• среда, 04 декември 2024
МИА Најави - свет

13 ноември 2024

Рим - Претседателката на Собранието на Србија, Ана Брнабиќ во Рим ќе се сретне со претседателот на Претставничкиот дом на Италија, Лоренцо Фонтана, претседателот на Комисијата за надворешни работи на Претставничкиот дом, Џулија Тремонти и сенаторот, претседател на Комисијата за надворешни работи и одбрана во италијанскиот Сенат, Стефанија Кракси.

Берлин - Обраќање на германскиот канцелар Олаф Шолц во врска со колапсот на владејачката коалиција.

Берлин - Комитетот на германски економски експерти ги презентира ажурираните економски прогнози за 2024 и 2025 година.

Фиренца - Почеток на тридневната средба на министрите за туризам на Групата седум индустриски најразвиени земји (Г7), која ја сочинуваат Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија, Велика Британија и САД.

Њујорк - Седница на Советот за безбедност на ОН за Јемен и продолжување на санкциите.

Лима - Кинескиот претседател Си Џинпинг ќе учествува на состанокот на Форумот за азиско-пацифичка економска соработка (APEC), а во државна посета на Перу ќе престојува до 17 ноември.

Остани поврзан