МИА Најави - свет
- Брисел - Завршува дводневниот состанок на воените лидери на НАТО. Вашингтон - Американски и кинески претставници ќе го потпишат првиот дел од билатералниот трговски договор

15 јануари 2020
Брисел - Завршува дводневниот состанок на воените лидери на НАТО.
Вашингтон - Американски и кинески претставници ќе го потпишат првиот дел од билатералниот трговски договор.
Стразбур - Во Европскиот парламент ќе се одржи дебата за иднината на Европа на која ќе учествуваат лидерите на ЕУ, Урсула фон дер Лајен и Шарл Мишел.
Стразбур - Јорданскиот крал Абдулах Втори ќе одржи говор во ЕП.
Москва - Рускиот претседател Владимир Путин ќе одржи годишниот говор во Парламентот.