• вторник, 10 септември 2024
МИА Најави - МКД (ДПЛ)

10 септември 2024

Скопје - Претседателот на Собранието Африм Гаши ќе се сретне со евроамбасадорот Михаилис Рокас. (Стар кабинет /12:30)

Скопје - Конститутивна седница на Клубот за младински прашања и политики во Собранието на Република Северна Македонија. (Сала „Борис Трајковски“ /10:00)

Скопје - Посета на италијанскиот потпретседател на Владата и министер за надворешни работи и меѓународна соработка, Антонио Тајани. (Сала на Уставна комисија /17:30):

- пречек пред Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. (15:15)

- тет-а-тет средба меѓу министрите Муцунски и Тајани. (15:20)

- билатерална средба на двете делегации. (15:30)

- прес-конференција на министрите Муцунски и Тајани. (16:30)

- средба со претседателот на Собранието, Африм Гаши. (сала на Уставна комисија/17:30)

Скопје - Министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски ќе одржи прес-конференција. (МЗШВ /10:00)

Скопје - Министерката за образование и наука Весна Јаневска и градоначалникот на општина Аеродром, Дејан Митески ќе го посетат основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“. (10:00)

Скопје - Седница на Судски совет на Република Северна Македонија (Сала на Судски совет /14:00)

Скопје - Националната конвенција за Европската Унија во Северна Македонија (НКЕУ-МК) ќе ја одржи 4-та сесија од Работната група 6 (Поглавје 5-Јавни набавки; Поглавје 18-Статистика; Поглавје 32-Финансиска контрола) на тема „Податоци на кои им веруваме: Предуслов за посилна економија и ефикасна борба со корупцијата“. (х. „Панорамика“ /9:30)

Скопје - 28. Републички пензионерски спортски игри. (Комплекс „Њу стар“ Визбегово /9:00)

Штип - Фондацијата за развој на локалната заедница од Штип, во рамки на проектот „Направи разлика“ организира „Форум за млади“. (х. „Изгрев“ /10:30)

Охрид - Втора меѓународна конференција на издавачи „Млади европски приказни“ во организација на „Чудна шума“.

Скопје - 4-то издание на фестивалот на Нем и Класичен филм. (Кинотека /20:00)

Скопје - Фестивалот на комедијата „Гола месечина“ по 11. пат ќе се одржи во Општина Аеродром. (Парк „Авионче“ /20:00)

Скопје - Трансмедијален и трансдисциплинарен проект „На работ“ на авторите Гоце Наневски и Дориан Јовановиќ. (Чифте амам /20:00)

__________________________________________________________ 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан