• четврток, 11 април 2024
МИА Најави МКД

16 февруари 2023

Скопје - Претседателот на Собранието Талат Џафери во официјална посета на Република Словенија

Скопје – Седница на Собранието на Република Северна Македонија. (сала „Македонија“/ 11:00)

Скопје – Претседателката на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедници Соња Мираковска и членовите на Комисијата ќе се сретнат со Комитетот за политички систем, правосудство и управа на Црна Гора.  (сала на Уставна комисија/ 10:00 – 10:45)

Скопје – Клубот за младински прашања и политики ќе се сретне со претставници од Американската амбасада. (Сала 5/ 11:00)

Скопје – Претседателката на собраниската Комисија за локална самоуправа Ане Лашкоска и членовите на Комисијата ќе се сретнат со Комитетот за политички систем, правосудство и управа на Црна Гора.  (сала на Уставна комисија/ 10:50 – 11:35)

Скопје – Премиерот Димитар Ковачевски, заедно со министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска и директорот на Канцеларијата на Светска Банка за Северна Македонија и Косово, Масимилиано Паолучи ќе присуствуваат на официјално отворање на детската градинка „Сонце“ во Волково. (10:00) 

Скопје – Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ќе оствари посета на реновираната кујна на Единицата за брзо распоредување  во Полицискиот центар „Ѓорче Петров“. (11:00, по заедничкиот ручек изјава за медиумите ќе даде министерот Оливер Спасовски)

Скопје – Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски ќе присуствува на отворањето на новата детска градинка „Сонце“ во Волково. (10:00)

Скопје – Општина Кисела Вода организира Информативна сесија по повод стратегијата за развој на културата и културното образование. (Дом на културата „Билјана Беличанец“/ 10:45)

Прилеп – Промоција на книгата Светиклиментовото кандило гордо светеше во рацете на г. г. Ангелариј (Документи, наводи и коментари) од д-р Бранко Стојановски. (Градска библиотека „Борка Талески“/ 17:00)

Скопје – Оркестарот на Македонската филхармонија ќе го одржи традиционалниот концерт „Севда“ по повод Денот на вљубените. (Македонска филхармонија/ 20:00)

Скопје – Презентација на проектот „Човеколики неволји“ на уметницата Ивана Мирчевска. (КСП Центар – Јадро/ 20:00)

___________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан