• четврток, 21 ноември 2024

МИА Најави - свет

МИА Најави - свет

23 мај 2024

Њујорк - Генералното собрание на ОН гласа за предложената Резолуција за Меѓународниот ден за промисла и сеќавање на геноцидот во Сребреница.

Брисел - Дебата на кандидатите за шеф на следната Европска комисија.

Машхад - Погреб на претседателот на Иран Ебрахим Раиси во неговиот роден град Машхад.

Стреза - Почеток на дводневниот состанок на министрите за финансии од Групата седум најиндустриски развиени земји во светот (Г7).

Берлин - Одбележување на 75 години од Уставот на Германија.

Сараево - Директорката за Западен Балкан во Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување на Европската комисија, Валетина Суперти, до петок е во посета на Босна и Херцеговина, каде ќе учествува на бизнис форумот во Сараево и ќе се сретне со високи претставници на БиХ, претставници на граѓанското општество и бизнис заедницата.

Приштина - Почнува дводневната годишна конференција на Европската федерација на новинари на која ќе учествуваат околу 100 новинари и претставници на синдикатите од 45 европски земји.

Остани поврзан