• петок, 17 мај 2024

МИА Најави

МИА Најави

Скопје, 4 декември 2023 

Скопје - Лидерска средба на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, со претседателите на парламентарните политички партии. (Собрание, Кристална сала/ 12:00) 

Скопје - Седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет. (сала „Борис Трајковски“/ 10:00)

Скопје - Седница на Законодавно правна комисија. (Сала 4/ 15:00)

Скопје - Посета на Делегација на Комисијата за европски прашања на Парламентот на Чешката Република. (11:30)

Куманово - Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ќе оствари работна средба со раководствата на СВР Куманово и Регионалниот центар за гранични работи Север. (9:30)

Скопје - Конференција на Платформата за граѓанско образование на млади за борба против радикализација - Младите против насилство. (хотел „Панорамика“/ 11:30)

Скопје - Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Република Северна Македонија (ЗЕЛС) ќе ја одржи петта седница на Генералното собрание, највисокото тело на Заедницата. (хотел „Александар Палас“/ изјави за медиуми во 12:00)

Скопје - Панел-дискусија „Градење отпорност преку ефективно планирање на континуитетот на бизнисот“. (Стопанската комора на Северна Македонија, сала 1 на 5ти кат/ изјави за медиуми 11:45)

Скопје - Институтот за комуникациски студии (ИКС) ќе одржи панел дискусија „Што правиме со родово (не)сензитивното известување?“. (Хотел „Солун“/ 12:00 - 14:00)

Скопје - Конференција „Барометар за еднакви можности 2023: од перцепции и искуства до предлози за подобри политики против дискриминација“ организирана од Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС). (хотел „Холидеј ин“/ 10:30)

Скопје - Завршна презентација на пет проекти финансирани од Министерството за образование и наука. (Амфитеатар на Институтот за македонски јазик/ 10:00)

Скопје -  Младински Сојуз - Крушево ќе ја презентира новата дигитална платформа за вработување во Македонија, Бугарија и Грција. (Стопанската комора на Северна Македонија/ 11:00, брифинг за медиуми и изјави/ 11:00-11:30)

Битола - Форумска сесија - Буџетски Форум на Општина Битола (хотел „Премиер“ / 11:00)

Скопје - Панел дискусија за влијанието на AI, вклучително и на ChatGPT, врз обмислување нови начини на тестирање и оценување. (Филолошки факултет, амфитеатар А1/ 12:00)

Скопје - Разговор со словенечкиот писател Рок Вилчник. (литературно кафе „Метаноја“/ 19:00)

Скопје - Концерт „Музика и поезија - вечер со музиката на Шопен“ со пијанистот Дино Имери и маестра Дијана Имери Илкоска. (Камерната сала на Филхармонија/ 20:00)

Скопје - Премиерна изведба на театарскиот перформанс „Лилит". (Културно-социјален простор Центар-Јадро/ 20:00)

________________________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Тагови

Остани поврзан