• вторник, 07 мај 2024
МИА Најави МКД

14 ноември 2023

Скопје - Седница на Анкетната комисија за случајот во Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија. (Собрание, Сала 5/11:00)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата. (Собрание, Сала 4/12:30)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за транспорт, врски и екологија. (Собрание, сала „Борис Трајковски“/11:00)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за европски прашања. (Собрание, Сала 6/11:00)

Скопје - Работна посета на претседателот на Народното собрание на Република Бугарија, Росен Желјасков:

- средба со претседателот на Собранието, Талат Џафери. (Собрание, сала Длаборез/11:30-12:15)

-Изјави за медиуми на претседателот на Собранието, Талат Џафери и претседателот на Народното собрание на Република Бугарија, Росен Желјасков. (Хол на портрет/12:15-12:30)

Скопје - Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи, Бујар Османи ќе ја отвори конференцијата за млади на тема „Младински иновации и претприемништво: создавање одржлива иднина во регионот на ОБСЕ“. (Едукативен центар М6/9:00)

Скопје - Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска ќе ја отвори изложбата „Сребрена Тракија“, која е резултат на врвната професионална соработка меѓу македонскиот Археолошки музеј и Националниот археолошки институт со музеј при Бугарската академија на науките во Софија на која свои обраќања ќе имаат и претседателите на македонското и на бугарското Собрание, Талат Џафери и Росен Димитров Жељазков, министерот за култура на Бугарија, Крастју Крастев, како и директорите на двете музејски институции кои се организатори на изложбата, Славица Бабамова и Христо Попов. (Археолошки музеј/13:00, изјави за медиуми 10 минути пред почетокот на настанот)

Скопје - Министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска, директорката на Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) за Европа и Евроазија, и амбасадорката Ерин Е. МекКи ќе присуствуваат на одбележувањето на официјалниот почеток на Активноста на УСАИД. (Netaville/12:00, изјави за медиуми)

Струмица - Претседателка на Државна комисија за спречување на корупција (ДКСК) Билјана Ивановска ќе се обрати на предавањето Кампања за борба против корупцијата во основните училишта „Бидете херои на чесноста“. (ООУ „Кирил и Методиј“ с. Дабиље, изјави за медиумите10:30)

Скопје - Седница на Уставен суд. (Уставен суд/9:30) 

Скопје - Отворање на 6. Годишна конференција за е-трговија.(Национална опера и балет/9:00, изјави за медиуми во фојае на НОБ/8:40)   

Скопје - Форум под мотото „Соочени со предизвиците на Дијабетесот во  Македонија - дејствуваме пред да стане непоправливо по повод Одбележување на 14 Ноември - Светскиот ден на дијабетесот во Република Македонија, а во организација на Сојуз на Здруженија на Дијабетичари. (х.„Континентал“/10:30)

Битола - Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, во соработка со Институтот за духовно и културно наследство на Албанците и Државниот ансамбл на албански народни песни и ора во Република Северна Македонија го организираат петтото издание на Културно-научната манифестација „Денови на Албанската азбука“.

Скопје - Претседателот на МАНУ, Љупчо Коцарев, г.г.Стефан архиепископ охридски и македонски и на Јустинијана Прва и доп. Член Сашо Цветковски ИЦКН „Цветан Грозданов при МАНУ ќе ја отворат изложбата „Од уметничкото наследство на Дебарско-мијачките зографи“. (МАНУ, Ликовен салон/18:30) 

Скопје - Прес-конференцијата на Европскиот Сојуз за Промена. (Пред Собрание на Северна Македонија/13:00)

Битола - Муизчко-сценски перформанс „Парови“ по повод денот на формирањето на НУ Народен театар-Битола. (Народен театар, сцена „Благој Стефановски-Баге“/20:00)

Скопје - Отворање изложба на слики насловена „Симболи“ од авторот Љупчо Бојаров. (ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“, галеријата „КО-РА“, голем салон/19:00)

Букурешт - Отворање на изложбата „Над црното" на Мице Јанкуловски. (Галерија "Галатека"/19:00)

Скопје - Мандолинскиот оркестар „Скопје“ под диригентска палка на Рамадан и Ерхан Шукри ќе го одржи својот годишен концерт. (Музеј на македонската борба/20:00)

___________________________________________________________ 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Тагови

Остани поврзан