• петок, 29 март 2024
МИА Најави МКД

30 мај 2023 

Скопје - Претседателот на Собранието, Талат Џафери ќе одржи средба со претставници на медиумите. (Сала на Уставна комисија/11:00)

Скопје - Претседателот на Собранието, Талат Џафери ќе одржи средба со новоизбраниот aмбасадор на Кувајт, Гази Хамад Ал-Фадли. (Стар кабинет/13:30)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците. (Сала „Борис Трајковски“/11:00)

Скопје - Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи ќе се обрати на шестото издание на МЕФ Енергетскиот Форум 2023 што се оддржува под негово покровителство. (х. „DoubleTree by Hilton“/09:00)

Скопје - Државната изборна комисија ќе одржи јавна седница. (Јутјуб канал на ДИК/11:30)

Скопје - Регионална конференција: „Успешни заедно! Регионални увиди и пристапи за спречување и борба против трговијата со луѓе“ во организација на Региналниот центар на Инцијативата за миграции, азил и бегалци (МАРРИ) и Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ). (х.„Холидеј И“/9:30)

Скопје - Работна средба на Синдикатот на самостојните јавни научни установи (ССЈНУ). (х. „Континентал“/10:00)

Скопје - Националното здружение за помош и поддршка на лица со мултипла склероза ќе го одбележи Светскиот ден на мултипла склероза. (х.„Панорамика“/11:00)

Скопје - Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија - Мобилност Македонија по повод 30 мај, Светскиот ден на лицата заболени од мултипла склероза организира марш. (Пред Порта Македонија/11:00)

Скопје - Завршен настан како дел од проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“. (МКЦ, кино Фросина/10:00, изјави за медиуми/9:50)

Скопје - Пензионерското движење „Тука Сме“ ќе одржи трибина за проблемите во здруженијата на пензионери. (ул. ,,11 Октомври“ бр.17, поранешна зграда на Градската конференција на ССРНМ, спроти главниот влез на Градската болница/Универзитетска клиника ,,Св. Климент“/11:00)

Скопје - Меѓународна научна конференција „Екоантропологија: помеѓу човекот и околината“ во организација на ЈНУ Институт за фолклор „Марко Цепенков“ - Скопје. (Јавна соба, онлајн и со физичко присуство/10:15)

Скопје - Врачување на наградата „Роман на годината“ за 2022 година. (Музеј на современата уметност/20:00)

Скопје - Промоција на книгата „Денот кога заборавивме да плачеме“ збирка научно - фантастични раскази на Магдалена Стојмановиќ - Константинов. (Музеј на град Скопје/19:00)

Скопје - Промоција на стихозбирката „Лирски патувања“ од Сузи Тенева. (КИЦ, Салон Империјал 2/19:00)

Скопје - Отворање на Годишната изложба на членовите на ликовното студио „АРС ВИВЕНДИ“. (Галерија „КО-РА“ - нов салон во Ј.У Дом на култура „Кочо Рацин“/19:00)

Скопје - Отворање на изложбата насловена „Фрагменти“ на Билјана Билбилоска. (Ј.У. Дом на култура „Кочо Рацин“, мал салон/20:00)

Куманово - „ФИЛМАЈ" 2023 фестивал на краток филм. (Занаетчиски дом - Куманово/20:00)

Битола - Свечено затворање на меѓународната ликовна колонија „Мал битолски Монмартр“. (Стара чаршија/11:00)

Битола - „Музичка импресија“ - концерт на Кристина Светиева - пијано. (Офицерски дом/19:00)

Скопје - Самостојна изложба „Фрагменти“ на Билјана Билбилоска. (мал салон на ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“/20:00) 

___________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

 

Остани поврзан