• вторник, 07 мај 2024
МИА Најави МКД

15 март 2024 

Скопје - Меѓународна конференција на тема „Уставно-судска заштита на слободата на мислата и слободата на јавно изразување на мислата“ по повод 60 години од основањето на Уставниот суд на Република Северна Македонија. (Сала „Голема купола“/10:00)

Скопје - Министерот за економија Крешник Бектеши ќе се обрати на настан по повод Светскиот ден на правата на потрошувачите 15 март. (Клуб на органите на државната управа, бул.„Теодосиј Гологанов“ број 53/10:00, изјави за медиуми/10:30)

Битола - Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев ќе оствари работни средби со раководствата на СВР Битола, ОВР Прилеп и ОВР Крушево. (Изјава за медиумите пред СВР Битола/11:30)

Скопје - Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевскиќе ќе извршат увид во изградба на локални улици во населба Хиподром во општина Гази Баба. (Изјава за медиуми ул. 6 - Хиподром 2, во близина на ресторан Ксантика, https://maps.app.goo.gl/qN65Ki1pcHjiD7wv6/11:00)

Велес - Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски ќе биде во посета на земјоделците од општина Градско. (12:00)

-Посета на младиот земјоделец Гоце Спасовски во селото Виничани. (Изјава за медиумите по средбата)

Скопје - Државната изборна комисија ќе одржи брифинг за новинар/к/и. (ДИК, сала на 4-ти кат/11:00) 

Скопје - Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ и Адвокатска канцеларија Најденовски, ќе реализираат Премиерен настан AI 4 2024 на тема „To AI or not to AI? That is the question“. (р.Ragusa 360 Rooftop/10:00)

Штип - Недела на борба против глауком со бесплатно мерење на очен притисок. (Плато пред Правниот факултет, поранешен Ректорат и во Кабинетот за оптометрија и очна оптика на Факултетот за медицински науки, во просториите на поранешното Текстилно училиште/9:00, изјави за медиуми пред Правниот факултет/9:30)

Прилеп - Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски и градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески ќе извршат увид на градежните активности на Кружниот тек кај Домот на културата „Марко Цепенков“. (Изјава за медиуми/11:45)

Скопје - Одбележување на денот на основањето на Црвениот крст на РСМ и Ден на крводарителството во РСМ. (х.„ Хилтон“/11:00)

Скопје - Едукативен караван во скопските училишта во рамките на проектот „Унапредување на благосостојбата на животните преку волонтерството“. (ООУ “Љубен Лапе“, Општина Аеродром/10:00)

Охрид - Натпревар во финансиска писменост за млади, како и завршна конференција во рамки на проектот „Финансиска писменост за млади претприемачи - ФинЈес“ во организација на Здружението на граѓани ЦЕФЕ Македонија. (Универзитет за информатички науки и технологии „Св.Апостол Павле“ Охрид“/11:00)

Скопје - Прес-конференција на која ќе биде соопштено името на добитникот на наградата „Роман на годината“. (Кафе-книжарница „Буква“/12:00)

Велес - Отворање на изложбата UKIYOE – Јапонска графика на дрворези со  принтови од цртежи од најпознатите јапонски мајстори на дрворези.од XVII и XVIII век. „Јапонскиот лебдечки свет“. (Ликовен салон/13:00)

Скопје - Отворање на изложбата ,,Париски цртан филм" на Јана Манева - Чупоска. (Кинотека, фоаје/21:30) 

Скопје - Македонската академија на науките и уметностите ќе одржи комеморативна седница по повод смртта на акад. Јордан Поп-Јорданов. (МАНУ, свечена сала/12:00)

Скопје - Под слоганот „Летаме заедно“ ќе се одржи шестото издание на Меѓународниот фестивал за илустрација и литература за деца. (Младински културен центар)

Скопје - Отворање на Неделата на франкофонски филм со проекцијата на швајцарскиот филм „Блех-музика“, на режисерот Франсоа-Кристоф Марзал. (Кинотека на Северна Македонија/20:00)

 

________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан