29 јануари 2026
Скопје - Претседателот на Собранието, Африм Гаши, ќе одржи неформална средба со претставници на медиумите, на која ќе се разговара за тековните и идните активности на Собранието. (Собрание на РСМ, Сала на Уставна комисија /10:00)
Скопје - Собранието на Северна Македонија ќе ја одржи 82-та седница. (Сала „Македонија“/11:00)
Скопје - Седница на собраниската Комисија за одбрана и безбедност (Сала 6 / 10:30)
Скопје - Собранието на Северна Македонија ќе ја одржи 82-та седница. (Сала „Македонија“/11:00)
Скопје - Седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет. (Сала „Борис Трајковски“/11:30)
Скопје - Седница на собраниската Законодавно-правна комисија. (Сала 4/11:45)
Скопје - Свечена изјава пред претседателот на Собранието, Африм Гаши, ќе дадат новоизбраниот претседател и членови на Државната изборна комисија. (Собрание на РСМ, Сала на Влада / 14:00)
Скопје - Претседателот на Собранието, Африм Гаши, ќе оствари средба со амбасадорот на Австрија, Мартин Памер. (Стар кабинет/15:00)
Скопје - Реферирање за борбената готовност на Армијата за 2025 година пред претседателката и врховен командант на Вооружените сили Гордана Сиљановска-Давкова на кое ќе присуствуваат министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски. (Дом на Армијата /12:00, пристигнување на медиумите /11:30)
Скопје - 18. Сесија на Работната група 4 – Правда, Слобода и безбедност (Поглавје 24) на тема „Новиот пакт за миграција и азил: безбедносни и интеграциски предизвици во Европа со фокус на Западниот Балкан и Република Северна Македонија“ во организација на Европското движење во Република Македонија. (Клуб на пратеници /9:30)
Скопје - Министерството за спорт и Сојузот на спортски федерации на Македонија ја организираат манифестацијата „Спортисти на годината 2025“. (Национална опера и балет; прием на спортисти/ 18:30, доделување на 500 стипендии „Спортска надеж“/19:00, свечена церемонија /20:00)
Скопје - Со донаторска вечер „Threads of Light“ почнува да работи Фондацијата „Фросина Кулакова“. (во ресторан Везилка/ 19:00)
Софија - Проекција на долгометражниот анимиран филм „Јон Вардар против Галаксијата“ по сценарио и режија на Гоце Цветановски во Македонскиот културно-информативен центар во Софија. (18:30)
Скопје - Премиера на вокално-инструменталното дело „Вооружениот човек“ (миса за мир) од британскиот композитор Карл Џенкинс. (Филхармонија /20:00)
____________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***