таа претходно во трговски центар во градот. Надлежните треба да го слушаат гласот на народот и да не дозволат уште една Г-1 индустрија во општина Кавадарци, подвлече Мишковски, кој и самиот деновиве имал операција поради канцер.

Прилеп - Прилепчани навреме ќе ги добијат договорените количества огревно дрво. Нема место за загриженост, зашто повеќе од половината од договорените околу 5000 метри кубни се испорачани.

-Со оглед на ситуацијата со пожарите, нема проблем, граѓаните не треба да стравуваат за испораката на договорените количества огревно дрво. Пролетоска де сдклучија преку 400 договор со граѓанирте зџа околу 5000 метри кубни огревно дрво по цена, со испораката, од 3 400 денари од кубен метаррт. Станува збор за дсабово дрво. За среќа во прилепскиот регион немаме со пожари зафатено квалитетни шуми, и каде што е сечата. Испораката теќе непречено и очекуваме да ја завршиме за еден месец. Но сезоната на пожари не е завршена. Ние се надеваме на најдоброто, изјави Пецо Јовевски, раководител на „Црн Бор“ – Прилеп, подружница на ЈП „Национални шуми“.

Јовевски смета дека пожарите кои уништуваат шумско богатство ќе влијаат на дрвокрадството и на цените, но не се очекуваат ценовни шокови.

Куманово - Заврши интернационалната ликовна колонија „Куманово 2024“. На завршниот настан во „Етно село Тимчевски“ уметниците од различни држави ги презентираа делата на кои работеа изминатиов период. Десет учесници од повеќе земји од регионов, работеа различни техники, создадоа по две уметнички дела кои остануваат во збирката на бројни дела, сопственост на кумановскиот музеј.

Годинава работеа уметниците Марин Милутиновиќ, Милош Шариќ и Никола Марковиќ од Србија, Звонко Павличиќ  од Црна Гора, Цветка Хојник од Словенија, Здравко Милиќ и Јосипа Чамбер од Хрватска, Костин Братини од Романија и македонските уметници Ангел Коруновски и Валентина Илијевска.

- Во државава егзистираат голем број на ликовни колонии, чијшто број се зголемува, но само дел од нив успеваат континуирано да ја зачуваат својата активност, да ги надминат општествено-политичките промени и финансиските кризи со кои се соочуваат. Ликовната колонија „Куманово“, е една од оние кои успешно опстојуваат и покрај прилепската и струмичката се вбројува во редот на најстарите ликовни манифестации во државава, изјави Драгана Спасковска виш кустос историчар на уметност, од кумановскиот музеј.

Велес - Полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Велес, вчера во 14 часот ги лишиле од слобода 47-годишниот Х.М. и  43-годишниот З.Б., двајцата од Велес.

Како што информира СВР Велес, при претрес во домот во кој живеел Х.М., извршен со судска наредба, а во кој бил затекнат и З.Б., биле пронајдени и одземени 31 пакување со кафеава прашкаста материја.

За настанот бил известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави, најавија од СВР Велес. 

Куманово - Нема недостиг на крв во Куманово, информираа денеска надлежните од Службата за трансфузиона медицина. Оттаму велат дека летово има повеќе потреба од крвни единици од различни причини, поголема раздвиженост, зголемен број на сообраќајни несреќи. Во градовите од државата има крв за сите служби и доколку има повеќе потреба може да се однесат од еден до друг град.

- Моментално, факт е дека бројот на резерви е намален но крв има. Резервите се намалени поради одредени причини, како зголемен број на сообраќајни незгоди, помалку има крводарителски акции во училишта, факултети, учениците, студентите се на распуст. Дополнителни првите шест месеци од 2023 и сега, 2.200 единици се потрошени повеќе оваа година, што значи дека е зголемен бројот на пациенти, изјави доктор Дритон Биљали од службата за трансфузиона медицина.

Во Куманово има редовни крводарители. Во моментов дел од студентите и помладите се на сезонска работа во странство. Тој повторно апелираше до младите да се вклучат во акции бидејќи е добро за здравјето и пред сè е хумано.

- Крводарители имаме редовни кои доаѓаат, нормално тече низ целата република, но младите заминуваат како сезонски работници, тие се потенцијални дарители кои сега не доаѓаат. Крв имаме само во овие летни месеци се намалени резервите. Затоа ги повикувам сите добронамерни луѓе да дојдат и да даруваат, повика доктор Биљали.

Дебар - Успешно заврши уште една спортска активност во рамки на манифестацијата „Дебарско културно лето 2024".

Станува збор за  турнирот „Streetbal 2024" кој се одржа под покровителство на општина Дебар а во соработка со кошаркарскиот клуб „Дибра Иглс“.

- Победник на турнирот е екипата „Sortie BB“, втора е  екипата„Ice Fury“, додека третото место го освои „Twins“. На турнирот учествуваа 10 екипи, во чиј состав беа и дебарски иселеници во САД, информираа од општина Дебар.

Претходно одржан беше традиционалниот турнир во мал фудбал, на кој учествуваа 8 а најдобра беше екипата на "Делиши компани". 

Остани поврзан