• петок, 03 мај 2024
МИА Најави - Свет

11 Мај 2023

БРИСЕЛ - На европскиот самит за одбрана и безбедност и за војната во Украина присуствува и високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел.

БЕРЛИН - Средба на министрите за надворешни работи на Германија, Египет, Јордан и Франција за мировниот процес на Блискиот Исток.

МАДРИД - Вонреден состанок на Советот на министри на Шпанија треба да донесе мерки за борба против сушата и за помош на земјоделството.

ПАРИЗ - На состанокот „Забрзување на нашата реиндустријализација“, претседателот на Франција, Емануел Макрон, собира претставници на индустријата, бизнис лидери, избрани функционери и претставници на заедници и здруженија.

ТОКИО - Состанок на министрите за финансии и гувернерите на централните банки на земјите од Г7.

ВАШИНГТОН - Крај на вонредната состојба поради Ковид-19 и прекин на уредбата за задолжителна вакцинација на државните службеници и странските граѓани против коронавирусот.

Остани поврзан