• среда, 01 мај 2024
МИА Најави МКД

22  март 2023 

Скопје - Собранието на Р.Северна Македонија ќе ја одржи 106-тата седница. (Сала „Македонија“/12:00)

Скопје - Седница на Законодавно правната комисија. (Сала 6/14:00)

Скопје - Претседателот на Собранието, Талат Џафери ќе одржи средба со специјалниот претставник на Министерството за надворешни работи на Романија за Западен Балкан,Адриан Давидоиу. (Собрание на РСМ, Стар кабинет/10:00)

Скопје - Консултативен настан на Клубот за младински прашања и политики. (Сала на Уставна комисија/11:00)

Скопје - Заменик на претседателот на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ, министерот за финансии Фатмир Бесими, министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова, евроамбасадорот Дејвид Гир и заменик претседателката на ЕИБ Лилјана Павлова ќе се обратат по повод потпишување Договор за грант од ЕУ со ЕИБ за пречистителна станица за отпадни води во Скопје. (Клуб на пратеници/12:00, пристигнување на медиумите/11:45)

Скопје - Средното училиште СУГС „Браќа Миладиновци“, Скопје, по повод Светскиот ден на водата, организира отворен ден на училиштето, во чии рамки ќе бидат прогласени победниците од ликовно-литературниот конкурс „Водата ве води во средно“. (СУГС „Браќа Миладиновци“/12:00)

Скопје - Работилница по повод Светскиот ден на водата – 22 март „Мотивирај промена“ во организација на Технолошко-металуршки факултет Универзитет „Св.Кирил и Методиј“. (Технолошко-металуршки факултет во Скопје, УКИМ, амфитеатар/11:00)   

Тетово - Градоначалници на општини од Албанија и Косово ќе ја посетат Општина Тетово. (Простории на Општина Тетово/11:00)

Скопје - Прес-конференција на Видеолотарија Касинос Австрија. (Простории на Видеолотарија Касинос Австрија, булевар Киро Глигоров број 2, во премиум зградата Мерцедес, кат 2/13:00)

Гостивар - Свечено прогласување на Ерион Велиај за почесен граѓанин на Гостивар. (во дворот на Општина Гостивар/17:00)
 
Куманово - Започнување на Националната турнеја на проектот „Простор за разговор“- "Dancing (Talking)Table" со дискусија за родовото насилство меѓу младите (Простории на ОСТУ „Наце Буѓони“) и презентација на уметничкиот перформанс и проекција на филмот „Простор за разговор“. (Дом на културата)
 
Скопје - Промоција на книгата „ЗРАЦИ“ од Михаил Ренџов. (Литературно кафе „Метаноја“, Максим Горки 19/12:00)
 
Скопје - Премиерна проекција на краткометражниот игран филм „Дали си маж“ креација на еминентниот македонски режисер Ѓорче Ставрески, а во продукција на Минимал Колектив. (City Mall, Кино Cineplexx, сала 8/20:30)
 

______________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан