МИА Најави - свет
- Ватикан - Започнува конклавата на кардиналите за избор на нов поглавар на Римокатоличката црква.
7 мај 2025
Стразбур - Европскиот парламент гласа за извештаите за Србија и Косово, по што известувачите Тонино Пичула и Рихо Терас ќе одржат заедничка прес-конференција.
Москва - Претседателот на Кина, Си Џинпинг, ја започнува посетата на Русија, која ќе трае до 10 мај.
Њу Делхи - Индија одржува вежба за цивилна заштита додека расте воената напнатост на границата со Пакистан.
Њујорк - Состанок на Советот за безбедност на ОН за нуклеарната програма на Северна Кореја.
Париз - Посетата на Фридрих Мерц на Франција, која беше најавена пред неговиот избор за канцелар на Германија.
Париз - Претседателот на Сирија, Ахмад ал Шара, во прва посета на ЕУ. Тој ќе биде пречекан од францускиот претседател Емануел Макрон.
Ватикан - Започнува конклавата на кардиналите за избор на нов поглавар на Римокатоличката црква.
Варшава - Започнува редовниот дводневен полугодишен неформален состанок на министрите за надворешни работи на Европската Унија во форматот „Гимних“ (без соработници).
Стразбур - Свеченост во Европскиот парламент по повод 80-годишнината од крајот на Втората светска војна.
Тунис - Марш на земјоделските работнички - надничарки кои бараат социјална заштита и статус на вработени.