МИА Општински пул
- 25 февруари 2026
25 февруари 2026
Берово - Општина Берово во изминатиот период покажува високо ниво на активност во сите сегменти, со посебен фокус на решавање на инфраструктурните предизвици, истакна министерот за локална самоуправа Златко Перински.
Според него, Министерството за локална самоуправа ќе продолжи активно да ја поддржува работата на општините преку отворен дијалог со градоначалниците, општинските совети и администрацијата, со цел заедничко изнаоѓање решенија за клучните локални проблеми.
-Ќе ги искористиме новите финансиски средства и ќе продолжиме да разговараме за кризите и предизвиците со кои се соочуваат општините, со цел да најдеме одржливи решенија. На располагање се програмите за рамномерен регионален развој и новиот инвестициски циклус, преку кои во наредната година и половина се обезбедени околу 220 милиони евра, на кои општините можат слободно да аплицираат, истакна Перински.
Министерот посочи дека значајна додадена вредност за регионот претставуваат и
Кавадарци - Сатирична работилница за деца се реализираше синоќа во Домот на културата „Иван Мазов – Климе“ во
Кавадарци. Марина Убавкова, модератор, културен координатор и уметнички соработник на настанот, рече дека станува збор за работилница, простор каде зборот станува игра, мислата станува уметност, а хуморот – начин на размислување.
-Учениците од основните училишта имаат можност да се запознаат со создавањето на детски афоризми и епиграми, како и со нивната ликовна обработка и илустрација. Оваа работилница за пишување е и работилница за размислување, за духовитост, за досетливост и за креативно изразување на детскиот свет.
Преку инспирација, разговор и практична работа, учениците ќе се охрабрат самите да смислат интересен афоризам поврзан со нивното секојдневие – училиштето, другарството, семејството, соништата. Зашто токму во детската перспектива често се крие најискрената и најостроумната мисла, истакна Убавкова.
Работилницата ја водеа писателот-сатиричар Миле Ѓорѓијоски, автор на првата книга со детски афоризми во земјава, писателката Христина Деолска и Убавкова.
Кавадарци - Изложба посветена на „Часословот" на Јаков од Камена Река, беше отворена синоќа во домот на културата ,,Иван Мазов - Климе" во Кавадарци. На настанот беше кажано дека делото претставува гордост, духовно сведоштво и национално богатство.
- Приказната за Јаков од Камена Река започнала во далечната 1566 година. Само еден век по пронаоѓањето на печатарската машина од страна на Јоханес Гутенберг, Јаков од Камена Река-од денешна Македонска Каменица заминал во Венеција, каде ја закупил или купил и ја возобновил печатницата на Божидар Вуковиќ. Таму, за само три и пол месеци, од 15 мај до 30 август 1566 година, го отпечатил ,,Часословот" на црковнословенски јазик. Станува збор за книга со формат 13 на 18 сантиметри и 522 страници, богато украсена со 27 верски цртежи и 11 орнаменти. Еден добро сочуван примерок денес се чува во НУБ „Св. Климент Охридски" во Скопје, појасни Марина Убавкова, модератор, културен координатор и уметнички соработник на настанот.
Таа подвлече дека „Часословот" е една од најстарите книги на црковнословенски јазик и сведоштво за раната писменост и духовност на нашиот народ.
Скопје - Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, информира дека целосно реконструираната спортска сала „Работнички“ ќе го носи името на легендарниот тренер Лазар Лечиќ, се наведува во соопштението од Општина Центар, што МИА го пренесува интегрално.
Во интервју за „Тема на денот“ на телевизијата „Сител“, Герасимовски посочи дека на следната седница на Советот ќе ја предложи точката салата официјално да биде именувана „Лазар Лечиќ“. Предлогот произлегол од иницијатива на ветераните на КК „Работнички“ и спортската јавност, кои инсистирале името на салата да ио продолжи духот и традицијата на клубот.
Герасимовски нагласи дека особено се гордее како е реализиран проектот и им се заблагодари и на претходната и на актуелната Влада за финансиската поддршка што овозможила салата темелно да се реконструира.
Скопје - Општина Аеродром во партнерство со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) објави Јавен повик за избор на набљудувач – претставник на граѓанските организации во Комисијата за евалуација на проекти во рамките на ReLOaD3 програмата.
-ReLOaD3 е заедничка иницијатива на УНДП финансирана од Европската Унија, со цел да се унапреди локалната демократија, да се направи транспарентно финансирањето и да се создадат силни партнерства меѓу општините и граѓанските организации, се наведува во соопштението од Општина Аеродром.
Од Општината ги повикуваат сите заинтересирани претставници на граѓанскиот сектор кои ги исполнуваат условите да аплицираат и активно да се вклучат во процесот на евалуација.