• сабота, 20 април 2024
МИА Најави МКД

МИА Најави МКД

15 март 2023

Абу Даби – Претседателот Стево Пендаровски, придружуван од сопругата Елизабета Ѓоргиевска, престојува во официјална посета на Обединетите Арапски Емирати.

Скопје – Продолжение на 71. седница на Собранието на Република Северна Македонија. (сала „Македонија“/ 12:00)

Скопје – Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски ќе се обрати на централниот настан за презентација на новите мерки за поддршка на малите производители на храна и пијалаци. (х. „Белви“/ 11:00)

Скопје – Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова ќе одржи брифинг за актуелни прашања поврзани со животната средина. (во Салата за состаноци во МЖСПП, кат 7/ 13:00)

Скопје – Регионален настан како дел од активностите на проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран. (х. „Парк, конференциска сала New York“/ 10:00)

Скопје – Директорот на Агенцијата за филм, Бојан Лазаревски ќе одржи брифинг по повод наводите изнесени на прес-конференцијата на Транспаренси Интернешнл. (Агенција за филм/ 11:00)

Скопје – Прес-конференција на Работничката партија. (пред главниот влез на Собранието на РСМ/ 12:00)

Скопје – Прес-конференција на Жири-комисијата за наградата „Роман на годината“ на која ќе биде соопштено името на годинашниот лауреат. (кафе-книжарница „Буква“/ 12:00)

Битола – Проекцијана „Папокот на светлината“ од Венко Андоновски. (НУ Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“/ 12:00)

Битола -  Дебатно кино Контра кадар од Битола слави 10 години со првата проекција на тема вештачка интелигенција. (НУ Центар за култура/ 19:30)

Скопје – Прес-конференција на Драмски театар Скопје по повод поставувањето на претставата „Емигранти“ на сцената на Драмски театар – Скопје. (10:00)

Скопје – Изложба на слики „Поглед преку...“ од Вангел Срнаков. (КИЦ – Скопје, салон Империјал 1/ 19:30)

___________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан