• четврток, 09 мај 2024
МИА Најави МКД

29 декември 2023

 

Скопје - Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски ќе присуствува и ќе има свое обраќање на официјалното отворање на спортската сала „Наум Наумовски - Борче” во Општина Карпош. (11:30, изјави за медиумите по официјалното отворање на спортската сала, https://www.google.com/maps/place/+3)

Скопје - Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски ќе се обрати и ќе присуствува на потпишувањето на договорот за реконструкцијата на двата студентски дома „Стив Наумов“ и „Кузман Јосифовски Питу“. (Влада, Медија центар/12:30, https://www.youtube.com/watch?v=l9RVA2zCClA, https://www.youtube.com/watch?v=gBqgCqh3p1Y, https://www.youtube.com/watch?v=5QlaGCBF7L4, пристигнување на сниматели и фоторепортери/12:15 часот, не се предвидени новинарски прашања)

Скопје - Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и раководството на МВР ќе одржат брифинг со медиумите. (Клуб на пратеници, амфитеатар/10:30)

Скопје - Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и командантот на единицата, Дејан Несторовски ќе се обратат на свечената церемонија по повод Денот на Единицата за интервентна полиција. (Полициски центар во Ѓорче Петров/13:00, не се предвидени изјави за медиумите, пристигнување на медиумите/12:45)

Скопје - Министерката за одбрана, Славјанка Петровска ќе присуствува и ќе се обрати на свеченоста по повод прием и врачување договори на нови 150 професионални војници во редовите Армијата на Република Северна Македонија. (Касарна „Илинден“/10:30, пристигнување на медиуимите/10:10)
 
Скопје - Министерот за образование и наука Јетон Шаќири ќе одржи претпразнична дружба со медиумите. (Министерство за образование и наука, 8-кат/11:30)

Скопје - Министерот за здравство Фатмир Меџити ќе ја посети Поликлиниката Чаир. (9:30, изјави за медиуми по посетата)

Скопје - Директорот на Агенцијата за управување со одземен имот, Дритон Небиу ќе одржи брифинг за годишното работење на Агенцијата за 2023 година. (АУОИ/13:00)

Штип - Градоначалникот на Општина Штип организира прием на институциите кои за време на нова година и празниците ќе имаат дежурни служби. (Општина Штип/12:00)

Тетово - Градоначалникот на Општина Тетово, Биљал Касами, ќе одржи новогодишен брифинг за новинари. (Сала за состаноци/10:00)

 

______________________________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан