МИА Најави МКД
- 23 декември 2025
23 декември 2025
Скопје - Годишно обраќање на претседателката Гордана Сиљановска Давкова пред пратенциите во Собранието. (Сала „Македонија“/12:00)
Скопје - Министерката за образование и наука Весна Јаневска ќе се обрати на дводневниот хакатон на кој ученици и наставници од регионалните центри за стручно образование и обука, под менторство на професори и студенти од факултетот ќе изработуваат бизнис планови за основање на реални училишни компании. (Економскиот факултет при УКИМ/10:00)
Скопје - Прес-конференцијата на Марко Бислимоски, претседател на РКЕ на која ќе биде соопштена одлуката за финалната цена за електрична енергија што ќе стапи во сила од 1 јануари 2026 година. (РКЕ/11:30)
Скопје - Свечено доделување на Годишните награди на Македонска берза. (р.„Воденица“/19:30)
Скопје - Прес-конференција на градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска. (Дом на култура „Билјана Беличанец“/10:00)
Штип - Свечена академија по повод 30 години континуирана високообразовна дејност од Педагошка академија преку Педагошки факултет до Факултетот за образовни науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип. (Кампус 2, поранешен Педагошки факултет/академија Амфитеатар 2 – Голем амфитеатар, кат 2/10:30, изјави за медиумите/10:45)
Скопје - БЦКП „Солуција“ организира панел дискусија „Чекајќи го Годо… и правдата: Очекувања од новите измени на Кривичниот законик“. (х.„Лимак, сала Sky Lounge/9:30)
Битола - НУ Завод и Музеј-Битола организира свечено отворање на „Спомен-собата на Кирил Македонски“. (Музеј/19:00)
Скопје - Изведба на оперетата „Лилјакот“ (Die Fledermaus) од Јохан Штраус II. (Македонска опера и балет/19:30)
Скопје - Промоција на новото издание на Приватен принт, „Книга на девет книги“. (PrivatePrint Studio/18:00)
___________________________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***