МИА Најави - свет
- Њујорк - Генералното собрание на ОН започнува дводневна расправа за резолуцијата против американското ембарго кон Куба.
28 октомври 2025
Стокхолм - Шведска е домаќин на состанокот на премиерите на нордиските земји.
Њујорк - Генералното собрание на ОН започнува дводневна расправа за резолуцијата против американското ембарго кон Куба.
Каракас - Дводневен форум на бизнисмени на Русија и Венецуела.
Токио - Прво сослушување за Тецуја Јамагами, обвинет за атентат врз поранешниот премиер на Јапонија, Шинѕо Абе.
Ташкент - Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ќе престојува во официјална посета на Узбекистан до 31 октомври, при што ќе се сретне со претседателот на Узбекистан, Шавкат Мирзијоев, и со други функционери. Во рамки на посетата, Вучиќ ќе учествува на 43. заседание на Генералната конференција на УНЕСКО, што се одржува во Самарканд.