• среда, 15 мај 2024
МИА Најави МКД

18 август 2023

Скопје – Собранието на Република Северна Македонија ќе ја одржи 123. седница на која на дневен ред е Предлогот за пристапување кон измена на Уставот. (сала „Македонија“/ 11:00)

Скопје – Свечено одбележување на 18 Август - Денот на Армијата на Република Северна Македонија на кое ќе се обратат претседателот и врховен командант на Армијата Стево Пендаровски, министерката за одбрана Славјанка Петровска и премиерот Димитар Ковачевски. (воен стадион во Градски парк/ 9:30, претставници на медиумите најдоцна во 8:50)

Скопје – По повод Денот на Армијата, делегации од Кабинетот на претседателот, Собранието, Владата, Министерството за одбрана, Генералштабот, Сојузот на борци, Организацијата на резервни воени старешини и Градот Скопје  ќе положат цвеќе пред Споменикот на паднатите борци од НОБ во Алејата на великаните, како и пред вечните почивалишта на поранешните претседатели Борис Трајковски и Киро Глигоров и пред вечното почивалиште на генерал Михаило Апостолоски. (Градски гробишта Бутел/ 8:00) 

Славеј Планина – По повод Денот на Армијата, делегација ќе положи цвеќе на Спомен обележјето на Славеј Планина (10:30)

Охрид – Свечено отворање на 56. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (МСМЈЛК при УКИМ). (конгресен центар на УКИМ/ 12:00)

Велестово – Официјално отворање на 35. Поетска ноќ во Велестово. (сретсело/ 21:00, ликовна изложба на Тони Попов, трем на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Велестово/ 22:30)

Прилеп – Во рамки на Меѓународната уметничка колонија на АРТ ПОИНТ – ГУМНО ќе биде отворена ретроспективната  изложба на документарни фотографии изработени од претставниците на Либеречката школа за фотографија - LŠF од Чешка. (ЈГУ „Борка Талески“/ 19:00)

Тетово – Прес-конференција на ФК Тетекс и ФК/ЖФК Љуботен. (простории на ФК Тетекс/ 9:30)

___________________________________________________________ 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини*** 

Остани поврзан