• недела, 22 декември 2024

МИА Најави МКД

МИА Најави МКД

29 февруари 2024 

Скопје - Собранието на Република Северна Македонија ќе ја одржи 145-тата седница. (Сала „Македонија“/12:00)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за образование, наука и спорт. (Сала 4/11:00)

Скопје - Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески ќе одржи средба со амбасадорот на Република Бугарија, Ангел Ангелов. (Стар кабинет/11:00)

Скопје - Вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска, претседателката на Инспекцискиот совет, Даниела Рендевска, директорката на Државниот инспекторат за труд, Весна Томовска и директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Рената Младеновска ќе одржат средба со новинари на која ќе информираат за напредокот и ефектите од воспоставувањето на Информацискиот систем за инспекциски надзор, Е-инспектор. (Инспекциски совет, ул. „Даме Груев“ бр. 3, блок 2, локал 5/10:00)

Струмица - Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски во посета на на општина Струмица:

- увид во реконструкција на ул. „Братство и Единство“ (11:00)

- увид во изгрaдба на комунален систем во населеното место Градско Балдовци. (11:30, изјави за медиуми)

-средба со транспортери и превозници од регионот. (Дом на културата/13:30, изјави за медиуми)

Скопје - Прес-конференција на претседателот на Регулаторна комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија, Марко Бислимоски. (простории на РКЕ/11:30)

Скопје - Конференција на тема „Дигитализацијата и сајбер безбедноста: Сегашноста и иднината на учениците" во организација на Аналитика тинк-тенк. (х. Хилтон“/11:00, изјави за медиуми/10:45)

Скопје - Меѓународен симпозиум „Медиумската писменост во доба на вештачката интелигенција: Проширување на границите на возможното“ во организација на тимот на Проект на УСАИД за медиумска писменост „Младите размислуваат“. (х.„Лимак“/09:30)

Скопје - Панел дискусија во организација на Националната алијанса за ретки болести на Македонија-НАРБМ по повод одбележувањето на Денот на ретки болести. (Граѓански ресурсен центар/10:00, изјави за медиуми/09:50)

Битола - Потпишување меморандум за соработка меѓу Универзитет „Св. Климент Охридски“-Битола и Академијата за национална сигурност-Софија. (Ректорат/12:00)

Битола - Прес-конференција за премиера на претставата „Хамлет – денот на убиствата“. (Народен театар/10:00)

Скопје - Отворање на изложбата „Симбиоза" на Бојан Ковски. (Музеј на Град Скопје/20:00)

Скопје - Концерт на белградската џез група Fish in Oil. (Јавна соба)

_______________________________________________________________________________________________

МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини.

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан