
7 април 2024
- Светски ден на здравјето
Кигали - Комеморација по повод 30 години од почетокот на геноцидот во Руанда.
Ерусалим - Поминаа шест месеци од нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година, по што Израел започна војна против тоа палестинско движење во Појасот Газа.
Лондон - Произраелски митинг за ослободување на заложниците во Појасот Газа.
Торан-Глиер, Франција - По повод 80-годишнината од ослободувањето на Франција од германската окупација во Втората светска војна, претседателот Емануел Макрон им оддава почит на борците и еврејските деца.
Варшава - Првиот круг од локалните избори во Полска.
Атина - Говор на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, пред јунските избори за Европскиот парламент.