МИА Најави - Свет
- 7 Декември 2023

7 Декември 2023
Пекинг - На дводневниот самит ЕУ-Кина учествува и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
Париз - Средба на францускиот претседател Емануел Макрон и унгарскиот премиер Виктор Орбан во пресрет на самитот на Европската унија.
Москва – Средба меѓу претседателите на Русија и Иран, Владимир Путин и Ебрахим Раиси.
Брисел - Почнува дводневната средба на министрите за економија и финансии на Европската унија.
ОН - Состанок на Советот за безбедност на ОН за транснационалниот организиран криминал.
Стокхолм - Прес-конференција на добитниците на Нобеловите награди за хемија, физика, економија и литература пред доделувањето на тие награди на 10 декември.
Атина - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ќе има средба со премиерот Киријакос Мицотакис за време на неговата посета на Грција.