• петок, 05 декември 2025
МИА Најави МКД

9 јули 2025 

Скопје - Собранието на Р. С. Македонија ќе ја одржи 59-тата седница. (Сала „Македонија“/11:00)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство. (Сала 6/10:30)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет. (Сала Борис Трајковски/11:00)

Скопје - Одбележување на 11 Јули - Меѓународен ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница. (Сала „Борис Трајковски“/10:00)

- обраќање на Африм Гаши, претседател на Собранието на Република Северна Македонија

- обраќање на пратеникот Амар Мециновиќ

- обраќање на претставничка на координативното тело за одбележување на 30 годишницата од Сребреница, Селма Ризвановиќ Мандал

- обраќање на претставник на Бошњачкиот Национален Сојуз, Џевад Хот

- обраќање на Муамер Џанановиќ, директор на Институтот за истражување на злосторот Сарајево.

Неготино - Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски и првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити ќе присуствуваат и ќе се обратат на церемонијата за започнување на изградбата на интерконекторот за пренос на природен гас меѓу Р.С. Македонија и Р. Грција. (На автопатот од Неготино кон Демир Капија, збирно место е бензинската пумпа Детоил, од каде задолжени лица ќе ве упатат до локацијата, https://maps.app.goo.gl/Puv8pJi3pVT6ci2d7,/11:00, пристигнување на медиумите/10:45)

Скопје - Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, ќе биде домаќин на Султан Бин Саад ал-Мураики, Државен министер за надворешни работи на Државата Катар.(можност за инсерти и фото, изјави за медиумите не се предвидени)

 - пристигнување и пречек пред МНРНТ (11:35)

- тет-а-тет средба на министрите (11:40 )

 - билатерална средба на двете делегации (12:00)

Скопје - Седница на Уставниот суд. (9:30)

Куманово - ВМРО-ДПМНЕ организира трибина на тема „Од енергетска стабилност до силна економија!“, на која говорници ќе бидат: претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Владата Христијан Мицкоски, Сања Божиновска – претседателка на Комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ и министерка за енергетика, рударство и минерални суровини; Бобан Николовски – претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Куманово и директор на Царинска управа; Бране Петрушевски – пратеник во македонското Собрание од ВМРО-ДПМНЕ и Лазар Узунчев – директор на ЕСМ. (Општина Куманово/19:30, и на јутјуб и фејсбук каналот на ВМРО-ДПМНЕ)

Скопје - Прес-конференција на градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски.  (Пред Спортската сала „Наум Наумовски Борче“ – Партизан/ 10:15)

Скопје - Летен музички open air фестивал „Звукот на Скопје“, во организација на Културно информативен центар – Скопје. (КИЦ/19:30)

Скопје - Концерт на Никола Стојковски (ФИН проект) и Тања Царовска. (Cafè Literatura во „Дајмонд мол“/21:00)

___________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан