МИА Најави - свет
- 13 ноември 2023

13 ноември 2023
Брисел - Почнува дводневниот состанок на министрите за надворешни работи на Европската унија, со кој ќе претседава високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел.
Брисел - Министерски состанок на ЕУ - Западен Балкан, на кој ќе се соберат шефовите на дипломатиите на ЕУ и западнобалканската шесторка (Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Северна Македонија и Србија) со претседавање со високиот претставник на ЕУ, Жозеп Борел. (17:30)
Варшава - Првата седница на полскиот Парламент по парламентарните избори одржани на 15 октомври.
Лисабон - Годишен самит за дигитална економија и нови технологии.
Џакарта - Официјално објавување на имињата на кандидатите за претседателските избори во Индонезија планирани за 2024 година.