• петок, 05 декември 2025

МИА Најави МКД

МИА Најави МКД

18 октомври 2025 

Скопје - Годишна средба на специјалисти и пациенти со СМА 2025 насловена „СМА – можности и предизвици пред и после дијагноза“ во организација на Здружението СТОП СМА Македонија. (х.„Хилтон“/12:00)

Скопје - Трета меѓународна конференција за фриленсерство „Freelance is for Freedom!” во организација на Фондацијата Импакт. (CoWork 21, изјави за медиумите/11:00)

Скопје - ЈП „Лајка“ организира манифестација за одбележување на петгодишнината од основањето на која ќе има изложба на кучиња што бараат дом, натпреварувачка изложба на миленици, на ученички цртежи  и креативна работилница. (Кафе бар Собрание/11:00)

Скопје - Промоција на последните две книги поезија „Пристоен предлог и други песни“ и „Пеколот е мало место“ од Тихомир Јанчовски. (Цреша Бар/12:00)

Скопје - Премиерна изведба на претставата „Куршуми над Бродвеј“. (Драмски театар/20:00)

Скопје - Концерт на ТРИО АКАДЕМИКО. (Музеј на македонската борба/20:00)

Штип - Меморијален концерт насловен „Ансамбл Тромбони Макбрас за Филип Стевановски“. (Народен театар/20:00)

___________________________________________________________ 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан