• недела, 22 декември 2024
МИА Најави МКД

МИА Најави МКД

5 септември 2023 

Скопје – Седница на Собранието на Република Северна Македонија. (сала „Македонија“/ 11:00)

Скопје – Седница на собраниската Комисија за надворешна политика. (Сала 4/ 10:00)

Скопје – Седница на собраниската Законодавно правна комисија. (Сала 4/ 10:30)

Талин - Премиерот Димитар Ковачевски учествува на „Талински дигитален самит 2023“ во Естонија. (Линк до обраќањето на премиерот Ковачевски во 10:25 часот: https://www.youtube.com/watch?v=Txry8IRmANw)

Тетово - Во рамки на претседавањето на Република Северна Македонија со ОБСЕ, ќе се одржи првата Конференција на ОБСЕ за родова еднаквост и зајакнување на улогата на жените. (простории на Универзитетот на ЈИЕ и хотел Меркур/ 15:00/ заедничка прес- конференција на министерот за надворешни работи Бујар Османи и генералниот секретар на ОБСЕ Хелга Шмид во 16:15 часот)

Скопје – Институт за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје (ИДСЦС) организира настан на тема:  Интегритет на носење одлуки: системски пропусти во случајот „Бехтел Енка“. (х. „Панорамика“/ 11:00 – 13:00, изјава за медиумите ќе даде Миша Поповиќ, раководител на Центарот за добро управување при Институтот за демократија/ 10:50)

Скопје – Завршна конференција на Slovak Aid Проектот: Градење на ефективни капацитети на државната администрација за контрола на службите по медицина на трудот во Србија и Северна Македонија, Бр. SAMRS/2021/ZB/1/8, меѓу Институт за медицина на трудот на РСМ, СЗО Колаборативен центар, Скопје и  Институт за медицину рада „Д-р Драгомир Карајовиќ, Белград. (во просториите (Амфитеатар) на Деканатот на Медицинскиот факултет во Скопје/ 10:00)

Скопје - Свечено отворање на Форумот за културна дипломатија – Скопје 2023, на кое ќе се обрати поранешниот претседател на Република Северна Македонија Ѓорге Иванов, градоначалникот на Град Скопје, Данела Арсовска и директорот на Институтот за културна дипломатија, Марк Донфрид. (хотел „DoubleTree by Hilton“, сала Diamond/ 09:45) 

Скопје - ГБСК ја продолжува кампањата „Читаме современи македонски автори“ со романот „Естом“ од Николина Андонова Шопова. (Спомен соба „Т’га за југ“/ 19:00)

Скопје – Отворање на самостојната изложба „Раселени“ (Displaced) на уметницата Тања Балиќ. (Музеј на Република Северна Македонија/ 20:00)

Скопје – Отворање на изложбата „Средба со историјата: една слика – една приказна“ на Мирчо Матевски Рисимкин. (Мала станица/ 20:00)

Скопје – Отворање на изложбата „Бугарија од птичја перспектива“. (во затворениот дел од галеријата на Културно-информативниот центар на Република Бугарија во Скопје/ 18:00)

Битола - Изложба „Македонски и канадски графичари 7х7“. (Офицерски дом / 20:00 )

Скопје – Комеморацијата за доајенот на македонскиот спорт и долгогодишен селектор на националниот тим во борење слободен стил Насе Насев. (во конференциската сала на СЦ „Јане Сандански“/ 12:00) 

___________________________________________________________ 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини*** 

Остани поврзан